Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
Мислење? 28.000 денари.

ЛИНК

Со Trek, Giant и останати марки во тој ранг, во поглед на целовкупен квалитет нема да згрешиш бидејќи вградуваат квалитетни делови и имаат висока контрола на квалитет.

Е сега проблемот е што сите се залетуваат за високо ниво на опрема, и не ги гледаат побитните работи (бидејќи Мерцедес фул опрема и Дачија фул опрема не е исто)

Појаките брендови вградуваат делови со потекло од јапонија, сингапур или малезија со повисок квалитет на изработка и направени од подобри материјали.
Истотака и деловите кои ретко кој ги забележува, пр. главини, средна осовина, кошулици, шпици, гарнитура се познат бренд со значително повисок квалитет како што моделите одат се погоре во цената.

Но најбитен аспект кај велосипедот е геометријата, која не е секогаш иста кај сите брендови, и не секогаш се совпаѓа со мерките во каталогот и мерките на возачот.

Затоа е најдобро лично да пробаш дали ти одговара на тебе точакот, а ние можеме да те советуваме дали истиот вреди за парите во зависност од состојбата.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
158
Поени од реакции
85
https://pro-sport.com.mk/product/specialized/mountain-hardtail/rockhopper-sport-29er/

Мислење? Или предлог друг од 30 до 40к.

Sent from my WAS-LX1 using Tapatalk
Малку скапо за опремата - Suntour XCT со Acera, Tourney и Altus комбинирани делови од пренос. Кочниците се од ниската класа на Shimano, a главините (cx75 или rs505) се со мал број на шпици (28), и не би ги препорачал многу за offroad возење.

На старо во секој случај имаш поголем избор за тој ценовен ранг, и значително подобро ниво на опрема (зависно од степенот на искористеност)

Доколку не се брзаш, почекај малку. Околу јануари-февруари има чистка на стара роба во сите точкарници и можеш да добиеш добар попуст на точаци од ланската сезона.

А доколку планираш upgrades во иднина (како мене), верувај ми дека ако платиш малку поскапо сега за нешто што стварно вреди за парите, во иднина ќе пројдеш сто пати поевтино.
 

illusioner

Happyrotter
Член од
20 јуни 2007
Мислења
774
Поени од реакции
15
Некој заинтересиран за ГТ форс 1.0 ендуро клас купен 3.800ш.ф во Швајцарија, прв газда и редовно сервисиран, моментално е во Мкд
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Што мислите за точаците Viper, конкретно за овој модел? Има ли некој лично искуство?
Барам некој побрз точак за вожња по кеј и Партизанска претежно, секој ден по 20-тина километри.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Што мислите за точаците Viper, конкретно за овој модел? Има ли некој лично искуство?
Барам некој побрз точак за вожња по кеј и Партизанска претежно, секој ден по 20-тина километри.
За тие пари и за низ град е одличен а ако имаш искуство и знаење можеш и надвор некоја тура да правиш.Јас со Max 26 од 7000 денари без проблем отидов на Козјак а мој пријател со Ориент 28 хибрид од 7000 денари купен од Биди Фит исто на Козјак.Ако немаш техника на возење и кондиција и да купиш точак од 10000 евра не ти помага бидејки дали ќе се помине турата во 90% зависи од возачот а само 10% од точакот.Исто како во фотографијата човекот ја прави фотографијата а не фотоапаратот.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.888
Последен пат кога купував велосипед ја утнав скроз, земав некој GT Chucker со 8 брзини свртев круг еден и на татко ми поклон му го дадов.Да не останам без велосипед повторно наредни 10 години,некој совет докај 40-50к велосипед,за низ град.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Последен пат кога купував велосипед ја утнав скроз, земав некој GT Chucker со 8 брзини свртев круг еден и на татко ми поклон му го дадов.Да не останам без велосипед повторно наредни 10 години,некој совет докај 40-50к велосипед,за низ град.
40000 до 50000 ден за низ град?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Да.Што ти е чудно?Дека многу пари?
Купи никој не ти брани но после немој да се жалиш на социјалните мрежи доколку некој ти го украде кога ќе го го заклучиш било каде бидејки таквите точаци се први на удар за кражба.Друга работа и обичен од 100 евра ако е подесен како што треба ќе ги заврши сите потреби за низ град а наспроти скапиот ретко некој ќе го мерка за крадење.А кога веќе си запнал таков барај 29 со Rockshock вуљушка и опрема барем со Deore менувачи без разлика дали е Cube,Giant,MeridaTrek, Drag, Cross односно кој дилер ќе ти даде најдобра понуда за нов од него купи.Ако бараш половен оди кај Васко во Ѓорче Петров 2 кај Јурија и види од тоа што има на лагер.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.641
Поени од реакции
27.888
Купи никој не ти брани но после немој да се жалиш на социјалните мрежи доколку некој ти го украде кога ќе го го заклучиш било каде бидејки таквите точаци се први на удар за кражба.Друга работа и обичен од 100 евра ако е подесен како што треба ќе ги заврши сите потреби за низ град а наспроти скапиот ретко некој ќе го мерка за крадење.А кога веќе си запнал таков барај 29 со Rockshock вуљушка и опрема барем со Deore менувачи без разлика дали е Cube,Giant,MeridaTrek, Drag, Cross односно кој дилер ќе ти даде најдобра понуда за нов од него купи.Ако бараш половен оди кај Васко во Ѓорче Петров 2 кај Јурија и види од тоа што има на лагер.
Не бе не сум запнал да биде скуп по секоја цена,пошто не се разбирам мислев толку се движат добрите,вака делува многу пари али се водев по тоа имам неколку велосипеди сите се во беспрекорна состојба,еден од дедо ми од тие црните 50 години е стар а како нов е.По некоја логика што се 50.000 за нешто што ке ти трае 20-30 години,а нема дополнителни трошоци? А ова за кражбите сега ме замисли.Ок,кажи некој поевтин а што ке трае,марката не ми е битна уопште.Гледав само еден ктм пред извесно време нешто под 30к,ама некако воланот тесен ми се виде.А на тој gt што го имам има таква вилушка рок шок брз се направи луфта некоја,тој што го гледаше онде кај ван гог кафичон ми рече не биле ништо нарочито тие вилушки,биле по 4к
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Не бе не сум запнал да биде скуп по секоја цена,вака делува многу пари али се водев по тоа имам неколку велосипеди сите се во беспрекорна состојба,еден од дедо ми од тие црните 50 години е стар а како нов е.По некоја логика што се 50.000 за нешто што ке ти трае 20-30 години,а нема дополнителни трошоци? А ова за кражбите сега ме замисли.Ок,кажи некој поевтин а што ке трае,марката не ми е битна уопште.Гледав само еден ктм пред извесно време нешто под 30к,ама некако воланот тесен ми се виде
Јас низ град возам MAX 26 од првите со алуминиумски рам купен јуни 2016 и досега со него поминав 26000км низ град.Две касети сменив до сега од евтините по 200 денари и некои 7,8 ланци исто од оние по 150 денари.Бандажите се покажаа како најслаби и едниот пукна на 9000км другиот се расцвета на 11000.Откако ставив српски Krypton X нема проблеми.Што се однесува до трајност рамот ќе трае било да е челик или алуминиум додека квалитетот на деловите дури и на најскапите е драстичнои опаднат така да немој да се надеваш дека ако ставиш касета од 4000 денари со 9 или 10 звезди ќе трае 20 пати подолго од онаа од 200 денари туку само 2 или 3 пати.Ако си средна висина до 175 Capriolo обичен со Krypton X бандажи од некои 10000 до 12000 одлично ќе те служи бидејки за нашиве крш улици нема да имаш проблеми со пукање или расцветување а ако си повисок види некој 28 City верзија од Capriolo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom