Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Здраво дечки, ми треба помош за избор на велосипед главно би го користел за низ град и може понекад за до водно или матка.
Еве најдов еден на велосипеди.мк TRINX K036 PRO – 29″ – Велосипед (velosiped.mk) не знам дали би бил добар ич не се разбирам, и ако имате некои други предлози споделете(ограничен сум со цена до 16 000 ден максимум би дал).
Инаку од предходни постови гледам висина се спомнува па да си кажам дека сум висок 195цм.
Поздрав и фала ви за помошта :):)
Најпрво ќе бараш рамка XL а што се однесува до тој велосипед не го препорачувам бидејки во тој ценовен ранг не постои добар велосипед.Половен и сочуван да но нов не.Или оди уште 100 евра погоре или барај поевтин со фиксна виљушка,ист погон и касета и V brake кочници.
 
Член од
22 февруари 2021
Мислења
9
Поени од реакции
15
Има ли некој искуство со моделите на "ROCKMACHINE" и "SUPERIOR" што се продаваат во БАЈКС?.Гледам дека имаат подобра опрема и пореална цена во однос на другите брендови.Ме интересира дали има некој возено,дали е задоволен од квалитетот,посебно на рамката?..
 
Првите се амерички а вторите се чешки,фирмите се основани 1993 и 1994 година.Првпат Superior велосипеди донесе Вучко уште во 90 те години кога рамките беа челични и во недела продаваше чешки делови на тогашниот автопазар.Потоа престана да ги носи а од која причина не знам.Попозната чешка фирма е Author бидејки произведува Road врвни модели наменети за меѓународни трки.Во секој случај со чешки производ посебно со денешната технологија нема утка а што се однесува до Rock Machine они се повеќе ориентирани на MTB модели.Ако нешто ти фаќа око зимај.Еве им ги официјалните страници:
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Оди во пробајк и земи го тој од 36000 што му го препорачав на еден друг член
Веројатно мислиш на cube aim race 2021, и како што предпоставував веќе е оскапен и е 38250.

Која е разликата и дали вреди да се додадат уште 4к за сube aim sl 2021 цена 41650?

Исто така ме интересира и споредба со cube access ws exc 2021 цена 38250.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Веројатно мислиш на cube aim race 2021, и како што предпоставував веќе е оскапен и е 38250.

Која е разликата и дали вреди да се додадат уште 4к за сube aim sl 2021 цена 41650?

Исто така ме интересира и споредба со cube access ws exc 2021 цена 38250.
За твоите потреби земи го најевтиниот од 38250 со 3 x 8.Разликата со поскапите е во тоа што поскапите имаат касета со 9 брзини позади и поскапи менувачи,додека виљушката,кочниците и осовините се исти.
 
Член од
3 февруари 2008
Мислења
116
Поени од реакции
37
Здраво екипа. Сакам да купам велосипед. Ќе ве молам за мислење за овој модел.

Цената му е 37500 во денари.

Sent from my SM-A415F using Tapatalk
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Здраво екипа. Сакам да купам велосипед. Ќе ве молам за мислење за овој модел.

Цената му е 37500 во денари.

Sent from my SM-A415F using Tapatalk
Ако ти се допаѓа зимај го без размислување а еве и зошто откако ќе го прочиташ овој текст:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Колку што гледам каква роба се продава и по кои се цени ова се истите производи и истите цени на www.velosiped.mk
Токму така, за голем дел од велосипедите и опремата, наш добавувач се ВЕЛО СИТИ (velosiped) :)
 
Член од
26 март 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво дечки :) Ми треба помош околу изборот на велосипед. Многу работи ми дојдоа наеднаш, а сум тотален почетник, па така не знам што попрво да гледам :) Ми треба планински велосипед, за 163цм висина. Од тоа што разгледав и што ми препорачаа (како и максималната сумa која што можам да ја платам) - се двоумам помеѓу овие два:
https://99spokes.com/compare?bikes=trek-marlin-5-womens-2021,cube-access-ws-eaz-2021
И двата се околу 32 000ден.
Што мислите вие, во однос на цената со перформансите? Дали вредат, кој би бил подобар избор? Или можеби некоја трета опција?
И, исто така - како на тотален почетник во изборот на ваков велосипед, на што би ми посочиле да обратам повеќе внимание при изборот?
Фала ви однапред :)
 
Иако си почетник наведи за што ти треба односно каде планираш да го возиш и кои ти се крајните амбиции бидејки нема вечно почетник да бидеш а што се однесува до тие 2 Cube е подобар односно има подобра опрема иако реално ниеден од двата не вреди за парите но поради пандемијата цените се зголемени во оваа класа за околу 150 евра.
 
Планот ми е да возам рекреативно, воглавно на планински терен, со околу 50тина километри на ден просек, неколку пати неделно. И неколку пати (3-4 пати годишно, отприлика) би сакала да се пробам на нешто поекстремно (обиколување на Охридско езеро, Отешево-Св.Наум преку Галичица и сл).
Претпоставувам горе-долу истите рути би ми биле долгорочно гледано, пошто само рекреативно ќе биде :)
 
Овие тури што ги наброја се рекреативни и не спаѓаат во тешки тури иако како почетник ти изгледаат така.За неколку месеци активно возење ќе знаеш до каде ти е лимитот.Инаку за вакви тури посебно оф роуд Cube моделот ќе ти заврши работа бидејки амортизерот се заклучува и касетата е со поголем број на запци потребни за полесно качување.
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.640
Поени од реакции
2.606
Здраво дечки, не се разбирам премногу во точаци па ми треба ваша помош. Сакам да купам некој точак со 27.5 гуми до 16-17 илјади, па ако може некој да препорачате со добра опрема(на ново).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom