Не знам точно за каде е прашањево, ама ајде, ќе го ставам во 2 теми, па се надевам дека некој ќе може да ми помогне.
Ситуацијата е следна:
Имам кабловски интернет од Телекабел, модем од кај нив(со само еден слот за Ethernet кабел) + јас си имам купено рутер за WiFi. До сега не сум имал проблем ниту со рутерот, ниту со модемот.
Од оваа недела работам од дома и за потребите на работата морам да користам VOIP Phone со чешки број.
Проблемот е што кога ќе го поврзам телефонот со рутерот со Ethernet кабел, не може да воспостави конекција...Пробав во сите три слотови во рутерот, не сака.
Кога го поврзувам телефонот директно во модемот, нема никаков проблем, секундарно си воспоставува конекција.
Бидејќи модемот има само еден слот за Ethernet кабел, практично од 9-17 часот, додека работам, мора да ми биде поврзан телефонот, и не можам да го користам рутерот, со тоа и ви фи.
Се јавив во продавницата од каде што го земав рутерот, ми рекоа дека не можат да ми помогнат, бидејќи немаат техничка поддршка, исто така и колега што работи ИТ проба да ме оправи преку TeamViewer чепкаше нешто со ИП адресата, не успеа...
Што би можел да направам? Дали треба нешто во самиот телефон да се подеси? Има некое мени со опции како Network, IP адреса и слично...Или дали може со некој сплитер да се направи нешто?
Модели:
Yealink T21 Е2 - Телефонот
Motorola SBV5121E - Модемот
Tenda N300 F3 - Рутерот
Фала однапред!