Другари, дали има шанса за спасување на дата од оштетен хард диск и ако има каде да барам чаре?
Ми падна лаптопот у станување на уклучено, продужи да работи уште 15-20 секунди и после тоа мртов... Кога го однесов првиот пат на сервис можеа да се отвараат фајловите со тешки маки, а после кога бев за вадење - тотално мртов(мислам дека они го преебаа уште толку...).
Кога пробувам со SATA, дискот врти ама никако да отвори така да мислам дека е минимална штета...
Не би рекол дека "они" ти го преебаа хард дискот. Самото тоа што хард дискот претрпел удар додека сеуште работел е причина за неговиот дефект. За овој тип на дефект мислам дека никој не би можел да ти помогне бидејќи самиот дефект е класифициран како механички и не верувам дека некој во македонија го има соодветниот алат за сервисирање.
Поздрав.