Помош, проблеми, прашања, совети...

Дискусија во форумот 'Хардвер' започната од StenmarC, 20 јуни 2005.

  1. ZardonicMKD

    ZardonicMKD

    Член од:
    27 мај 2016
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    5
    Епа во тие 70ГБ имам видеа,слики,нотепад...така да еве сега иде со 37,2мб/сек....
     
  2. Филип85

    Филип85

    Член од:
    22 јули 2015
    Мислења:
    268
    Допаѓања:
    124
    Поврзав два монитори на еден компјутер, на мониторот кој ми е наместен како втор ( не е main ) има од сите 4 страни црни линии т.е позадината не е низ целиот екран туку како во коцка.

    Како да го решам проблемот?
     
  3. Demolisher

    Demolisher

    Член од:
    23 декември 2015
    Мислења:
    51
    Допаѓања:
    2
    Колку Gb рам меморија може да прима матична плоча DDR2, имам два слота за рам мемории ама читав нешто дека најмногу 2Gb можело? Веке имам 2Gb, сакам да надградам на 4/8Gb доколку е можно
     
  4. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.582
    Допаѓања:
    6.563
    Матичните плочи со DDR2 RAM меморија поддржуваа максимум 2 гигабајти DDR2 RAM меморија во едно лежиште, односно максимум 4 гигабајти доколку матичната плоча има 2 лежишта, или максимум 8 гигабајти доколку матичната плоча има 4 лежишта за DDR2 RAM меморија.

    Но сепак мораш да провериш кој е максималниот капацитет кој твојата матична плоча го поддржува, бидејќи има и матични плочи со DDR2 RAM меморија кои сепак поддржуваат максимум 1 гигабајт DDR2 RAM меморија во едно лежиште, односно максимум 2 гигабајти доколку матичната плоча има 2 лежишта, или максимум 4 гигабајти доколку матичната плоча има 4 лежишта.
     
  5. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    477
    Допаѓања:
    391
    повеке од 2гб ддр2 мислам не се ни произведуваа. инаку може повеќе 2гб модули да ставиш. колку слота имаш на матичната? или подобро кажи што матична имат.
     
  6. Demolisher

    Demolisher

    Член од:
    23 декември 2015
    Мислења:
    51
    Допаѓања:
    2
  7. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    477
    Допаѓања:
    391
    па резолуција подеси. наместени ти се како две работни површини, различна слика мониторите?
    --- Споено дупло мислење, 4 август 2018 ---
    https://www.msi.com/Motherboard/G31M3L_V2__G31M3LS_V2/Specification
    да, имаше 4гб не секоја матична ги подржуваше
    кај тебе има 2 слота, а во спецификации пишува максимум рам 4гб. значи може уште една 2гб да ставиш
    гледам по огласи 700-800ден се движат
     
    Последно уредено: 4 август 2018
  8. 123456

    123456

    Член од:
    6 септември 2007
    Мислења:
    5.327
    Допаѓања:
    2.773
    write disc protected, никако не можам да го форматирам усб, а што не све пробав некоја идеја да се среди или во канта да оди ?
     
  9. Dexter26

    Dexter26

    Член од:
    24 април 2008
    Мислења:
    7.582
    Допаѓања:
    6.563
    Вообичаено за да не може да се запишуваат податоци на USB меморија или на SD мемориска картичка, има жлеб на USB меморијата/SD мемориската картичка кој треба да се помести за да може да се блокира/деблокира USB меморијата/SD мемориската картичка за запишување на податоци.

    А ако е софтверки заштитена USB меморијата, треба да откриеш со каков софтвер е заштитена за да можеш да ја отстраниш заштитата.
     
  10. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    477
    Допаѓања:
    391
    што точно модел на усб е? за повеќето усб има специјални програми за форматирање, ако и тие не помогнат тогаш канта.
     
  11. Атеист

    Атеист Дежурен Шаман

    Член од:
    2 февруари 2010
    Мислења:
    7.364
    Допаѓања:
    4.610
    Само diskpart ако се оправа ќе го оправи, ништо друго.
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  12. S.L

    S.L ...

    Член од:
    1 јули 2013
    Мислења:
    554
    Допаѓања:
    266
    Дечки ми треба помош. Ми откажа матичната плоча и фактички кај портојте за графичка картичка и морав да ја извадим графичката и сега си работи пц све нормално, ама на графичката од Интел шо е. Па сеа ми треба некој шо се разбира да ми даде предлог за солинда матична плоча,а у исто време да биде компатибилна со перфромансиве.
    Иначе графичката шо ја извадив ми е: nvidia geforce GTX 460.
    Operating System
    Microsoft Windows 10 Pro 64-bit
    CPU
    Intel Core i5 2500 @ 3.30GHz 38 °C
    Sandy Bridge 32nm Technology
    RAM
    8,00GB Dual-Channel DDR3 @ 655MHz (9-9-9-24)
    Motherboard
    Foxconn H67MP-S/-V/H67MP (CPU 1) 33 °C
    Graphics
    Philips 222EL (1920x1080@60Hz)
    Intel HD Graphics (Foxconn)
     
  13. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    477
    Допаѓања:
    391
    само на старо таква матична. нова не наоѓаш.
     
  14. S.L

    S.L ...

    Член од:
    1 јули 2013
    Мислења:
    554
    Допаѓања:
    266
    Не, мислев некоја така нова матична шо би била компатибилна со овие перформанси. нејќам истата матична да ја земам
    --- Споено дупло мислење, 13 август 2018 во 15:45 ---
    до кај 150 евра макс да иде.
     
    Последно уредено: 13 август 2018 во 15:45
  15. xope

    xope

    Член од:
    10 април 2018
    Мислења:
    477
    Допаѓања:
    391
    Матична плоча на која одговара тој процесор веќе не се продава. Лежиштето за процесорот на новите матични е различно. Не пасува тој процесор што го имаш на нова матична.

    По огласи да најдеш матична за socket 1155. Барај така 1155 на реклама5, пазар3. Или некој што се бави со откуп и продажба на стари компјутери и делови.
     
    На S.L му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: