Ај вака едно прашање, во 2011 ми имаа пишано казна потоа ја уплатив казната после 1ипол год или нешто така ми дојде да уплатам некој трошоци од 1000 денари отидов и тие ги уплатив па по потреба отидов и во Пролече да приложам и тоа за секој случај, сега ми доаѓа од извршител после 3-4 години ми доаѓа денеска да сум приложел уплатница кога сум уплатил 1000 денари или во рок од 3 дена да му уплатам 4800 денари за трошоци ? Па дали се здрави? Како прво се имам преселено не ни знам каде е таа уплатница се утепав што се вика од барање не ја ни најдов уплатницата, и сега овие изгледа се прават мутави? Неможат да проверат во своите документи дека една уплатница иде кај нив една кај мене или неможат во пошта да проверат во таа година кога сум уплатил и за што е уплатено дека на самата уплатница си пишуваше за што уплаќам и секако мое име презиме и ембг што значи ако со таа глава малце размислуваат може да седнат и да проверат или ги мачи и сакаат само пари да зимаат? Сега не ми јасно што да правам секако утре ќе отидам во апелационен суд затоа што они самите не водат евиденција за ништо да видам што е работава и што друго да правам? Како прво ова е застарено дело иако јас имам уплатено казна и тоа од 1000 денари зарем неможеле во 2012 или 2011 да ми дојде тој извршител после 4 месеци ако немав платено тоа најчесто се случува кај повеке случаи што имам сретнато од пријатели, а ова после 3-4 години ми доага и на самото пишува која година е и за што а донесено денеска значи од 07.2011 кога е казната и од 04.2012 до 03.2015 па тоа се 3 години ако рачунаме за тие 1000 денари ако е за казната тоа се 4 год дали е ова нормално и сега што можам да направам?