Здравје понатаму кога ќе бидам дома во работен ден, сега сум привремено и сакав да го направам функционален колку да имаат занимација моиве дома.
Променуваат сервисериве само кондензатор на матичната ако е изгорен или стандард муабет оди купи си нова?
Mоже да ти е и напојувањето. Не значи ако врти вентилаторот дека е исправно. Имам случај видено каде цела плоча и се на неа да изгори од неисправно напојување, вентилаторот врти а дава блесави напони. Пробај ако имаш друго напојување, дали исто се однесува. Тогаш ќе си сигурен дека е плочата.
За плочи ретко кој сервисира, поради економска неисплативост, повеќе кошта поправката од плочата, барем така некој си го цени трудот, а на оглас се наоѓаат евтини стари плочи. Сепак има неколку што ги знам што го прават тоа. А некој и ќе ти понуди можеби плоча за некои 10-15 Евра, зависи што плоча е. Обрати ми се на ПП за повеќе информации.
Затоа му препорачав да го носи компјутерот на детален преглед, за да ги проверат сите компоненти.
Ако е ситен дефект на матичната плоча, можат да го поправат.
Јас имав слично искуство во декември 2016, исто така со стар компјутер, понекогаш се вклучуваше, а понекогаш не се вклучуваше. Знаев дека проблемот беше во напојувањето кога го отворив куќиштето и ги забележав подуените кондензатори на матичната плоча.
Но бидејќи сепак понекогаш се вклучуваше и функционираше исправно компјутерот, знаев дека може да се поправи, па затоа го однесов во сервисот на
ТДК Компјутери - спроти трговски центар Капиштец, и уште кога им го однесов куќиштето им кажав да ги заменат неисправните кондензатори и било кои други неисправни делови на матичната плоча, да го проверат напојувањето и задолжително да ме контактираат по телефон доколку поправката чини над 1.000 денари. Се на се, менувањето на кондензаторите чинеше околу 800 денари ако добро помнам, можеби чинеше повеќе, но 100% сум сигурен дека не чинеше над 1.000 денари, ја тестираа матичната плоча и ми потврдија дека функционира исправно, а истовремено ми потврдија дека напојувањето мора да се смени бидејќи е расипано и прашање на време е кога ќе ја изгори целата матична плоча, а поправката е неисплатлива бидејќи немаат делови, а и не им се исплати ниту на нив, ниту на мене. Купив ново напојување и компјутерот одлично си работи до денешен ден. Мислам дека куќиштето беше во сервисот на ТДК 3 или 4 дена, помнам дека брзо ја поправија матичната плоча.
Затоа мора многу да се внимава на напојувањето, има евтини напојувања по цени пониски и од 1.000 денари, ама прашање на време е кога ќе прегорат и ќе ги изгорат матичните плочи. Затоа не жалам да дадам 60 евра или повеќе за ново напојување, кога знам дека добивам квалитетен производ кој нема да ми го расипе компјутерот.