Помош - сакам да градам!

Член од
5 ноември 2012
Мислења
1.904
Поени од реакции
4.051
Здраво дечки,

Не знам дали темава е најсоодветна за моево прашање, но не успеав да најдам посоодветна на форумов.

Сакам да ставам кујна во викендичка што ја имаме, не ми треба ништо комплицирано или скапо, и бидејќи не ми е за дома и не ми е многу битно да биде изработена перфектно, би сакал сам да си ја изработам (ем ќе научам ем ќе заштедам).

Е сега гледав туторијали по интернет, не изгледа нешто комплицирано, меѓутоа ќе ми треба некоја програма/софтвер кајшто ќе можам да ја исцртам и да ми генерира кројна листа којашто ќе можам да ја дадам на фирмите што продаваат сечени плочи (како солопром или про дизајн). Ги контактирав не знаеја да ми посочат, видов еден Хрватски софтвер "Корпус РЦ" дека бил доста добар но не успеав да најдам бесплатна верзија (ниту кракувана).

Ако има некој поупатен ако би можел да сподели како/каде да најдам такив софтвер би бил многу благодарен.
Baraj go OPTIMIK
Ke ti treba 15-20 min da go naucis
 
Член од
28 февруари 2014
Мислења
87
Поени од реакции
1
Здраво, планирам да глетувам надградба, имам за малтарење на пола од 190 м2 и глетување 190 м2.Ако некој знае да ми одговори отприлика колку би ме коштало вкупно материјал за глетување на 190 м2? Благодарам Поздрав

Нема никој???
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Нема никој???
За материјалите бате во стовариште, ама ни сами тие цените не ги знаат моментално, многу варираат....ако си во охридско струшки регион можиме понуда да ти дадеме за работна рака.
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
557
Поени од реакции
804
Ytong или обична цигла? предност недостатоци некој има искуство?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.609
Поени од реакции
8.186
Зависи од која фабрика е Ytong, косовскиот и бугарскиот е туч тежок и јас кога одлучував со што да градам заради тоа се откажав. Колегата си увезе камион од Србија супер беше.
Предности е што ако најдеш саглам мајстор, нема да ти треба изолација на фасадата и има супер изолациони својства, ке се грееш и ладиш далеку поефтино. Ако градите по прописи се избегнуваат термички мостови и слични зезанции, полесно се мести инсталација и слично. Не знам колку ги има сите елементи( греди, натпрозорници, ќошиња) во Мк и дали има мајстори што разбираат да работат со него. Инаку е како слагалица, ако е мал објект можеш и сам со помош на еден двајца да си го направиш објектот. Пред 9 години пресметката на карабината ми излегуваше 30+% поскапо со него.
Братучед во Германија има исто од Ytong, он е супер задоволен.
Цигла, тука класика си треба 7-10 цм изолација на фасада, другото е мање више све исто. Плус е малтерисувањето, кај Ytong от ќе пројдеш со глетување.
Нема еднозначен одговор, секој материјал има минуси и плусеви.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.377
Поени од реакции
2.520
Ytong или обична цигла? предност недостатоци некој има искуство?
јутонг ти е во пракса сипорекс блок. зависи што сакаш да градиш и колкав џеб имаш. Кај јутонгот имаш разни димензии на самите блокови секако и тој се ѕида со посебен лепак а не со малтер (можеш и со лепак за плочки во краен случај), како што ти кажаа погоре има одлични својства за изолација НО внимавај -* има различни густини на јутонгот, за надворешни ѕидови се зема со појака густина за преградни ѕидови со помала, ѕидањето е мн побрзо и по лесно а за разлика од обична цигла ти е малку повеќе скапичко. - од внатрешна страна до сега кај што сум гледал и работел се малтериса секако а од надворешна страна сепак се тава изолација. другите инсталации што поминуваат низ куќата/станот се многу лесни за поставување без разлика дали се кабли цевки каналници и или што и да одлучиш.
 

Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
557
Поени од реакции
804
куќа до 90м2 искорислив простор, без подрум без потркорвје, се мислам термо блок плус изолација внатрешна, или јутонг.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.520
Поени од реакции
1.377
Decki da ne znae nekoj cena na armatura 12ka? Gledam u rojal invest 540den demek 12m, ali u lokalno stovariste na mojte im kazale 600den za 4m.
 

meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
6.897
Поени од реакции
889
Дали имате искуство со ламимат? Која е разликата и како се одредуваат класите?
Што значи 33cl. Еве на пример во Ритам трејд гледам убав ламинат, за солидни цени.
Или попаметно е да се земе 8ка повисок квалитет? (доколку овој е понизок)
Screenshot_20220304-173200.png Screenshot_20220304-173200.png
 
Член од
19 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
9
Decki da ne znae nekoj cena na armatura 12ka? Gledam u rojal invest 540den demek 12m, ali u lokalno stovariste na mojte im kazale 600den za 4m.
ноември 2020 ф 12ка сум платила 330 денари за 12м
пред некој ден платив 600 ден за 12метра и тоа по стара цена
сега е повеке
земав 1000м арматура за 800 е а сега по најновата цена ми израчунаа 1300 е
Инаку ко за сефте да си пишам
моментално градам кука на еден кат 10на 11 внатрешен дел станбен
со терраси вкупно изпага 15 на 14м
моментално се спремаме за плоча и пуштање на тераси 60кв со бетонски стреи
Автоматски споено мислење:

download.jpg

еве го моделот по кој одиме со мали измени
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2011
Мислења
551
Поени од реакции
1.449
ноември 2020 ф 12ка сум платила 330 денари за 12м
пред некој ден платив 600 ден за 12метра и тоа по стара цена
сега е повеке
земав 1000м арматура за 800 е а сега по најновата цена ми израчунаа 1300 е
Инаку ко за сефте да си пишам
моментално градам кука на еден кат 10на 11 внатрешен дел станбен
со терраси вкупно изпага 15 на 14м
моментално се спремаме за плоча и пуштање на тераси 60кв со бетонски стреи
Автоматски споено мислење:

Прегледај го приврзокот 325635

еве го моделот по кој одиме со мали измени
Со среќа нека е.

Ако водите евиденција не е лошо да кажеш цена на изградбата подетално, како на пример комуналии, мајстори работна рака, материјали, ...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom