Помош - сакам да градам!

Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Мене тоа ми е ептен тазе, па би можел да те советувам:
1. Најпрво ти треба имотен лист за градежната парцела. Тоа мораш сам да го извадиш од Агенција за катастар. (EDIT: Дури сега видов дека имаш, што значи не е проблем.)
2. Со имотниот лист одиш во Општина од каде вадиш Извод од план со општи урбанистичко-архитектонски податоци (по старо - маркица), каде се дефинира максимално дозволената површина за градење (во хоризонтала и вертикала), плус и се дефинира која документација ќе ти биде потребна за да добиеш Одобрение за градба
3. Од ЈП Водовод со копија од изводот од план и уплата од 3500 денари за објект под 400м2 или 7500 за објект над 400м2 се вадат Хидротехнички услови.
4. Се наредно, до добивање на Одобрение за градба по ново си го брка проектантот кој ќе го избереш, затоа што од скоро, целата документација за добивање на Одобрение за градба се вади по електронски пат, преку проектантските бироа, со што се елиминира непотребното трчање од Општина до Катастар и обратно. Значи: бираш проектант кој треба да ти направи
-Идеен проект, и да го прати во Општина по електронски пат, од каде по добиената потврда дека е се ОК, проектантот праќа во Општина:
-Основен проект (архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа), заедно со Изводот од план (маркицата) и Хидротехничките услови.
-Ако е објектот над 300м2, освен архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа потребна е и ревизија на сите 3 проекти.
5. Се чека општината да го процесира барањето за Одобрение за градба, по што - кога архитектот го добие назад Одобрението за градба во електронска форма, ти го дава тебе, и можеш слободно да градиш.

Знам, комплицирано е, треба многу трчање, ама тоа е тоа. Јас се уште го чекам Одобрението за градба од Општина, ама се надевам за скоро време дека ќе биде. ;)
Фала другар, а кажи ми во општина ми рекоа дека тој дел на с.двор уште нема ДУП, и ми викаат неможам да градам.... има ли тука некое бекап решение? да почнам да градам па после да бркам тоа или не е како порано?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184

Уф, не знам за ова. Јас градам во Волково, и се е ОК, градежната парцела е влезена во ДУП. Стопански Двор е пред Волково, не знам зошто нема ДУП? Ти можеш и од после да ги правиш сите овие работи, ама што ако ти дојде инспекција? Затоа не знам што да те советувам.
 
Ok фала, а кажи ми што квадратура градиш ако не е тајна, јас нешто се распрашував ама многу различни цени ми кажуваат. Имаш ли ти израчунато нешто?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ok фала, а кажи ми што квадратура градиш ако не е тајна, јас нешто се распрашував ама многу различни цени ми кажуваат. Имаш ли ти израчунато нешто?
104 m2 станбена површина - куќата е на два ката. Цените на материјалите ги знам, онака, грубо. Инаку, немам сметано колку ќе ме чини се.
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
104 m2 станбена површина - куќата е на два ката. Цените на материјалите ги знам, онака, грубо. Инаку, немам сметано колку ќе ме чини се.
Аха, јас нешто слично планирам, подрум,спрат (60-ина м2) и поткровје (70-ина м2). Е сега доколку ги знаеш цените на матријалите, можеш ли од прилика да ми кажеш колки би ме фатило, со стандард матријали, обични мајстори, без предузимачи...
многу различни цени слушам...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Аха, јас нешто слично планирам, подрум,спрат (60-ина м2) и поткровје (70-ина м2). Е сега доколку ги знаеш цените на матријалите, можеш ли од прилика да ми кажеш колки би ме фатило, со стандард матријали, обични мајстори, без предузимачи...
многу различни цени слушам...
НЕ можеш на своја рака да градиш.Мораш да имаш инвеститор во случајов ти изведувач,проектант,надзорник и најважно од се ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА
Без овие работи не ни помислувај да доградуваш или надградуваш
--- надополнето: 6 декември 2013 во 00:12 ---
Мене тоа ми е ептен тазе, па би можел да те советувам:
1. Најпрво ти треба имотен лист за градежната парцела. Тоа мораш сам да го извадиш од Агенција за катастар. (EDIT: Дури сега видов дека имаш, што значи не е проблем.)
2. Со имотниот лист одиш во Општина од каде вадиш Извод од план со општи урбанистичко-архитектонски податоци (по старо - маркица), каде се дефинира максимално дозволената површина за градење (во хоризонтала и вертикала), плус и се дефинира која документација ќе ти биде потребна за да добиеш Одобрение за градба
3. Од ЈП Водовод со копија од изводот од план и уплата од 3500 денари за објект под 400м2 или 7500 за објект над 400м2 се вадат Хидротехнички услови.
4. Се наредно, до добивање на Одобрение за градба по ново си го брка проектантот кој ќе го избереш, затоа што од скоро, целата документација за добивање на Одобрение за градба се вади по електронски пат, преку проектантските бироа, со што се елиминира непотребното трчање од Општина до Катастар и обратно. Значи: бираш проектант кој треба да ти направи
-Идеен проект, и да го прати во Општина по електронски пат, од каде по добиената потврда дека е се ОК, проектантот праќа во Општина:
-Основен проект (архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа), заедно со Изводот од план (маркицата) и Хидротехничките услови.
-Ако е објектот над 300м2, освен архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа потребна е и ревизија на сите 3 проекти.
5. Се чека општината да го процесира барањето за Одобрение за градба, по што - кога архитектот го добие назад Одобрението за градба во електронска форма, ти го дава тебе, и можеш слободно да градиш.

Знам, комплицирано е, треба многу трчање, ама тоа е тоа. Јас се уште го чекам Одобрението за градба од Општина, ама се надевам за скоро време дека ќе биде. ;)
Ако во рок од две недели не добиеш одговор можеш без проблем да почнеш да градиш
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Знае ли некој која е процедурата за трансформација на земјиште од нива во градежно земјиште?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Нешто што ме интересира.......... кај сите стари градби ( повеќе од 100 години) меѓу циглите или камењата се ставало гасена вар, а во денешно време се користи малтер (или што и да е тоа)......... Па моето прашање е.... дали гасената вар или малтерот е појак, подолготраен и поквалитетен?
:)
 
Мислиш на малтер кој се прави со усјемал и песок? Зошто татко ми работи во градежна фирма, и они не користат усјемал воопшто и во денешно време. Работат со гасена вар, и прават малтер со гасена вар, цемент и песок.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Мислиш на малтер кој се прави со усјемал и песок? Зошто татко ми работи во градежна фирма, и они не користат усјемал воопшто и во денешно време. Работат со гасена вар, и прават малтер со гасена вар, цемент и песок.
Прашањето ми беше....... пример кај сите стари цркви камењата и циглите (од sидовите) се лепени со гасена вар..... дали гасената вар е поквалитетна и подолготрајна од денешниот малтер кој служи за истата работа? :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Прашањето ми беше....... пример кај сите стари цркви камењата и циглите (од sидовите) се лепени со гасена вар..... дали гасената вар е поквалитетна и подолготрајна од денешниот малтер кој служи за истата работа? :)
да квалиетно е тоа а зошто денес не се прави - не знам дали малтерот сега е уште поквалитетен или гасената вар поскапа - то треба некој кој се занимава со градежништво да ти каже
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664

Како иде цената не знам, но за квалитет не се разликуваат значително, денеска циментот е главната состојка, покрај песокот, а варот или усјемалот е само додавка за да и се даде на малтерот лепливост, иначе не добиваат сила воопшто од варот или услемалот, ако си добар мајстор не ти треба ни усјемал ни вар;)....
--- надополнето: 11 декември 2013 во 18:27 ---
Добра изолација за бродски контејнери?
Што треба да носи контејнерот?
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.288
Поени од реакции
4.664
Ништо. Прашувам за да го искористам за изградба на објект.
За изолација на објекти се употребуваат:
Полистиренот(стиропорот) најмногу сеупотребува за изолирање на објекти...не е толку траен тоа е единствена мета....

Стаклените влакна - многу потрајни и добри изолатори, но треба посбна конструкција за да се носи... се монтираат и во сендвич системи но не се препорачува затоа што се појавуваат премногу термички мостови...
камени влакна- имаа слични особини со стаклените влакна..

Силкапор- се монтираат наместо циглите или додатно како двоен ѕид...

--- надополнето: 11 декември 2013 во 19:30 ---
И изборот за материјал за изолација директно е повзран со формата и дизајнот на екстериерот на објектот ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom