Помош за избор на лаптоп

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Или прашај за колку би ти го донеле овој:


или нешто како овој (би требало да држи над 5 часови батерија).

 
Член од
27 јуни 2017
Мислења
21
Поени од реакции
2
Добри се

Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk

во споредба со интел и3 10генерација кои се подобри ? ми спомнаа дека овие многу грееле.
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
во споредба со интел и3 10генерација кои се подобри ? ми спомнаа дека овие многу грееле.
Автоматски споено мислење:
15W процесор грее :)


Нема i3 што може да се мери со овај процесор, i5 1035 е подбар, ама како што гледам ти стаса веќе до 35.000 денари лаптоп, така да оти не си го земиш 4700U. Ѕвер е нема во моментов ништо интел што може да се мери со него, грее помалце од интел.
 
Член од
27 јуни 2017
Мислења
21
Поени од реакции
2
15W процесор грее :)


Нема i3 што може да се мери со овај процесор, i5 1035 е подбар, ама како што гледам ти стаса веќе до 35.000 денари лаптоп, така да оти не си го земиш 4700U. Ѕвер е нема во моментов ништо интел што може да се мери со него, грее помалце од интел.


https://www.neptun.mk/pocetna/categories/prenosni_kompjuteri/ACER-A515-43-R013-R5-3500U-16GB-512GB-SSD

за овој викаш да го зеам така ?
или некој друг...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Значи зависи колку пари имаш и спрема чергата си ги пушташ нозете. Тоа значи дека некаде мора да се скрати. Меморијата е најбитна 16гб се многу битни, потоа брз SSD, па дури после тоа е процесорот. Башка овај процесор е побрз од било кој i3 што постои од Интел.

За греење тешко дека 15w процесор грее, но е помалку ефикасен од Интел и ќе имаш помалце време на батерија.

Лаптопов има и backlight на тастатура, нешто тешко се најдува во овај ценовен ранг, а битно за ноќна работа.

Јас ти кажав од тестот мене само мониторот ќе ме нервира, ама за програмирање и така е добро да си поврзиш уште еден монитор, па можеш да си земиш поквалитетн монитор на HDMI.

Прочитај го уште еднаш тестот, затоа што овие прават одлични тестови и како што беше тестот за мојот лаптоп во 2017 така беше од збор до збор ко го купив.

 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2017
Мислења
21
Поени од реакции
2
Значи зависи колку пари имаш и спрема чергата си ги пушташ нозете. Тоа значи дека некаде мора да се скрати. Меморијата е најбитна 16гб се многу битни, потоа брз SSD, па дури после тоа е процесорот. Башка овај процесор е побрз од било кој i3 што постои од Интел.

За греење тешко дека 15w процесор грее, но е помалку ефикасен од Интел и ќе имаш помалце време на батерија.

Јас ти кажав од тестот мене само мониторот ќе ме нервира, ама за програмирање и така е добро да си поврзиш уште еден монитор, па можеш да си земиш поквалитетн монитор на HDMI.
Прашувам за процесорот, RAM i SSD може да се вгради од после лесно, за разлика од Процесор.

за цена околу 25.000, за тоа и прашувам толку да го извадам макс на парите :D
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Прашувам за процесорот, RAM i SSD може да се вгради од после лесно, за разлика од Процесор.

за цена околу 25.000, за тоа и прашувам толку да го извадам макс на парите :D
Рамот на голем број на лаптопи е залемен, па тешко дека ќе смениш. На овај гледам не е.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Прашувам за процесорот, RAM i SSD може да се вгради од после лесно, за разлика од Процесор.

за цена околу 25.000, за тоа и прашувам толку да го извадам макс на парите :D
Абе не е ова ракетна наука, види кои лаптопи ти влегуваат во ценовниот ранг што можеш да си го допуштиш и постави си ги следните прашања:

1. Во што ќе програмираш.
2. Колку се системски побарувања на тој IDE.
3. Кои останати софтвери ќе треба да ти се активни во паралела со него (колку табови на хром, мозила, виртуелки, бази, сервер, гит, софтвери за снимање, за комуникација и што бараат тие...)
4. Дали тоа што го проектираш примарно бара процесорска моќ или најбитна е меморијата. И дали ти треба процесор што има повеќе јадра или пак процесор со поголем clock speed (види дали јазикот користи повеќе од едно јадро одеднаш).
5. Дали SSD ти менува многу во самата работа или само додека да се подигне софтверот на почеток.
6. Што нуди пазарот.
7. Дали тоа што ти ги дава сите системски побарувања има и соодветна ергономија.

Цената на лаптопите не е случајна, ако се е „гром“ тогаш цената е висока оти и деловите се скапи, ако е цената ниска тогаш гарант некаде е штедено: процесор, графичка, меморија, хард диск, монитор, батерија, тастатура, ладење и тн.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
990
Поени од реакции
3.950
Рамот на голем број на лаптопи е залемен, па тешко дека ќе смениш. На овај гледам не е.
На овој не е и можеш сам да си го смениш, нормално ако си способен.


На видеото е А315-42 ама скоро исти се со А515-43, разликата е само во тоа што А315 има 8 GB RAM и HDD од 1 TB, a A515 користи SSD од 512 GB и има 16 GB RAM
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
На овој не е и можеш сам да си го смениш, нормално ако си способен.


На видеото е А315-42 ама скоро исти се со А515-43, разликата е само во тоа што А315 има 8 GB RAM и HDD од 1 TB, a A515 користи SSD од 512 GB и има 16 GB RAM
Абе можиш и термална паста да му смениш ако знаеш :D


Инаку лаптопов се повеќе ми се бендисува, гледам и слободно место има за 2.5'' диск, ако продолжам уште малце да го гледам ќе појдам да го купам за ќерка ми за на факултет ќе биди солиден. :)
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
Нов лаптоп со AMD 4000

И најпосле нешто ко за мене.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Нов лаптоп со AMD 4000

И најпосле нешто ко за мене.
Овој не е ни натаму ни наваму.
За гејминг нема графичка, за програмирање треба да земеш минимум уште една плочка од 8гб рам, за стендалоун пример за цртачи (градежници што работат 2д, машинисти, електраши во CAD софтвери ем има мал монитор ем пак фали рам, па и графичка).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom