Kompjuterot nesaka da mi se pusti, kako da proveram dali e maticnata crknata ili napojuvanjeto
Ако не пали напојувањето (не завртува кулерот).
Селски но функционално, откачи ги сите конектори од напојувањето во куќиште, од прв до последен.
Избланкирај една мала жичка (можеш и со спајалица) и премости ги пин 16(зелена) со 17(црна), на ATX конекторот.
Стартувај го напојувањето (закачи го напонскиот кабел во струја, ако има тастер кец/нула штракни го на кец) и треба да проврти кулерот. Ако проврти кулерот, најверојатно не е напојувањето, но може и да е па да дава погрешни волтажи и да не ја подига матичната.
Ако имаш унимер (мултиметар) и имаш знаење мери вредности.
Крај краева, трк докај комшијата земи му го на заем напојувањето за тест, поврзи на плоча и види што ќе се случи.
Друго вака моментално што ми текнува, испразни кондензатори. Откачи го напонскиот кабел, задржи неколку секунди копче на куќиште за старт и врати напонски пробај дали ќе работи (помалку веројатно кај десктоп).
****Ако немаш никакво познавање од електроника, не пипај =во сервис.
ПС Ако е сеуште под гаранција компјутерот, воопшто не отварај куќиште, носи им го назад, нека поработат.