Тоа што ти кажале дека прави комбинација за да добие црна е и точно и неточно. Комбинација за да се добие црна се прави само ако користиш фото кертриџ кој што овозможува подобар квалитет, бидејќи можат да се добијат подобри нијанси.
Мастилото во кертриџот ако се работи за фото кертриџ, при што црната се добива со комбинација, нема никаква врска во однос на тоа дека ќе се троши повеќе ако принташ текст. Исто ќе биде, како и да имаш посебен црн.
За читачот на картички не би можел да ти кажам дали има комуникација со самиот компјутер, бидејќи не знам.
Би ти препорачал да отидеш на сајтот на hp, ги има сите овие модели кои што ги имаш напишано, со детални карактеристики. Обрни внимание на цените на кертриџите и нивната зафатнина. Таму се во долари, што значи кај нас би биле во евра.
Јас да се прашувам од сите овие модели би го избрал оној што има најдобар однос цена за кертриџ. Брзината и не ми е толку важна колку што ми е важна цената по испринтан примерок. Сите овие модели имаат скоро ист квалитет на отпечаток, судејќи по нивната ценовна класа.