Помош - сакам да градам!

Член од
12 декември 2010
Мислења
9.878
Поени од реакции
10.496
Здраво екипа
Нуб сум на форумов, глеам споделувате инфо за градење, па да ве прашам:

Сакам да дигам спрат, колку би ме коштала квалитетна карабина од околу 130m2 (се околу изградбата, без дозволи и такви чуда) ?

Фала на сите
Имаш плоча или сега ке ставаш?
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
200 еури од м2 нека те фане, да ти гради фирма. Плус минус тие се цените.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.898
Поени од реакции
1.728
Нема плоча, ќе треба да се става.
1/Бетонски работи...шаловање и бетонирање на темелна плоча цм ,
..Ш и Б на цокле
..Ш и Б на подна плоча и Х против влага
...Ш и Б столбови ,носачи ,парапети и црклажи
2/ Армирачки работи
3/Sидарски работи надвор з и внатрешни з
4/кровопокривачки работи....шо како,олуци,лимарски работи,снегобрани ти реков ми рече
5/бетонски работи на кошуљица...
6/гипсени работи.....
7/ малтерисвење и мољерај комплет
8 фасада
изработка стреи
....
керамички работи
хидроизолатарски работи
греење?
гледај да најдиш добра фирма не по 2 шо работет.....карабина се прајт од 3 недели до 8 макс
со среќа
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.878
Поени од реакции
10.496
Нема плоча, ќе треба да се става.
Мене 120м2 карабина со рамен кров (панел од 5см) ме фати 28.500евра, со се мајстори.
Плочата ми е од стиропорни монти малку поскапи се од обичните, арматура се ми е 12 и 16ка и отиде околу 5 тона, ама ова забиси дали ти ке вадиш столбови на веќе постоечкиот објект, јас несакав да ми се копа внатре па така имам распон на греди од 7,5метра
 
Член од
2 април 2024
Мислења
3
Поени од реакции
0

Искрено, не се разбирам премногу во делов со градење карабина, ама мислам дека ќе има потреба од надворешни столбови, секако доколку нема некој компромис, наместо столб, нешто друго
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.878
Поени од реакции
10.496
Искрено, не се разбирам премногу во делов со градење карабина, ама мислам дека ќе има потреба од надворешни столбови, секако доколку нема некој компромис, наместо столб, нешто друго
Затоа ти треба проект со статика со се зашто мајстори ко мајстори на се се нафаќаат а старата градба штом нема плоча значи не е предвидена да носи спрат што значи треба стопи и столбови плус ги врзуваат и доле со темели столбовите за да спречат ширење при ерозија и земјотреси
Види ако си спремен да фрлиш едно 60к евра за спратот ондак одвој уште 1500е за проект + комуналии во зависност кадет градиш ама барем си раат и од безбедност и од впишување на спратот во имотен лист
Што и да одлучиш со среќа нека ти е а богами и трпение ке ти треба :D
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.613
Поени од реакции
10.232
јас несакав да ми се копа внатре па така имам распон на греди од 7,5метра
:eek:
(знам дека е лесно возможно, ама и носечките стубови и гредите треба машала проектирани и изведени да се за ова.. па уште и велиш надградба е, па претпоставувам на веќе постоечки столбови се наддавани!?)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.878
Поени од реакции
10.496
:eek:
(знам дека е лесно возможно, ама и носечките стубови и гредите треба машала проектирани и изведени да се за ова.. па уште и велиш надградба е, па претпоставувам на веќе постоечки столбови се наддавани!?)
Не бе друже какво наддавано се од ново од надвор, столбовите 40х40 ми се :D Дефакто можам старата да ја турнам сега ако сакам
Искрено и претерано е ама за себе кога правиш не жалиш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom