Фала ти за одговорот.
Во врска со првата опција, имаш да ми препорачаш некој туторијал или нешто слично, каде што можам да видам како се прави тоа?
Во врска со втората опција, свич е исто што и обичен сплитер? Или треба конкретно свич да барам?
За првата опција еве
туториал за цел рутер. Тебе ти треба менито
Port Forwarding, таму треба да внесеш ИП на телефонот (пред тоа треба да му зададеш фиксна ИП адреса на самиот телефон, преку неговото мени) и потоа во рутер да ја внесеш ИП-то на телефонот и порт range-от што треба да биде отворен UDP Port од 5060 до 5082 за SIP протокол.
Ако ти е оваа опција покомплицирана, јави се прво во телекабел и прашај дали имаш право на 3 ИП адреси и наведи им го примерот што ти го давам за дополнителен свич.
За свич еве нешто ефтино што ќе ти врши работа -
линк. Во суштина ЛАН кабелот што излегува од модем треба да го поврзеш на порта на свичот, а од свичот да излегуваат два кабли, еден према телефон, друг према рутер (кај овој тип на свичови нема значење кој кабел на која порта е ставен). На овој начин рутерот ќе користи една ИП адреса, а телефонот друга (употребени би биле 2/3 ИП од телекабел) со што независно ќе работи рутерот од телефонот.