Ryan Giggs
tearing you apart since 1991
- Член од
- 27 мај 2009
- Мислења
- 11.452
- Поени од реакции
- 20.207
Доколку катастарската парцела ти е надвор од градежен опфат, одма нема да можеш да побараш градежна дозвола. Доколку ептен те фака око локацијата и си решен да инвестираш, додади на тоа уште пар 2-3к евра за да реализираш градежна парцела. Ќе си најдеш некој планер да ти направи ЛУПД (локално урбанистичка планска документација), паралелно ќе водиш постапка за пренамена на земјиште од земјоделско во градежно (министерство). После тоа ќе се разработи градежната парцела со АУП (архитектонски урбанистички проект), и воала добиваш градежна парцела на која може да побараш одобрение за градење од соодветната општина. Целата постапка ќе ти одземе дополнителни 6 месеци ( во најдоабр случај ако имаш врски) + 3 месеци додека добиеш градежна дозвола .Здраво дечки.
Преговарам за еден плац (се води како нива) кој се наоѓа во вонградска зона. Во општина Гази Баба моментално не можам да добијам информации зошто делот за урбанизам нема да работи наредни 2-3 недели поради некој заразен од корона, па си реков тука да прашам и плус за искуство доколку има некој. Во тој предел има 3 куќи кои се постојано живеалиште и околу 10 кои служат како викендици. Од тоа што разбрав, тој дел не е влезен во ДУП-от на општината, но дел од куќите кои се таму се легализирани. Прво што ми иде на ум е дека можеби биле дивоградби, па потоа ги легализирале со проектот кој постоеше за легализација по 1е м2.
Ме интересира дали доколку го купам плацот има шанси да добијам дозвола за градба. Да речеме и дека навистина не е влезен во ДУП-от (кога ќе проработи секторот ќе одам и ќе побарам документ), дали постои шанса да се додаде и потоа да добијам дозвола, исто и колку би траел тој процец отприлика?
Би ви бил благодарен за било кој совет од вас. Поздрав
п.с. Целата постапка се води електронски преку е-урбанизам и градежна дозвола
Автоматски споено мислење:
Комуналии во градско подрачје се движат од 80-100 евра за м2. Доколку имаш постоечки објект и доколку истиот се поклопува со површината за градба ( тоа ќе видиш од извод од урбанистички план ) ќе ти се одбие соодветната квадратура за она што ти се поклопува, а доколку не се поклопува или делумно се покоопува, плаќаш фул сума или не плаќаш само за оној дел кој се поклопува со површината за градење.Здраво друштво
Дали некој знае колку се комуналии на m2 кај Санте плус - Ѓорче?
Дали доколку на постоечки стара куќа од 100 m2 се сруши може да се изгради исто толкава квадратура но во друга форма?
И дали за истите треба да платам комуналии како воопшто да немало куќа?
Благодарам однапред.
Последно уредено: