Го направив и тоа
Него успеав да го уклучам на следниов начин... го уклучив го држев копчето за уклучување стиснато, го изгасив директ од струја ама уште го држев копчето и го вратив во струја после 30 секунди и се уклучи. Ама сега сам си прави рестарт после некои 10 минути
Прегрева. Ти велиш си го исчистил кулерот. Ама дали стави нова термичка паста.
Да ти кажам постапка за чистење, што си направил си направил, што не, направи го.
Го исклучуваш од струја, ги вадиш сите кабли, го отвораш од двете страни.
Вадиш кулер од процесор, рам и графичка. Настрана ја чистиш цела прашина од графичката ,од ладилникот од процесорот и од рамот.
Користи меко четче, дувај, или пробај дури и со фен.
Ако е потребно, извади ја и напојната и исчисти ја прашината со дување.
Нормално кога дуваш со уста мижи и затни го носот.
Внатре во куќиштето прво издувај, после со правосмукалка помини.
Откако мислиш дека прашината е доволно зачистена (цела прачина неможе да се исчисти, нормално) земи салфета/мармче/туалетна и добро избриши ја старата термичка паста од процесорот и ладилникот. По можност користи изопропил алкохол кога јачистиш пастата. Стави нова. Стави минимална количина (колку една помала капка вода), пастата треба да ги покрија микроскопските празнини а не да се направи цел слој меѓу ладилникот и процесорот.
Склопи се назад.
пуштај