Помош! - ми треба одредено дело/проект...

mUv@ ThE DoGg

oLd ScHoOl PerSoN
Член од
29 септември 2005
Мислења
363
Поени од реакции
5
Луѓе чујте и почујте.
Ми треба проект за на училиште нешто во врска со оридска архиепископија или културана на балканските земји и македонија од 15 до 18 век. Е па сурфери ајде покаже те се оти ќе ми летни главчето ако не ми кажите.
 

Офчар

The Bite of The Mamba [81]
Член од
24 април 2005
Мислења
3.717
Поени од реакции
57
mUv@ ThE DoGg напиша:
Луѓе чујте и почујте.
Ми треба проект за на училиште нешто во врска со оридска архиепископија или културана на балканските земји и македонија од 15 до 18 век. Е па сурфери ајде покаже те се оти ќе ми летни главчето ако не ми кажите.
mk.wikipedia.org
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Јаков шо си му пишал на детето само од тебе да чита пост, остај го нека прочита и некој од Енигма :)).
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
МПЦ, Охридската Архиепископија

МПЦ има долга традиција. За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград. Потоа, таа црковна традиција ја наследува Св. Климент, како прв словенски епископ, воопшто во светот (Извор: МПЦ). Според пишаните документи од средовековна Македонија, Житија, итн. средновековните македонци како духовни лидери ги спомнуваат Деволските (охридските) Епископи, а Цариградскиот или Преславскиот Патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека сме имале црковна автономија во тој временски период.
Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата”). За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria). Но, бугарската историографија Рим го преведува со Византија, иако Рим значи Рим, а Византија се викала Романија (гр.) или Грција (лат.)!
Создавањето на посебна црква во Македонија е најголем доказ за постоење на ново Царство, на нова држава. Во исто време постојат две цркви, Македонска и Бугарска, со два посебни Патријарси. Два народа, имаат две посебни Цркви. Македонскиот Патријарх во 998 г. е гг. Герман (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата”), а на бугарскиот патријаршки преславски трон седи гг. Глигориј (Ц'рковен Вестник, Издание на Б'лгарската Праvославна Ц'рква, Година 103, број 9 и 10, Софија, 1-30 мај 2003, naslov ”Б'лгарските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА). Под јуриздикција на Охридската Патријаршија се наоѓаат и делови од Бугарија, т.е. шопскиот словенски крај и смолјанскиот. Во сеуште непознат временски период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски”, и како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква). По укинувањето на Преславската Патријаршија, Охридската Патријаршија својата јуриздикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, Малта и се до Сицилија.
По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј Втори Македонецот, ја инкорпорира Македонија во Византиската Империја, ги руши световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна Гора, Панонија до Срем. Охридската Патријаршија не ја уништува, туку и го намалува ранкот на автокефална Охридска Архиепископија и дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија. Така, Охридска Архиепископија станува главна црковна организација на „цела тема Бугарија”, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од[[ тогаш, Охридскиот Архиепископ се титулирал како Архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија]].
За жал, бугарските историчари многу добро се запознати дека Охридска Архиепископија е со дијацеза на „цела тема Бугарија”, а не на држава Бугарија, бидејки во Византија постоеше само една Бугарија, а тоа е темата Бугарија- военоадминистративна област. За да се докаже „бугарски” карактер на Охридската Архиепископија, бугарската историографија лажно тврди дека последен Бугарски Патријарх е гг. Дамјан, кој во 971 г. отишол во Охрид и таму ја продолжил традицијата на Бугарската Црква т.е. ја пренел Бугарската Црква во Охрид. Но, тоа е една голема лага! Бугарскиот Патријарх гг. Дамјан никогаш не станпнал во Македонија и не дошол во Охрид, останал целиот свој живот во Силистра, кај своите туркобугари и таму починал. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамјан”, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова). Посмешен е фактот, што и покрај ваквиот најуверлив доказ дека гг. Дамјан никогаш не стапнал во Македонија, бугарската историографија упорно пропагира дека баш тој ја основал Охридската Патријаршија, секако како Бугарска Црква. Не само тоа, туку според сите историски документи гг. Дамјан не бил последен Бугарски Патријарх од Силистра; после него го имаат туркобугарите за Бугарски Патријарх гг. Глигориј (Ц'рковен Вестник, Издание на Б'лгарската Праvославна Ц'рква, Година 103, број 9 и 10, Софија, 1-30 мај 2003, наслов: ”Б'лгарските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА), кој паралелно постои за време на Македонскиот Патријарх Герман од 998 г. (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата”). Не е можно една држава да има два Патријарси и две посебни национални Цркви, па, поради ова, бугарската историографија е контрадикторна сама на себе. Бугарскиот Патријарх гг. Глигориј е упокоен како „Митрополит на Бугарија”, а неговата Бугарска Црква е ставена под јуриздикција на Охридската Патријаршија, за време на владеењето на Цар Самоил (види православен календар на Бугарската Православна Црква). Штом средновековната македонска држава ја снижила Бугарската Патријаршија на ниво на Митрополија Бугарска, сосема логично е дека државата на Самоил не се викала Бугарија, бидејки Бугарија била само негова провинција.


:coffee:
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
ИТНО

Ми требаат било какви информации за развивањето на универзитетите во времето на хуманизмот и ренесансата!?!?!?Најкасно до утре 12 саат!
Ве молам од се срце!:wub::wub::wub:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ако ви е потребна помош, нема потреба од отворање нови теми, еве тука можете да пишете:)
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
FortunE напиша:
Ако ви е потребна помош, нема потреба од отворање нови теми, еве тука можете да пишете:)
Се извинувам нема да се повтори!:kajg:Сега ве молам ако знаете нешто што побарав напишете!
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
vlatko напиша:
Ми требаат било какви информации за развивањето на универзитетите во времето на хуманизмот и ренесансата!?!?!?Најкасно до утре 12 саат!
Ве молам од се срце!:wub::wub::wub:
Ама за никаде информација ти треба еј.:icon_eek:
Мора баш така да е?:raz::(
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
The`bItCh напиша:
Ама за никаде информација ти треба еј.:icon_eek:
Мора баш така да е?:raz::(
Епа мора оди кажи и на професорката по Македонски:kez: дека е лудача!:icon_mad::icon_mad::icon_mad:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Не сум сигурна, мислам дека имам нешто околу ова, ама сега ти текна да кажеш? Абре деца, деца, секогаш јајцето на г`зот кога ќе ви дојде ви текнува да барате помош.
А и да имам нешто за ова, тешко дека до утре до 12 би ти го ставила тука:(
Друг пат кога барате помош, гледајте да дадете малку време да се потрудиме да најдеме.

п.с. немој така за професорките по македонски:)
 
Член од
29 јануари 2006
Мислења
13
Поени од реакции
0
pomos

mi trebaat site informacii za coveckiot organizam a posebno zadisenjeto do vtornik ne utre po 1 nedela
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
FortunE напиша:
Не сум сигурна, мислам дека имам нешто околу ова, ама сега ти текна да кажеш? Абре деца, деца, секогаш јајцето на г`зот кога ќе ви дојде ви текнува да барате помош.
А и да имам нешто за ова, тешко дека до утре до 12 би ти го ставила тука:(
Друг пат кога барате помош, гледајте да дадете малку време да се потрудиме да најдеме.

п.с. немој така за професорките по македонски:)
Епа не сум ја крив денес ни кажа али нема везе се снајдов многу супер текст најдов сепак фала!:icon_lol:
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Jas mislam deka ovoj topik treba da se zakluci.Ke se naucat sega i site ke idat ovde so domasnite raboti. AJ da vidite za dve endeli ke imame eden kup deca so tetratkite u race.....
 
Член од
29 мај 2005
Мислења
2.216
Поени од реакции
41
Jakov напиша:
Jas mislam deka ovoj topik treba da se zakluci.Ke se naucat sega i site ke idat ovde so domasnite raboti. AJ da vidite za dve endeli ke imame eden kup deca so tetratkite u race.....
Abe ne se frlaj vo uloga na profesor! Pomagaj ako mozes,ako ne,ne gi karaj decata,aaaaa..pa viseeee...:)
Ne treba da se zakluci topicot.Bas si e na mesto i e potreben,OCIGLEDNO!
Deca!Neli sum vo pravo?;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom