Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.066
- Поени од реакции
- 3.212
Чекај ти немаш плац сега? Јас мислев дека веќе имаш, но не е битно.Квадратурата мора да е околу 170 по спрат(2стана 130-40 квадрати и треба ходник нели скали лифт ова она)
50к материјалот,работна рака нз како оди што со фирма 30% ? не те сватив баш.На што 30%?
Па треба површина плац, ко сигурно ќе оди околку 40-50 000евра минимум.
Стан би одело 600-700е квадрат ваљда.
4 станови ти се минимум 250квадрати или 160-180 000евра.
Е сеа не сум толку стручен затоа овде прашав,колкав би бил профитот.
Вака сега лифт за куќа од приземје и 2 спрата не ти треба, скали нормално дека ти требаат,
потоа треба да видеш во урбанистички план колку големи се предвидени куќите, ти велиш до некој 170м2, ама такво нешто тешко дека имаш предвидено, знам дека има предвидено куќи околу 130м2 и затоа помислив дека веќе имаш плац и знаеш одприлика колкава ти е градбата.
Значи прва работа најди плац, распрашај се за цената, прашај колкав обијект е планирано,
јас ти кажав одприлика колку би те фатило да си го купиш материјалот за таа квадратура, но според нашите закони ти не смееш да градиш, туку мора да биде фирма, а таа фирма сигурно ќе земе +30%, нема да ти работи за џабе.
За да ги дознаеш точните трошоци потребен ти е проект од некое архитектонско биро, имаат разни цени, ама нема да поминеш под 2000е сигурно,
таму во проектот ти пишува се, колку железо, колку бетон, колку ова, колку она.... и според тоа некоја градежна фирма ти дава понуда,
потоа ти кажав дека приклучок од ЕВН беше 500е, сега можеби го качиле незнам, а на тебе ќе ти требаат онолку олку ќе имаш различни стана, исто е и за вода и тие ќе ти земат најмалку по 100е,
ќе имаш и уште неколку административни поситни трошоци, частовки и сл.
Значи според тоа што ти го кажав седни и пресметај поточно. но во секој случај и при цена од 500е ти би требало да генерираш заработка од 100е, а за точно дигитрон во рака и детално пресметување, оти на форумот никој не може да ти пресмета до евро.