Помош за Игорче Петковски

Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ, со почит Игорче Петковски

Иако јас со моите навршени 35 години, сопруг и татко на две малолетни дечиња Ива и Томи, мислам дека сум ја остварил својата цел во животот. Но не мислат и тие така, јас искрено многу често сакам да кажам „неможам повеќе“, „ до тука било“, „колку дал Бог доста е“, мојата фамилија сепак ми дава сила и причина повеќе да продолжам да се борам. Јас веќе 4 години се борам со многу ретка врста на Леукемија, поточно Hairy Cell, хронична болест која ги напаѓа белите крвни зрнца. Оваа болест се третира со хемотерапија (Cladribine, Retuximab), која за прв пат ја примив пролетта 2009 година. Оваа терапија треба да го стави пациентот во Ремисија, што и се случи со мене. Три години немав скоро никакви проблеми, но пролетта 2011 година по некој мали индикации направивме биопсија која даде резулат дека болеста е повторно вратена. Хемотерапијата повторно, но овој пат не успешно. Мојот Хематолог тогаш ги дигаше рамениците и кажуваше дека за мене спас во оваа држава нема. Тој сакајќи да ми помогне ме посочи во некоја врвна Испитна Установа која врши испитувања и поседува таква апаратура. За жал во нашава држава НЕ СЕ ПЛАЌАЛО за пациенти за кои во нашава болница нема ни приближно начин како да се испита, а МОРА да се упати во странство. За мене многу оскуден и ограничен закон, но сепак закон. Јас успеав да најдам таква Институција во Њу Јорк и Доктор кој што е специјализиран за мојата болест, тој прифати да ги направи сите потребни испитувања. Трошоците за почетното испитување се околу 15.000 евра, со што би се утврдила точната варијанта на болеста како и понатамошниот третман. Цената на третманот сеуште неможе да се утврди, затоа што сеуште не се знае точната дијагноза.
Со таа цел Ве замолувам да ми помогнете да можам да заминам на лекување. Секој ден за мене е губење и опасност болеста фатално да напредува. Вашата помош е безценета безоглед на висината. Доколку сте во можност да ми помогнете Ве молам да донирате на Трансакциската Сметка:

Денарска Сметка Бр. 280 107100758282 Со цел на дознака: ЗА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ЗА ИГОРЧЕ ПЕТКОВСКИ

Девизна Сметка за донации од Станство Бр: 280 107101007019110 SWIFT CODE: KRSKMK2X

БРОЈ ЗА ДОНАЦИИ: VIP 077 143 779
Извор: Група за Игорче Петковски


Треба да им се помогне на овие луѓе кои имаат желба и волја за живот !
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Скромно, али ќе донирам. Дрш се Игоре!
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Ајде една 5тина од форумов по 100ка и завршена работа. Кој може повеќе уште подобро!
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Дајте број од Т-Мобиле.
 
Член од
23 ноември 2010
Мислења
1.829
Поени од реакции
2.092
Отворете број и од ONE за да можам да донирам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.055
Поени од реакции
29.418
Луѓе, нека не ве мрзи да уплаќате на трансакциона сметка. Не е дека денес или утре секако нема и онака да поминете покрај банка. Така 100% од парите одат на сметката на човекот. Донирање преку мобилен значи плаќање арач на мобилните оператори.

Одсекогаш вака било а ако ова го смениле со некој закон, кажете да знам и јас.


П.С. Да не знае некој од која банка е трансакционава сметка на Игор?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom