Здраво.
Имам еден проблем. Не знам дали е за овде, ама мислам дека е најдобро тука да прашам.
Имам постар буџет лаптоп без блутут. Лаптопот си работи супер. 4 години е стар, ама не сум имал никаков проблем воопшто до сега. Го купив со инсталиран windows 10. Интересно, батеријата сеуште е на некои 80 %.
Неодамна пред некој месец купив блутут адаптер и безжично глувче од Anhoch. Па сега имам 2 работи нонстоп приклучени на усб. Блутутот адаптерот го користам најмногу за блутут слушалки, а другото адаптерче си е за маусот. Откако почнав да ги користам, видов многу олеснување во работата, АМА понекогаш се случува да се блокира лаптопот. Во сите случаи додека гледам видео, било на јутуб, било на лаптоп (најчесто користам VLC плеер). Понекогаш само ќе се одблокира за неколку минути, а почесто јас мора да реагирам и да го исклучам лаптопот. Маусот можам да го движам, курсорот работи, но на што и да кликнам не реагира. И така седи. Пред некој ден во еден ден 3 пати се блокира едно по друго. И прв пат ми излезе син екран на кој пишуваше: Stop code Driver power state failure. И сега слушалките ги користам со кабел веќе 2 дена, а маусот пак истиот безжичниот. И немам воопшто проблем.
На интернет прочитав нешто демек се поклопуваат фреквенциите на двата уреди и доаѓа до блокирање на едниот.
Некој совет или некој да го имал истиот проблем ?
Фала многу
П.с. И другар ми го има истиот проблем. Исто и тој користи блутут слушалки и безжично глувче. Ама тој има вграден блутут во лаптопот, ако нешто менува.