Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Сигурно ли сакаш да напишеме тука? Немој да зажалиш после. :icon_lol::icon_lol:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
ovoj FORUM stvarno vo posledno vreme stana KAJGANA.
овој ФОРУМ стварно во последно време стана КАЈГАНА.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Сега ќе ти помогнам на кратко, на првото патување Гуливер бил Џин, а на второто патување џуџе.
Значи човек-џин-џуџе.
И напрај една добра работа, прочитај ја книгата, убава е.
 
Член од
26 ноември 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
Дали некој знае каде да ја најдам „Угурсуз“ од Сашо Тасевски ?
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Добар ден.
Да не знаете форумџии каде може да се купи речникот по Македонско-Германски и Германско-Македонски јазик од авторите Ранка Грчева и Петер Рау.
Ова е речникот вака изгледа http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=2582
тука пишува дека издавач е Просветно дело. Јас бев во Просветно дело пред 5 дена и ми кажаа речникот бил распродаден, го барале у студенти да го купат оригинал но го немало. Вртеа телефон на други вработени во Просветно дело за да не го има случајно речникот во магацин но сепак одговорот беше дека речникот го нема ниту во магацин.

Во 2006 година овој речник бил издаден и од страна на Магор издавачка куќа но веројатно и таму го нема штом е пред 10 години издаден речникот. Изгледа и професорката Рачева е во пензија и веројатно нема да има второ издание на речникот.

Ваше мислење форумџии ако може дали некаде знаете да го има овој речник.
На Филолошки факултет во книжарата прашав и ми кажаа во оригинал го нема речникот, туку само го има како копија да се ископира за 350 денари сите 1000 страници од речникот. Но јас повеќе сакав да го имам како оригинал, бидејќи копиите при прелистување и читање полесно се кинат и распаѓаат отколку оригиналот.
Јас не сум студент на Филолошки туку го учам на курс Германскиот јазик па сакав и речник да си имам. Баш гледам автор на овој речник е човек на кого Германскиот му е мајчин јазик па може има и квалитет на речникот.

Вие форумџии кој речник за Германски јазик користите ако може препорака за добар речник да купам. И битно ми е да има во речникот пред преводот на зборовите и во кој род е секој збор во Германскиот јазик, бидејќи тоа е многу битно.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.789
Поени од реакции
6.992
Каде да проверам на старо? На кое место и локација?
Молам информација.
Кај Соња на плоштад, мада таму очекувај да е поскапо. Можеш на кеј, на тезгите што се поставени.
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Немам појма каде,кога,колку е купен, јас го учев без речник јазикот, на улица. Мајка ми учи од овај речник има 740 страници ако го најдеш некаде купи го без размислување има буквално се во него, може е скап но еднаш купуваш нели.
20160929_191701.jpg 20160929_191757.jpg
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
http://makedonisch.info/search

Онлајн речник, имат многу зборој и е точен за разлика од гугл транслејт. Од ко го користам овој немам отворено книжен речник..
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Фала на одговорите форумџии.
Јас не сакам онлајн речник, сакам книжен речник.

Ќе побарам на плоштад и покрај кеј на тезгите да не го има случајно речникот кој што го барам. Ако го нема и таму речникот, тогаш ќе барам во книжара речник.
Само сакам во речникот да има пред преводот на зборовите, да пишува во кој род е зборот во Германски јазик, тоа е битно да го има. Семафор пример во Германски јазик е женски род, во Македонски не е така, има за многу зборови така не се во исти род во Македонски и Германски јазик зборовите.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.105
Поени од реакции
3.952
Мене речников 10 години ми стои во регал (баш овој што го бараш) и во живот го немам отворено и цело време барам на некој да му го дадам колку да се отарасам од него, да можев ќе ти го дадев сега ама рачунај во Виена живеам па малце тешко, али ако некад поминуваш навака пиши :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom