Помош за избор на апарат

  • Креатор на темата staycalm
  • Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.454
Spoiler alert: Постов е поприлично офтопик, ама ова го сфатив откако го напишав :)

Ако праиме муабет за тиња опрема квалитетен продукт побарај го Zewlean Icarus, инаку Димитар Апостолов, мада малку го знаат според вистинското име и презиме. Побарај ја Ерина Богоева. Не знам со што опрема работи, ама многу е ТоБ нејзиниот финален продукт.

За светски познат... чек да почнам, ми текнуваат неколку што се објавувани по Њу Јорк Тајмс и слични списанија. Прв е човекот од кого јас учев фотографија, Марко Георгиев, моментално живее и работи во Њу Џерси. Се прослави со фотогафирање на ураганот Катарина.
Потоа одиме со Роберт Атанасовски - Роко, редовно го објавуваат во LA Times.
Има уште еден двајца арт фотографи што се објавувани по значајни места, ама јас слабо стојам со имињата во тој жанр.
За фотографија за календар, разгледница со природните убавини, мене ми се допаѓа работата на Влахо Бранѓолица.

Појди ти по патот со камерата па ќе дознаваш и запознаваш фотографи.

И мојата специјалност, бродска фотографија :) Еден мој бифш менаџер ми викаше дека Јован Божиновски е најдобар фотограф со кој работел :) И од време на време по сајтовиве за крстарења може да се начекаат фотографии од Стефан Стефков.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Препораки за апарат некој? Не ми треба за работа, чисто така за домашни слики, екскурзии, одмори, нови години... :D
Гледав во Сетек професионални, мислам дека беа Canon, 23.000 ден. па се мислам дали од тие да земам некој.. а исто имаше и полу-професионални (12-13.000). Што мислите?

http://setec.mk/Nikon-D3200-D-SLR-Black-SET18-55mm-VR11576

http://setec.mk/Canon-EOS1200D-EFS-18-55-ISII12178
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268

не се ни едните ни другите професионални ниту пак би требало некој апарат да се нарекува професионален или аматерски, то се други поими, професионалец е оној кој живее од фотографија, кој со фотографија заработува за живот, а аматер е оној кој слика од хоби или лични желби така да имаш “аматери“ кои прават уметнички изложби и имаш професионалци кои сликаат свадби и матури.
али на страна тоа кој и да земеш од двата модела, нема да згрешиш ако ти е за твои потреби
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111

Ваљда мислеше на DSLR ки и Point and shoot.
Коа би бирал меѓу едните и другите, би почнал со стартер DSLRки пошо не се толку lazy for learning и ти ја нудат опцијата да научиш нешто повеќе во светот на фотографијата. Скап point and shoot пак има помал сензор (мање више) и опциите му се поавтоматизирани. Башка ако ти се угоди, кај првите секогаш можеш да се надоградуваш во lens опрема.
 
Ако сфатив добро, сакаш да кажеш тој од првиот линк е повеќе како за мене?
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Ако сфатив добро, сакаш да кажеш тој од првиот линк е повеќе како за мене?
и двата се D-SLR, кој да го одбереш, нема да згрешиш.

тие од 12.000 се point&shoot. нема шт ода ги гледаш тие ако имаш пари за d-slr.

може некои тестови на нет да разгледаш за да ти помогнат да се одлучиш
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
Ако сфатив добро, сакаш да кажеш тој од првиот линк е повеќе како за мене?
Не не, и двата што ги стави се ДСЛРки.
Шо знам, јас сум корисник на Канон, ја имам 1100та (модел малку постар од 1200) нуди одлични перформанси, особено ако научиш да го бараташ солидно (а суштината многу брзо се учи). Од друга страна, сеа Никон имаат поширока лепеза на gear низ скопјево, но често варира ситуацијата на пазарот, така да ништо не е сигурно 100%. Опремата за канонот е поефтина за некои ствари (пример 50mm леќа ти е некаде 100тина евра додека на никон е тро посолена. Ама пак тоа не игра некоја огромна улога, ако си решил да го користиш апаратот без некои чести надоградби.
Final remark, Канон има тенденција сликите да ги рави со потопли бои додека никонот обратно , што пак ќе кажам 10 минутно работење во Lightroom се решава без проблем.
Скоро и да се еден ист модел. Ако имаш план за почеста надградба, више би Канон. За се` друго е апсолутно ирелевантно.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.610
Поени од реакции
11.154
Препораки за апарат некој? Не ми треба за работа, чисто така за домашни слики, екскурзии, одмори, нови години... :D
Гледав во Сетек професионални, мислам дека беа Canon, 23.000 ден. па се мислам дали од тие да земам некој.. а исто имаше и полу-професионални (12-13.000). Што мислите?

http://setec.mk/Nikon-D3200-D-SLR-Black-SET18-55mm-VR11576

http://setec.mk/Canon-EOS1200D-EFS-18-55-ISII12178
не се ни едните ни другите професионални ниту пак би требало некој апарат да се нарекува професионален или аматерски, то се други поими, професионалец е оној кој живее од фотографија, кој со фотографија заработува за живот, а аматер е оној кој слика од хоби или лични желби така да имаш “аматери“ кои прават уметнички изложби и имаш професионалци кои сликаат свадби и матури.
али на страна тоа кој и да земеш од двата модела, нема да згрешиш ако ти е за твои потреби
Ваљда мислеше на DSLR ки и Point and shoot.
Коа би бирал меѓу едните и другите, би почнал со стартер DSLRки пошо не се толку lazy for learning и ти ја нудат опцијата да научиш нешто повеќе во светот на фотографијата. Скап point and shoot пак има помал сензор (мање више) и опциите му се поавтоматизирани. Башка ако ти се угоди, кај првите секогаш можеш да се надоградуваш во lens опрема.
Го земав Никонот, направив неколку слики, добри излегоа, некои ептен лоши и заматени и така.. :D

Совети се добредојдени, како да сликам денско, како вечерно време и некои други битни ствари. Тие уште не ги разбирам која им е разликата што се блиску до копчето за сликање, има Auto, P, A, M, S и др... на кои е најдобро да сликам? кога блицот да ми е уклучен? Дали фокусот е подобро да е на аутоматик или мануал?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Го земав Никонот, направив неколку слики, добри излегоа, некои ептен лоши и заматени и така.. :D

Совети се добредојдени, како да сликам денско, како вечерно време и некои други битни ствари. Тие уште не ги разбирам која им е разликата што се блиску до копчето за сликање, има Auto, P, A, M, S и др... на кои е најдобро да сликам? кога блицот да ми е уклучен? Дали фокусот е подобро да е на аутоматик или мануал?
Moра да ги поднаучиш основите на фотографијата за полесно да разбереш кога и кко да сликаш, тоа е доста едноставно и разбирливо. Фотографја е всушност фаќање на светлото во апаратот, во него влегува светлина со се сите информации за она шо го сликаш и таа се запишува на сензор па на картица и добиваш слика

На апарат, основно се мести ISO, Отвор на бленда (А), брзина на окинување (Ѕ) и фокусот.

ISO ти е осетливоста, што помалце имаш светло за сликање тоа ПОГОЛЕМО исо треба да наместиш, пример дење надвор на сонце ИСО 200, облачно или приквечер кога сонцето веќе зајде али уште има светлина исо 400, во подобро осветлени простории 800 помалце осветлени или улица ноќе осветлена 1600 или 3200 зависи од светлината.... то ќе треба сам да го пробаш Али да знаеш дека шо поголемо ИСО сликата ќе биде позрнеста по “валкана“ кај твојот апарат не би требало да има поголеми проблеми до ИСО 3200, порано на постарите и сега на овие “идиотите“ и ИСО 800 а некаде и 400 беше лоше

Отвор на бленда - тоа А на апаратот значи колку ќе го наместиш отворот на блендата за влез на светло во апарат. Кога си надвор на сонце отворот треба да е помал, внатре во затворено или при послабо светло - поголем. Значи ако е потемно на апарат му треба повеќе светло да влези за да запише добро информациите а ако е сончево треба светлото да се редуцира да се намали за да не дојде внатре преосветлено Кај отворот ПОМАЛАТА бројка значи поголем отвор, пример 3,5 е поголем отвор од колку 5,6 или 8, инаку твојот објектив претпоставувам дека има најголем отвор 3,5 што не е баш доволно за сликање во темни услови за тоа треба барем 2,8 да е или уше поарно 1,8 или 1,4... али зато со помош на ИСО или брзина на окинување то малце ќе се надокнади. Кога ќе наместиш на А ти бираш кој отвор на бленда ќе сликаш а апаратот автоматски ќе ти мести брзина на окинување

Брзина на окинување (Ѕ) значи колку брзо апарат ќе отвори и затвори бленда то ест колку време блендата ќе биде отворена за да влезе светло во апаратот и тоа се мери во делови од секунда, во потемни услови треба да стои повеќе отворена за да влезе повеќе светло во апарат а во добро светло доволно е и кратко отварање на бленда за да влези доволно светло, пример во некој кафиќ ќе сликаш со 60 брзина а надвор на сонце 1000 или повеќе. Кога ќе наместиш на Ѕ ти бираш која брзина на окинување ќе имаш а апаратот сам ќе ти намести отвор на бленда

Ако наместиш на М тоа е мануелен мод тука се сам местиш и брзина на окинување и бленда али то е за поискусни фотографи

Фокусот остави го на автомастки за сега

Ако наместиш апарат на АУТО тој сам ќе “види“ колку светлина има, и ќе намести и ИСО и бленда и брзина најсоодветна за таа ситуација али со такво сликање не можеш да учиш или експериментираш со фотографирање или влијаеш како да изгледа фотката

Ако ти е само за сликање наоколу држи го на АУТО ако имаш желба за да совладаш научиш и одиш понатаму во фотографијата, пробај со погоре опишаните начини, пример со различни подесувања можеш сам да наместиш позадина да биде замаглена или предниот дел замаглен останато шисто или да доловиш ефект на движење и слично шо кај АУТО тешко оди или оди како сака апарат а не ти.
и на АУТО некогаш нема да ти излезат добри слики пошто пимер апарат во слабо светло ќе ти намали брзина на 30 ти сликаш концерт, каде бендот се треси скока и припаѓа на сцена а со таа мала брзина ќе излезат како замачкани...... али почни совладај ги основните работи, сфати зошто некои фотки не ти испаднаа добро, види кај е проблемот и ќе можеш сам да наместиш и подесиш апарат....
 
Последно уредено:
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.111
.. или разгледај многу стартер туторијали ако не моеш да го следиш Лет 3 што ти има пишано. Ама за да не можеш да го следиш треба да ти фали нешо, така да исчитај го Лет 3, па ако имаш некои ситни нејаснотии ѕирни ги туторијалите. Ама во глобала тоа е тоа што погоре ти го пишаа.

Коа ова ќе го избараташ до задоволително ниво, почни со manual focus на домаќа атмосфера, мртва природа, ствари што не мрдаат многу. Али за тоа, потоа.
 
I

INFECTED

Гостин
Едно другарче ми го пофали Canon PowerShot SX60 како квалитетен фотоапарат со одличен зум, што мислат по запознатите? Доколку ми предлагате да го купам, како да го купам по најповолна цена (по нет или од наши салони)?

Sent from my Nexus 6P using Tapatalk
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Едно другарче ми го пофали Canon PowerShot SX60 како квалитетен фотоапарат со одличен зум, што мислат по запознатите? Доколку ми предлагате да го купам, како да го купам по најповолна цена (по нет или од наши салони)?

Sent from my Nexus 6P using Tapatalk
Toa e coлиден апарат во своја класа, секако има и подобри и поскапи али најчесто чоек си има буџет за апарат па во негови рамки си бара најдобро, ако можеш земи си од овде, ако не е многу поскап пошто ќе си имаш гаранција и нема да треба во случај на дефект да го праќаш негде во странство или да си плаќаш поправка иако е во гарантен рок али н важи гаранцијата тука
 
Чув дека имал најдобар зум од таа класа/категорија. Инаку ако го купам прв фотоапарат ќе ми биде. Сретнав пред некој ден на јутјуб еден сони истотака со добар зум али помалечок, колку две кутии цигари нз што марка беше али овај е препреодличен према цената. Ќе ми треба за фотографии и снимки од далечина. Туку каква батерија има?

Sent from my Nexus 6P using Tapatalk
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Чув дека имал најдобар зум од таа класа/категорија. Инаку ако го купам прв фотоапарат ќе ми биде. Сретнав пред некој ден на јутјуб еден сони истотака со добар зум али помалечок, колку две кутии цигари нз што марка беше али овај е препреодличен према цената. Ќе ми треба за фотографии и снимки од далечина. Туку каква батерија има?

Sent from my Nexus 6P using Tapatalk
најубо е некој кој користел такви апарати па да ти каже, вака само од интернет шо ќе најдам и прочитам по тестови и мислења можам да кажам.
Зум е само една од карактеристиките на апарат, aко сакаш екстремен зум Coolpix P900 има 83Х зум, али кај тие малите апарати комбинации на ниска цена, мал сензор голем зум... не се секогаш најдобри, не знам за шо ти треба зум ако е за денски фотки низ планини може да помине иако нема да биде ни блиску до квалитет на некој ДСЛР апарат со квалитетен објектив (јас најголем зум имаф канонов 70-300) и беше многу брз и остар али не ми требаше појќе од два пати годишно па го дадов, пошто мојот стил на фотографии не бара ич зум.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom