Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.239
- Поени од реакции
- 36.527
Одбивно е тоа што не го разбираш, а не го разбираш затоа што не си посветил доволно труд и време за да го разбереш.
Не ги гледај професиите само за во Македонија, гледај што ќе е потребно и за во иднина, рачунај 5 години од твојот живот нема ни да можеш да работиш, така да ти треба да бараш што ќе биде платено после 5 години.
Е сега машинска индустрија, т.е автомобилска бидејќи ја имаш прецизирано, ако гледаш постепено таму се губи потребата за машинство, а се зголемува за електро инженери. Моторите со внатрешно согорување се поизвесно е дека ќе се забранат во следните 2-3 децении, а ќе се зголеми употребата на електричните возила. Не знам кои смерови би ти понудиле каква таква основа за во оваа област, али види ги мехатроника (сепак детално да ја видиш програмата на студиите да не испадне дека ќе учиш глупости), или евентуално ФЕИТ.
Е сега инженер без математика не бива, така да ќе си го загрееш столчето, имаш туторијали на нет колку сакаш за секоја област, а ако и тоа не го разбираш ќе си платиш часови и да надополниш се тоа што си изоставил, затоа што кај математиката најбрзо се гледаат дупките во знаењето од претходно.
Програмирањето за возилата е актуелно и ќе биде нешто што ќе се бара во иднина, поточно работа со LIDAR технологии, сензори и тн, што пак не сум сигурен дали има насока во државата која го покрива квалитетно.
Друга работа што треба да се внимава, работите во овие големите индустрии како производство на возила ќе стануваат се повеќе автоматизирани, така да индустриските инженери кои сега водат групи на работници полека ќе ги снемува.
Еве ти пример како оди произведство на една Тесла, имај во предвид дека и другите производители постепено ќе преминат на тотална автоматизација.