Помош! - ми треба одредено дело/проект...

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.534
Побарај ја на страниците за огласи за книги на фејсбук. Се појавуваат од време на време, треба да начекаш. До скоро ја имаше Осмица во издание на Поларис за 100 денари, огласот одеше повеќе недели.
Или објави дека ги бараш, препродавачине веднаш ќе се јават.
 
Член од
13 јули 2020
Мислења
161
Поени од реакции
371
Здраво, ми треба информација каде може да ја најдам книгата 'Сведоштва 2001' од генералот Панде Петровски, или ако ја продава некој слободно нека ми пише во порака
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541
Дали на Boksy има голем број аудио книги на македонски јазик?

Со англискиот не сум толку добар за да слушам книги на англиски јазик.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.572
Поени од реакции
81.110
Во која наша книжара може да се најде Космос од Карл Сејган? Знам ја имаше на српски на КупиКнига пред некој период, ама еве гледам сега се потрошило :(
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.692
Поени од реакции
33.327
Во која наша книжара може да се најде Космос од Карл Сејган? Знам ја имаше на српски на КупиКнига пред некој период, ама еве гледам сега се потрошило :(
На македонски ја имаше Табернакул издадено, ама тоа по книжарници невозможно да го најдеш. Продаваа пред некое време по фејсбук групите на старо, ако најдам ќе ти пуштам.

На англиски пребарував, ја нема ни во Литература ни во Академска Книга. Единствено Икона да прашаш, зашто нивниот сајт не го бива баш.

А на српски не знам. Матица, Три - тие се така меѓу поголемите кои продаваат книги на српски, едино таму да прашаш.

Е сега, за КупиКнига - пред неколку дена се споија со Литература.мк, сега заедно функционираат. Значи можеш да појдеш и по нивните книжарници и да прашаш да не има некаде останато нешто. Само што - штом онлајн не дава резултати, веројатно нема.
 
Член од
16 август 2022
Мислења
19
Поени од реакции
41
Да ве замолам ако имате pdf книги од Благоја Корубин-Јазикот наш денешен 1-6!

Sent from my STK-LX1 using Tapatalk
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Дали имаме студент/ка на катедрата за славистика? Или некој што го има изборот поезија од Адам Загајевски во издание на СВП? Кобис покажува дека книгата не е достапна за издавање ни во двете универзитетски библиотеки.

Ја барам „Жалбата на момчето од дамнешните години“. Имам аудиоснимка и транскрипција, проблемот е што не можам да ја фатам метриката, ни да утврдам дали е а/строфична, а ми треба за цитат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom