Помош околу одбирање на факултет ?

Член од
27 јуни 2019
Мислења
59
Поени од реакции
41
Ај добар ден..
Вака, за некој ден се уписите па пошто сеуште немам одлучено ако може мала помош
:)

Ги разгледувам Машински и Финки..
На Машински се мислам меѓу "Индустриски дизајн" и "Моторни возила"
Физиката ми иде, не сум некој експерт али со малце загревање на столчето реално можам да ја научам бидејќи имав одличен професор во средно кој буквално ги соџвакуваше од 5 страни на 1 лекциите и све што е нивната суштина.. Од друга страна пак видов дека има 3 Математики на овој смер во првите 2 години, е тука лежи проблемот бидејќи ајде нормалната Математика реално не е тешка али Алгебрата не ми беше баш најјаката страна бидејќи во средно се влечев со 3че едвај во 3та и 4та година.
Индустриски дизајн гледам дека е уствари за дизајнирање на коли,банери и слични глупости... Е сега, прашањето е дали има работа со овој смер ?
За Моторни возила веќе знам дека е добро платен и дека се бара асален кадар али за овој ми е малкуцка сумљиво
:)

На Финки пак како и 70% од копуците шо се запишуваат го гледам смерот ПИТ или Примена на информациски технологии бидејќи е најлесен
:D

Програмирање никогаш не ми идело ниту пак сум бил нешто заинтересиран бидејќи не се погодила ниедна асална професорка ниту во средно а ниту па во основно која ќе објасни што треба да правиш на час туку само еве ти инструкции и праи програми...
Дали би успеал на тој смер или ќе паднам како крушка ???

Благодараме на вниманието и се надевам ќе се најде некој што би помогнал :)
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Моментално има ќеш у програмирањеро, за машински послабо во МК ... надвор се цени и се плаќа.

Јас би ти рекол иди со тоа што те влече повеќе и кон што имаш пасија.

Јас бев на ПМФ информатика, иако ми збореа сите да идам на ЕТФ, не се каам си го терав тоа што го сакав.

Поздрав и со среќа
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Mислам дека истово го пишуваме на форум може еднаш во просек на три дена. За било која IT гранка освен знаење ти требаат и посебни човечки вештини како упорност, неуморливост, истрајност во решавање проблеми и желба за работа. Ако ги имаш нив, фати се со тоа.

И нормално, ако сакаш да вредиш како работник на пазарот во било која гранка од горенаведениве, знај дека цел живот ќе мора да се апгрејдуваш. Ако останеш со знаењето од факултет или со истото знаење повеќе од година дена, ништо не правиш.
 
За упорен.. Упорен сум, до сега во средно ненормално сум се трудел нешто да научам и сфатам по предметот "програмирање".. Само што кога нема да ти се погоди професорот губиш за све воља, знам во секунда да се изнервирам кога нешто не ми иде и да го остаам таму до каде сум дошол...
Примери од средно.. Ја се мучам на час да напишам програма, гледам по нет нормално нели има луѓе шо поише се разбираат и ќе ја напишам некако.. Доаѓа професорката ми вика немој бе вака да ми правиш, земи со ова со она.. Програмата работи али неа не и се свиѓа, неколку пати вака и ја прекинав више да се замарам за тој предмет...
Темава ми е пошто знам дека парите и иднината се во овој сектор да го наречам, дали би успеал да го совладам во текот на првата година рецимо на Финки ако основата и не ми баш да речам асална... ?
Автоматски споено мислење:

Моментално има ќеш у програмирањеро, за машински послабо во МК ... надвор се цени и се плаќа.

Јас би ти рекол иди со тоа што те влече повеќе и кон што имаш пасија.

Јас бев на ПМФ информатика, иако ми збореа сите да идам на ЕТФ, не се каам си го терав тоа што го сакав.

Поздрав и со среќа
Ја би идел али да не ми биде после залудна дипломата ? Не ми е само колку да завршам нешто, после ќе треба да живеам од тоа... Највеќе што ме влече се колите.. Буквално све околу нив, сакам да чачкам иако не сум некој стручен нормално... Тоа колку што гледав е на тој "Моторни возила" смерот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
За упорен.. Упорен сум, до сега во средно ненормално сум се трудел нешто да научам и сфатам по предметот "програмирање".. Само што кога нема да ти се погоди професорот губиш за све воља, знам во секунда да се изнервирам кога нешто не ми иде и да го остаам таму до каде сум дошол...
Примери од средно.. Ја се мучам на час да напишам програма, гледам по нет нормално нели има луѓе шо поише се разбираат и ќе ја напишам некако.. Доаѓа професорката ми вика немој бе вака да ми правиш, земи со ова со она.. Програмата работи али неа не и се свиѓа, неколку пати вака и ја прекинав више да се замарам за тој предмет...
Темава ми е пошто знам дека парите и иднината се во овој сектор да го наречам, дали би успеал да го совладам во текот на првата година рецимо на Финки ако основата и не ми баш да речам асална... ?
Ако ти работи кодот, ти работи, не е важно дали и се свиѓало на професорката. На крајот од денот важно е дали работи или не, не се бира Мис Свет па кој ќе напише најубав код.

За професори од средно кој како кажал не се замарај. Чисто за споредба, Данев идиотон од ВМРО мене ми предаваше математика и ми дофрлаше што бараш на Електро има многу математика хехехехехе. Не само што завршив туку и на 25 години добив извршна функција во интернационална фирма додека тој греби по партии да ФАНЕ нешто и се бламира по телевизии на 40+ години.
Професори по програмирање во средно ти се учени-приучени кои се научени на една учебничка логика и се различно од нивното е погрешно. Со тек на време како што ќе навлегуваш во струката ако се одлучиш за IT, ќе гледаш туторијали од странци, ќе работиш можеби на платформи на Microsoft каде што ќе имаш привилегија да видиш како изгледа кодот на state of the art програмери па ќе можеш нешто да си искористиш во иднина, ќе си собираш и хотфикси и итн. На крајот од краиштата, IT не е само програмирање, имаш бази на податоци, имаш телекомуникации, имаш Voice, имаш ИКТ итн. итн.
 
Тоа и јас и го реков.. Битно е да работи ама она не, не учиме ние вака.. Шо е најтрагичното немавме учебници а она имаше напишано самата учебник али не сакаше да го сподели со цел да научиме нешто..
Само ни рече кој сака да го научам убаво ќе си плати од свој џеб, ја за 400 евра не мислам да се замарам...
Кодот работеше све како шо треба али не било тоа од час... И плус.. Истите туторијали што ги спомнуваш од странци ни ги пушташе она преку проектор и ние зјапавме у ѕид и иди па научи нешто така со 30 души у клас..

Како и да е фала ти за одговорите :)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа и јас и го реков.. Битно е да работи ама она не, не учиме ние вака.. Шо е најтрагичното немавме учебници а она имаше напишано самата учебник али не сакаше да го сподели со цел да научиме нешто..
Само ни рече кој сака да го научам убаво ќе си плати од свој џеб, ја за 400 евра не мислам да се замарам...
Кодот работеше све како шо треба али не било тоа од час... И плус.. Истите туторијали што ги спомнуваш од странци ни ги пушташе она преку проектор и ние зјапавме у ѕид и иди па научи нешто така со 30 души у клас..

Како и да е фала ти за одговорите :)
Не се замарај со ретарди професори, терај си ти :)
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.655
Поени од реакции
4.142
Не се замарај со ретарди професори, терај си ти :)
Твојава реченица ме потсети на една случка, па ќе ја споделам.
Во средно имаше случка професорката почна да се кара со едно дете. Детево вика низа почнува од 0 член , таа запнала од 1 член .. Детево упорно зема да и праи програма со couts за да и објасни. Накрај неизбежно беше дека она згрешила и погодете што..
Следни 5часа цело време на табла го вадеше за да одговара...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Твојава реченица ме потсети на една случка, па ќе ја споделам.
Во средно имаше случка професорката почна да се кара со едно дете. Детево вика низа почнува од 0 член , таа запнала од 1 член .. Детево упорно зема да и праи програма со couts за да и објасни. Накрај неизбежно беше дека она згрешила и погодете што..
Следни 5часа цело време на табла го вадеше за да одговара...
Верувам, македонското, затоа нема да не биде.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Твојава реченица ме потсети на една случка, па ќе ја споделам.
Во средно имаше случка професорката почна да се кара со едно дете. Детево вика низа почнува од 0 член , таа запнала од 1 член .. Детево упорно зема да и праи програма со couts за да и објасни. Накрај неизбежно беше дека она згрешила и погодете што..
Следни 5часа цело време на табла го вадеше за да одговара...
Не и бил омилен ученик, за да му каже: Ти благодарам што ме поправи. :Д
И затоа упорните највеќе си страдаат. Абе заеби гуската нека мисли како сака, па и објаснување.

Мене еден таков ме падна на испит. Го прашав зошто имам малку поени од проектот, каде ми е грешката, а на некој му е како некое дете да ја има цртано во пеинт и има максимум поени, само за да има поени за 10ка. Овој почна да ме прашува други прашања во врска со предметот, само за да ме падне.
Ја па седев 3-4 саати на жешкото и чекав да излезе од таа ебена канцеларија и му помине лутината и да ја врати оценката. :tapp:

После тоа бев со етикета Лош и некултурен студент и друг предмет ни предаваше и намерно не ми прегледа една задача, демек ја немаше видено.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.788
Баш тие вештини како и безброј други што не ги наброја @Ilumious се причина зашто есенцијално, кој факултет од тие да го запишеш нема да згрешиш, доколку ги тераш сериозно студиите. Се стекнуваат милијарда други вакви екстра-бенефит скилови од било кој сериозен факултет и сериозна заложба. И, подоцна ради тие зајакнати вештини како кадар ќе бидеш скроз флексибилен на пазарот и за година и нешто да можеш да се пренасочиш во друга (повеќе или помалку ближна) кариерна насока, доколку претходната не ти се допаѓа или лежи. Мислам флексибилноста е само една поволност во животот која што ја добиваш како образован човек.

Моја препорака би било да се иде на финки. Бидејќи утре ќе можеш да имаш релативно комотна и океј платена работа 8-16 или 9-17, каде што маките објективно ќе се проголтуваат, иако е доста стресна ствар да си дел од такви фирми. Можеш да работиш како фриленсер од мкд за бизнис во било кој дел од светот и да немора никогаш шефот да знаеш како изгледа, можеш со малку труд и знаење да почнеш и "на страна" да работиш за викенди и тн и да си имаш солиден додатен кеш во месечниот приход. Реално со тој факултет, без преголеми дополнителни усовршувања и курсови после студии ќе можеш да дојдеш до пракса или прва работа, што со други факултети знае да биде доста заебано и измачувачки.

Но, при изборот на факултет треба и ова да го имаш во предвид - Генерално ИТ фирмите во македонија се штанцачки и работата се сведува на доста репетитивни и шаблонски процеси каде што извршуваат работа "одење пешки" за да некој британец, амер или швеѓанин не го прави тоа јер кај нив треба истите да бидат платени х10. Јест да за македонски стандарди се доста платени истиве, не викам не, ама генерално и најчесто се штанцачи, зборам за 95% од кадаров кој е до некои си 36/35 години. Да не генерализирам, тоа е мое видување и евидентно е дека има и постои (во помал процент) на кадар кој за целите на овој пост ќе ги наречам "нештанцачи/мислители". Штанцачите во најголем дел се "ѕидари" во дигитална смисла на зборот, и "мешаат малтер" преку компјутер, да се изразам со метафора. Такви се ОГРОМЕН и најголем дел од македонските програмери.

Zа да се биде I.T штанцач а.к.а junior developer утре, учење (пример) калкулус на 19 години ќе ти изгледа скроз залудно, ама таа пак аверзивност кон непотребни предмети и глупости на факс ти јача други скилови (упорност, издржливост, друг мајндфрејм и тн и тн). Ако го сфатиш факултетот како личен едукативен процес и севкупно образување а не како "полагање испити", "да дае господ 6ка" или мора да бидам 10.00 цело време, тоа е огромен личен бенефит за тебе како персона.

Машински во голем дел се сведува на производствени и технологии кои кај нас се мисловна именка и уште сме у југославија во многу сегменти од машинството. Да се биде програмер е да речам поуниверзално нешто и има милијарда ресурси кои можат да те направат подобар во било кој сегмент од ИТ. А како машинец немаш такви ресурси и во голем дел ќе работиш со југословенска и застарена технологија.

Економски гледано, "студирањето факултет" доста често знае да биде неисплатлива инвестиција, и ако запишуваш факултет "само за да го завршиш и да најдеш лесно работа" а не да се образуваш ќе има моменти кога ќе се каеш за времето поминато учејки работи кои НИКОГАШ немаат допирна точка со реалноста, ниту пак се одвиваат по "книга". Но, сепак, образованието е нешто што нема цена или испуштена корист бидејќи те прави покомплетен човек во секој аспект. На тоа едноставно неможе да се стаи цена. Зборувам образование а не "студирање факултет", што се сосема различни ствари. Образованието е долгорочна инвестиција и истите се своевидна порта која што ако ја отвориш ќе те копка да идеш што подалеку и подалеку.

Што и да запишеш, мој совет е да се образуваш, а не да "завршиш факултет".
 
Newton'

Fapstronaut
Член од
25 јули 2015
Мислења
322
Поени од реакции
290
Ај добар ден..
Вака, за некој ден се уписите па пошто сеуште немам одлучено ако може мала помош
:)

Ги разгледувам Машински и Финки..
На Машински :) и "Моторни возила"
Физиката ми иде, не сум некој експерт али со малце загревање на столчето реално можам да ја научам бидејќи имав одличен професор во средно кој буквално ги соџвакуваше од 5 страни на 1 лекциите и све што е нивната суштина.. Од друга страна пак видов дека има 3 Математики на овој смер во првите 2 години, е тука лежи проблемот бидејќи ајде нормалната Математика реално не е тешка али Алгебрата не ми беше баш најјаката страна бидејќи во средно се влечев со 3че едвај во 3та и 4та година.
Индустриски дизајн гледам дека е уствари за дизајнирање на коли,банери и слични глупости... Е сега, прашањето е дали има работа со овој смер ?
За Моторни возила веќе знам дека е добро платен и дека се бара асален кадар али за овој ми е малкуцка сумљиво
:)

На Финки пак како и 70% од копуците шо се запишуваат го гледам смерот ПИТ или Примена на информациски технологии бидејќи е најлесен
:D

Програмирање никогаш не ми идело ниту пак сум бил нешто заинтересиран бидејќи не се погодила ниедна асална професорка ниту во средно а ниту па во основно која ќе објасни што треба да правиш на час туку само еве ти инструкции и праи програми...
Дали би успеал на тој смер или ќе паднам како крушка ???

Благодараме на вниманието и се надевам ќе се најде некој што би помогнал :)
Ако не си заинтересиран за програмирање , ја би ти препрачал на Машински да идеш . Остај ги програмериштава , некој треба да го и изработи хардверот на кој ќе програмираат :D
Професорите се генерално ОК , освен Кандикјан што го води "Индустриски дизајн" :)
Не би ти препрачал да се запишеш на Моторни Возила , веројатно е најтешко да најдеш работа во Македонија со таа насока . Јас кога повторно би се запишувал на машински би се запишал на некоја од енергетските насоки , Термичко инженерство или Хидраулика ти се топ насоки и во Македонија и секаде во светот ќе најдеш работа во таа сфера , плус се меѓу најплатените профили на инженери . Ако не те интересира многу флуидно инженерство и енергетика , тогаш Мехатроника ти е следен најдобар смер .
 
Член од
14 јануари 2016
Мислења
52
Поени од реакции
17

Следи ги твоите желби и интереси, а не тоа што е тренд и што го избираат сите. Тоа што ти го викаш нормалната математика (конкретно Математика 2) може да се каже дека е и потешка од линеарна алгебра. Со самото тоа што викаш дека премногу те интересираат возила, а програмирање не ти идело не знам од каде е идејава за ФИНКИ?? Како што кажав на почетокот, тој што е упорен и посветен во тоа што го учи секако ќе најде работа, а во случајот и двата ти се просперитетни (зборам за МВ и ИНД). Двата смера се под истиот институт и дел од професорите се исти.

А освен Кандикјан да ги претставеше и професорите на ХЕИ и АУС па да видиме дали е баш сјајно? Ако збориме за енергетика многу подобар избор е ФЕИТ, ама ајде да не навлегувам тоа е надвор од темава. Муабетов дека во Македонија со мехатоника полесно ќе најде работа отколку со моторни возила е смешки хахахаха.
 
Во право си Македонија има огромна авто индустрија , сите инженери од моторни возила директно во авто сервиси ќе се вработат :) Има неколку фабрики што произведуваат автомобилски компоненти во Македонија , како БМВ менувачи на брзини исл ама тие претежно вработуваат од сите струки инженери затоа што компонентите што ги прават се веќе дизајнирани од матичната компанија па повеќе слушам дека мои колеги од ПИ таму се вработиле него МВ .
Да имаше гадови професори , но главните отидоа во пензија колку што знам , Мирчевски , Поповски , Арменски... се сеќавам Лазе Трајковски беше доста заебан ама можно е и тој во пензија да отишол . Како и да е во сите насоки ќе добие диплома Машински инженер , ако толку го влече МВ нека иде таму , јас само сакав да му кажам откако почнав да работам што воочив , секој со свое на крај :popce:
 
Член од
27 јуни 2019
Мислења
59
Поени од реакции
41
Следи ги твоите желби и интереси, а не тоа што е тренд и што го избираат сите. Тоа што ти го викаш нормалната математика (конкретно Математика 2) може да се каже дека е и потешка од линеарна алгебра. Со самото тоа што викаш дека премногу те интересираат возила, а програмирање не ти идело не знам од каде е идејава за ФИНКИ?? Како што кажав на почетокот, тој што е упорен и посветен во тоа што го учи секако ќе најде работа, а во случајот и двата ти се просперитетни (зборам за МВ и ИНД). Двата смера се под истиот институт и дел од професорите се исти.
Идејата за Финки е само поради муабетите дека е добро платена таа работа и ништо друго.. Не ме влече дремење пред компјутер и куцање на кодови толку многу како што ме интересира како работат возилата, од што се составени и сите тие ситници околу нив...

И уште едно прашање..Пошто гледам дека се истите предмети горе-доле на сите смерови во прва година и после се мењаат, дали постои можност за префрлање од еден во друг смер ? Дали тоа би било во втора или трета доколку не се пронајдам целосно ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom