Не верувам дека во Логинг Електроникс ќе го поправат приклучокот, најверојатно ќе го заменат кабелот, а тоа за почеток чини 300 денари - вообичаено - а вообичаено уште толку наплаќаат и за работна рака, односно севкупно 600 денари.
Ова "вообичаено" е од пред 2 недели искуство со сервисот на Логинг Електроникс со цвикнат кабел на адаптер за лаптоп, им реков дека ми се брза и ако можат истиот ден да го поправат, ми рекоа дека ќе ми се јават доколку поправката чини над 500 денари, а откако ме известија преку СМС истиот ден дека адаптерот е поправен, ми наплатија 600 денари - ќе ти се јавеле ако новиот дел чини над 500 денари, а работната рака не ја земале во предвид. Или можеби бидејќи инсистирав да го поправат адаптерот истиот ден ми наплатија 300 денари за работна рака.
Побарај некој друг сервис, види во Видео Дата дали би можеле да го поправат.