Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.029
Поени од реакции
4.515
Планирам да земам точак. Намената ќе му биде за низ град и планински патеки ама не downhill туку полабави, немаат бетон ама и немаат цели планини на нив. Буџетот е околу 20к. Ми треба совет на што да обрнам внимание. Моментално нешто што го гледав е btwin rockrider 540. SUNTOUR XCR 100mm вила, преден менувач MICROSHIFT MS25, заден SHIMANO ALTUS, шифтери ALTUS M370, предна касета 22,32,44 ,,заби'', задна касета SHIMANO HG 200 од 11 до 34, B'TWIN by TEKTRO по 160 мм хидраулични. Цена 23к
https://www.decathlon.bg/mtv-rockrider-540-275--id_8379537.html

Според опремата мислам дека за парите се добар квалитет ама ајде да прашам некој за совет. Scott или specialized со истата опрема (без осовните) и преден менувач алтус се над 30к. Некој искуство со BTWIN за квалитет?
Фала
Зимај и на таа сума ќе земеш документ за поврат на ДДВ.Е сега распрашај се каде и како ќе ги подигнеш парите бидејки со Бугарија околу поврат на ддв не сум имал искуство.Некои викаат дека можело и во Ќустендил а некои ги испраќале по меил документите до Декатлон дека е изнесен велосипедот и после наводно овие на сметка им ги пуштале.Што се однесува до квалитетот рамката е MADE IN TAIWAN исто како што се и 99% од рамките на останатите фирми а деловите се исти.Французите имаат контрола во кинеските фабрики на цела роба што се продава таму исто како сите што продаваат под различни имиња.
 
Член од
23 септември 2015
Мислења
97
Поени од реакции
88
Со оглед на тоа што пазарот ни е презаситен од точаци од оваа класа (кој би рекол дека Македонија е сиромашна држава), и непопуларната големина S, моја субјективна проценка е максимум 50% од цената пишана на линкот, но во евра. :)
Ти благодарам на одоговорт.

Барам подолго време веќе некој ваков точак, исклучиво 27.5 тркала со S големина на рамка. Тешко се наоѓа од овие избор. Се продадоа неколку кај нас и тоа добри модели, со цена од 700-800 евра. Повеќе од тоа многу тешко да земе, освен ако не е со исклучително добра опрема.[DOUBLEPOST=1552339786][/DOUBLEPOST]
Сега ти го видов на Фејсбук огласот, 2600 евра? :D Со среќа. (y)
Доколку го виде огласот прочитај го и до крај пишува понудете цена во приватна порака. Таа цифра е препишана од линкот чисто како информација колку му е од прилика вредноста нов. А на линкот можеш да ја провериш целата опрема ти е од највисоко ниво на Sram + има Shimano clip-in pedals и hydraulic bicycle seat мислам дека и самата цена за нов си зборува за себе. Доколку си заентересиран може да направиме реална проценка :)
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000

Вака се добива впечаток дека таа е цената која ја бараш за точакот меѓутоа дека прифаќаш и предлози. Потенцирај дека таа е цената кога би бил нов во продавница, за да нема забуни. :) Инаку, земав вчера друг конечно.
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412

Замена за Spark-от или сакаше нешто со поголем travel?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да предложите некој точак за градско возење, до ваму - до таму? Да не е кинезарија ама и да не е отров, сега не ги знам цениве ама некаде од 200 до 300-350 евра.
 
Член од
24 ноември 2013
Мислења
216
Поени од реакции
268
Како оди оваа работа со субвенции?

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
 
Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Замена за Spark-от или сакаше нешто со поголем travel?
Не беше за мене, за блиска личност. :) Не го менувам Спарки. :D[DOUBLEPOST=1552583466][/DOUBLEPOST]
Како оди оваа работа со субвенции?

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
Види на темата...Или еве го правилникот од лани...[DOUBLEPOST=1552584787][/DOUBLEPOST]
Да предложите некој точак за градско возење, до ваму - до таму? Да не е кинезарија ама и да не е отров, сега не ги знам цениве ама некаде од 200 до 300-350 евра.
Нов или половен?
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не беше за мене, за блиска личност. :) Не го менувам Спарки. :D[DOUBLEPOST=1552583466][/DOUBLEPOST]
Види на темата...Или еве го правилникот од лани...[DOUBLEPOST=1552584787][/DOUBLEPOST]
Нов или половен?
Не живеам во Македонија неколку месеци, не знам дали огласов ќе биде активен додека дојдам нареден пат :) може и нов за повисока цена, заборавив да спомнам, онака ја тропнав, навистина немам осет што и како одат велосипедите. Само кажувам дека за низ град и за по кеј ќе го користам. :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Да предложите некој точак за градско возење, до ваму - до таму? Да не е кинезарија ама и да не е отров, сега не ги знам цениве ама некаде од 200 до 300-350 евра.
До 350 евра најдобар избор е половен од среднa класа и не постар од 2 години. Оние што купиле пред 2 години почнуваат да прават апгрејд и има поголем избор на половни и тоа до 50% од цената за нов.

Нов за тие пари само некој од ниската класа како Полар, Драг, Каприоло, иначе во Врање во Capriolo имаа поврат на ддв

За нов од повисока цена зависи колкава, тогаш се оди на некој Cube, Scott,..
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Половен градски за исти пари ќе те истрае (грубо) 17 пати подолго, и ќе вози околу 24 пати подобро од овој.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Половен градски за исти пари ќе те истрае (грубо) 17 пати подолго, и ќе вози околу 24 пати подобро од овој.
Уфф ај може малце помош на што да обрнам внимание додека разгледувам огласи, марка,оштетеност,брзини, ланци има нешто што би требало да го знам при бирање на точак да не ми подметнат некој нефункционален. Се неам качено на точак може поише од 10 години и врска неам на што да обрнам внимание ЧД. Тнх.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.029
Поени од реакции
4.515
Половен градски за исти пари ќе те истрае (грубо) 17 пати подолго, и ќе вози околу 24 пати подобро од овој.
Половен градски за овие пари може да купи само од оние увозните градски од Холандија со челична рамка и старост околу 20 години а дека ќе истера 24 пати подолго е научна фантастика.Јас купив MAX од Агротехна 26ка од првите алуминиумски што ги донесоа и со субвенции ми излезе околу 7800 во јуни 2016 и досега поминав 27000км низ град.На 9000 и 11000 км откажаа двата бандажи,едниот го замнив со кинески од 400 денари кој си тера без проблем а вториот е српски KRYPTON X,сменета задна осовина бидејки пукна на некои 12000км поминати а средната осовина дури пред некој ден ја заменив бидејки лагерите и прстените беа скоро распаднати и педалите правеа осмици.едната гума поради расекување морав да ја сменам на 15000км а вторава веќе и при крај.Касетата ми е втора од тие евтините од 200 денари FALCON и има поминато околу 17000км,ланците од 150 денари кинески ги менувам од 3000 до 4000км во зависност од режимот на возење.Се на се МАЛКУ ПАРИ МНОГУ МУЗИКА.Мој совет е да се избегне VIPER поради сомнителен квалитет на рамката додека MAX е проверен и нуди најмногу за најмалку пари.Кој е во можност нека си отиде во Врање кај дилерот за CAPRIOLO и нека си земе од најевтините бидејки се подобри и од VIPER и од MAX а згора на тоа ќе си направи поврат на ддв и со возење ќе си го донесе до МК.[DOUBLEPOST=1553363460][/DOUBLEPOST]Еве нов Capriolo за иста цена како во Србија
http://www.reklama5.mk/AdDetails?ad=2993666
 
Последно уредено:

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
412
Нема да пробувам да ти објаснувам зошто половен точак за тие пари е подобар од нов, бидејќи сам си објасни мање више. :)

Само ќе кажам дека половен градски велосипед за 5500 денари понуди:
  • Nexus 7spd задна главина
  • Shimano Nexus предна динамо главина
  • Shimano STX кочници и пренос
  • Mavic обрачи
  • Нови гуми - Кенда со заштита од дупнување
  • Браници вклучени во цената
  • Корпа вклучена во цената.
  • LED Светла вклучени во цената.
Треба ептен да начекаш точак со вакви карактеристики, ама во глобала тие за оваа цена имаат барем 5 од овие 8 благодети.
Исто така, треба барем малку да разбираш точаци за да сфатиш зошто Shimano главина е подобра од кинеска главина, и зошто Mavic обрач е подобар од Криптон или кинески обрач. Треба да си ептен затрескан во „ново си е ново“ идеологијата за да избереш Max точак за 9000 денари а имаш ваква прекраснотија за 9500.

Canyon City Bike

Среќа, тука препораките се субјективни и секој читател може да одлучи на кој ќе верува пред да ја донесе својата одлука.

Уфф ај може малце помош на што да обрнам внимание додека разгледувам огласи, марка,оштетеност,брзини, ланци има нешто што би требало да го знам при бирање на точак да не ми подметнат некој нефункционален. Се неам качено на точак може поише од 10 години и врска неам на што да обрнам внимание ЧД. Тнх.
Јас би препорачал да земеш точак од луѓе кои увезуваат, ги има на огласи повеќе.

Ова е океј лик:

https://www.facebook.com/te7bikes/

Ова е многу фер човек и дава супер попусти на лице место:

https://www.facebook.com/FUGA-velosipedi-291406154631735/

Слушни се, нека ти кажат што имаат за буџетот. Нема да биде ново од салон без грепка, ама ќе вози и ќе се движи многу, многу полесно и побрзо од Макс.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.836
Нема да има проблеми со тежината бидејки проектиран е за таа тежина поради големината на рамката.А чим ќе го возиш од Ѓорче до порта Влае ќе ти дојде повеќе од доволно.
https://velosiped.mk/product/kross-trans-1-0/
Другар не завршив работа со велосипед Каприоло од Србија,ај молим те мислење за овој,не дека ми фаќа око се вљубив на прв поглед.Ај мислење ако може[DOUBLEPOST=1554150946][/DOUBLEPOST]Или некој друг ако знае што како за велосипедов?
Или овој сличен е а не знам зашто е поскуп
https://velosiped.mk/product/kross-trans-3-0/
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom