Помош за есеј

Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.044
Поени од реакции
19.640
"Возвишениот и достоинствен израз, спротивните особености го прават низок и грд" Ај ако може некој да ми помогне на темава есејов ми треба за утре и немам никаква идеа што да напишам.
Не можам да ти напишам есеј, но можам да ти кажам јас како пишував есеи: смислуваш една реченица и истата ја прераскажуваш едно 10-15 пати. И ете ти есеј.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Лазар, ќе се разбереме утре на час со тебе.

А кога се зачленуваш на форуми да бараш помош за во школо препорачливо е да не го користиш вистинското име и презиме.

Тоа што им ја дадов таа тема е во склоп со програмата. Немој да судите предвреме.
А дали ти знаеш дека му се закануваш на ученикот на јавен форум и дека може да му предизвикаш душевна болка, заради што може да те тужи?

:P
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087

Учителе, темата ти е за никаде. Најсериозно. Со такви помпезни и излитени изрази нема никојпат да поттикнеш критичко размислување.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
@Lazar Dimovski, зошто денес не беше на училиште?
Нели ученик беше бе? :vozbud:

Вчера книги завиткува, денес предава...
Убаво ти кажа Родаст, јас не смеам да виткам книги, дали за мене дали за моите деца или едноставно да заработувам од тоа? :P
Од ВМРО е сто посто.
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
А дали ти знаеш дека му се закануваш на ученикот на јавен форум и дека може да му предизвикаш душевна болка, заради што може да те тужи?

:P
Ќе се разбереме ≠ ќе се преметаме
Разбирањето може да се оствари само со помош на јазикот и вербалната комуникација додека пак терминот кој се идентификува со трауматски последици еx futuro од определен момент или дејство, се нарекува “пресметка“. :pos:
Учителе, темата ти е за никаде. Најсериозно. Со такви помпезни и излитени изрази нема никојпат да поттикнеш критичко размислување.
Јавен форум ни во најмала рака не е местото за критики кон научно-образовниот процес. Доколку имаш поплаки и предлози тоа слободно можеш да го упатиш на contact@mon.gov.mk, на телефонскиот број +389 - 23 117 896 или лично во канцелариите на Министерството за образование и наука, на ул. Кирил и Методиј бр. 11 Скопје.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087

Еве едно мислење од мене. Ќе го разделам во неколку точки за да биде поразбирливо. Инаку не, јас нема да се жалам во МОН. Немам доволно образование и кредибилитет.

1. Колку што сум запознаен со научно-образовниот процес, МОН не ги бира насловите за самите есеи. МОН дава само директива по која програма да се работи. Самиот образовен процес + дневните подготовки спаѓаат во задолженијата на самиот наставник. Ако по програмата на МОН има пишување есеј, не доаѓа со наслов. Во самата процесна програма планираш во која работна недела ќе имаш есеј, а во дневната подготовка задаваш тема (а не наслов). Затоа ти како наставник создаваш тема, даваш извори за истражување, и посочуваш насоки во кои треба да се движи самото пишување.

2. Ако на некој му дадеш наслов да пишува, му го ограничуваш мисловното поле. Насловот најчесто е последната работа во еден есеј. Насловот доаѓа од пишувањето на идеи, од преточувањето на знаењата во зборови и реченици. Си доаѓа сам од себе.

3. Критичко размислување не се постигнува со помпезни и излитени наслови. Најозбилно. Таа помпезна реченица може да се каже на поедноставен начин, а да носи многу посилна порака. Именките и глаголите имаат огромна моќ. Придавките се помпезни. Придавките доаѓаат од самото вдахновение и фантазија на тој што чита. Најлошо нешто е да тераш некој да размислува со придавки. По автоматизам го насочуваш да суди. А ако го насочуваш да мисли со глаголи и именки, имаш дејствија и ликови. А на една приказна треба дејствија и ликови. :)

4. Пишувањето есеи е пола креативен процес, пола е редовно вежбање. Не можат сите да бидат креативни на ист начин. Ама сите можат да вежбаат за да си ги преточат мислите во разбирливи реченици.
 
1. Ќе те прашам - дали си видел како изгледа и што содржи наставен план? Комисијата за изработка на наставни програми која е во склоп на МОН ги изработува плановите за целата година како за основните така и за средните училишта и во поголем број од случаите ги дава конкретните наслови на кои учениците ќе изработуваат есеи (ако се предвидени за есеи, бидејќи не е исто за секое одделение или година во средно). Јас како наставник/професор не создавам тема. Темата е создадена од надлежните во повисокото ниво, јас им ја пренесувам на учениците и им давам извори и насоки во кои треба да се движи самото пишување.

2. Дали тука сакаш да кажеш дека треба да им се даваат слободни наслови/теми и за “Социјалната положба на кокошките во Индија“ да ја читам over and over again само поради тоа што таа тема убаво му “легнала“ на ученикот и има социо-либерален став и проширени знаења за конкретната тема?

3. Стварно не знам која ти е поентата и што сакаш да кажеш со оваа точка. Постојат правци во кои што придавките играат клучна улога и правци каде што именките и глаголите ја заземаат таа позиција. Ете на пример кога зборуваме за надреализам за да знам дали учениците добро ја совладале таа материја и имаат претстава што всушност претставува надреализмот мора зададената задача да ја имаат подготвено во рамките на надреализмот, а јас за тоа им ги посочувам насоките по кои ќе се движат во самото пишување.

4. Пишувањето е креативен процес и е потребно вежбање. Креативноста не се создава од седење на форум и молење некој друг да ја заврши работата. Без разлика што темата наиде на критики сепак има некои кои сметаат дека за годините кои ги има Лазар таа е соодветна, тоа се надлежните, и исто така тие процениле дека е потребно и може да се одвои време за да се поработи на тој дел.

5. Лазар да не ти е соученик случајно?
 
Не мора да одиш толку дефанзивно и одбранбено. Нема да ти го земам лебот, ниту пак велам дека си лош наставник. Едноставно споделувам мислење. Ама тоа е една карактерна црта на сите ново-вработени наставници. Се бранат и оградуваат од одговорност, и го посочуваат МОН како извор на сите нешта (и добри и лоши), и дека наставникот нема моќ да смени едно минијатурно нешто. Што се разбира, во пракса не е така.

5. Не. Јас не сум средношколец. Не сум ни студент.

4. Врати се назад да провериш дали сум рекол дека темата не е соодветна. Јас немам проблем со темата. Јас имам проблем со насловот, затоа што е неразбирлив и полн со помпезни зборови и клишеа. Ти како наставник пробај да напишеш нешто на тој наслов, па кажи ми каква ментална блокада ќе добиеш.

3. “Возвишениот и достоинствен израз, спротивните особености го прават низок и грд.“ Колку придавки има тука, а колку глаголи и именки? Извини наставниче, ама да го потпрашаме @Тапетарот Петар да каже едно брзо мислење за моќта на глаголите и именките и како тоа се вклопува во добро аргументирано пишување. (И, да, фикцијата ако не е аргументирана е најобичен нелогичен шунд.) Ама за жал ти не разбра од претходниот пост за моето целење затоа што не проба да го прочиташ критички, а го прочита како напад на твојот начин на работа. А таков луксуз наставник по литература не може да си го дозволи.

2. Не ги извртувај моите зборови, а препрочитај што сум напишал. Есејот не произлегува од насловот. Насловот произлегува од пишувањето. А самото исмевање на моето тврдење, само покажува слабост во аргументација и една од основните заблуди за создавање на добра аргументација.

1. Колку толку сум погледнал наставен план, процесни планирања, и дневни подготовки. Темата е дадена, ама изворите за истражување, текстовите за читање (освен задолжителните) спаѓаат во обврските на наставникот. А насловот на есејот, зависи од тој што го пишува. Во овој случај, ученикот.

пс. Како наставник по Македонски јазик и литература, не би си дозволил да употребувам англиски термини на сред реченица.
ппс. Не сум наставник.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Од таквите наставници како тебе ја замразив работата у школо. Ти не си го прочитал ни уводот на темата.
Дечкото не побара некој да му напише есеј, туку да му помогне, да му даде идеја, оти на наставникот, т.е на тебе, како што може да видиме, не може да смета.
Ама ти како со душа да си чекал да го уловиш и овде му се закани, на јавен форум, и заслужуваш барем да те пријави кај директорот, да се разберете. Значи не да се пресметате, туку да се разберете.

Ти му нанесе душевна болка и му предизвика страв и може да те тужи.

*Правна поука за ученикот:
Во членот 142 зборовите: „нанесувањето на друга физичка или душевна болка или страв“ се заменуваат со зборовите: „повреда на личните права“.
 
Кога веќе ја тупиме работата до влакно.
Субјективно е твоето мислење за “ќе се разбереме утре“. Таа реченица може да варира од својата најсурова форма па се до ниво на најслаткоречив и најдобронамерeн муабет со кој во превод му кажувам: Лазарче, утре ќе се разбереме, ќе ми кажеш што не е во ред, кој дел те буни, каков вид на насока сакаш и тако даље и тако даље.
Најлесно е да се нападне професорот со “од каде ви ископал ваква тема“, “што се мисли на 5ти септември“, “кој му дал диплома“ и слично, а никој не ја забележува најбитната работа. Кога сум ја дал темата за домашна работа дали некој му стоеше со пиштол во главата на Лазар за да не отвори уста? Дали побарал ученикот помош од професорот за темата? Дали прашал за идеја? Дали прашал за насока? Дали темата била во склоп со содржината и материјалот што бил обработен на час? Сакаш јас да ти кажам? - Уста не(ма) отворено. Којзнае и дали слушнал дека е дадена домашна задача или му кажале. После тоа лесно е да отвориш тема на рандом форум и да бараш помош, уште полесно е да се суди колку и дали имам право да му реплицирам на пост.

Претрпен страв, физичка и душевна болка, повреда на лични права и дрн дрн јариња. Сите пораснавме со форуми, готово напишани есеи и заштита од директори или министерства, немој ти се молам.

П.С. Еве ти да си на негово место, на каков начин би ме пријавила кај директорот?
 
Ќе почнам од крајот. Да сум на негово место, нема да те пријавам на директорот. Ти си скоро запослен, значи уште немаш решение за постојан работен однос и сега момантално си викнат од дома за на работа, како на итно и неодложно, значи си партиски војник и директорот нема да има никакво влијание на мојата жалба.
Затоа ќе си фатам адвокат и ќе те тужам за нанесена душевна болка и за претрпен страв. Не само што ќе летнеш од работа, туку ќе ми платиш и 50 000 евра отштета.

Не е субјективно моето мислење. Ти сам кажа дека ученикот не дојде на школо, а тоа е заради претрпениот страв. ЗНачи може да те тужи!

Изнесе лични податоци на малолетно дете. Јас немаше да знам дали тоа му е ник или вистинско име. Ама ти го издаде. Тоа како наставник не смееш да го правиш!
Ама не можеше да не се направиш курназ нели? Нека ти служи на чест.

Темата ти е за никаде, Благоев веќе ти објасни зошто(ти веројантно не го ни разбра).
Јас зборувам за твојот начин на работа. Го оговараш детето овде како да си у школската канцеларија, го ставаш на ѕидот на срамот, го омаловажуваш колку знаел и колку не. Смееш ли тоа како наставник да го правиш на јавен форум?

Зошто ти не му даде насоки на ученикот овде? Или литература? Работата е што ни ти не знаеш што би напишал на темата. Наместо да признаеш и да кажеш дека треба да се менува програмата или да се обидеш да им направиш на децата поинтересно, ти сееш страв како некој комесар од ’46-та!

Да не те лаже снагата. Остај како било. Порано наставниците можеа да се изживуваат и никој не им можеше ништо. Сега се други времиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom