Помош: Фотоапарати, сервис, општи прашања околу опрема и фотографија

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Поздрав дечки, бев до неколку продавници немаше, каде може да најдам ваква батерија или слична ?
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1618724[DOUBLEPOST=1453794716][/DOUBLEPOST]
Здраво на сите. Имам Никон D3100. Многу ретко го користам и никогаш немам сменето објектив. Но сепак пред некој ден забележав 5-6 дамки што се сигурно на сензорот.
Колку кошта чистење сензор? Препорачајте место од Охрид или Скопје.
Ако имаш пумпица можеш и сама да пробаш, вадиш објектив би требало да има опција во менито за чистење на сензор (имаша таква на канон) и ко ќе се подигне внатре пердето, со пумпицата убо издувај го сензорот без да го доприш, ако то не помогне пробај скопје во Пиксплус имаа некогаш сервис, http://www.pixplus.com.mk/ а за никон продавница и сервис беше рефото aли како да слушнав дека е затворен, таму еднаш на 2 недели идеше сервисер за никон од Београд
ref.jpg
мене на времето чистење на сензор и призмата и уше некои ситници низ внатре ме фати околу 3000 денари. Али пошто велиш ретко го користеше и не го вадеше објективот можи можеш и сама или некој малце шо се разбира шпојќе да пробаш со пумпица
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Дури ни најдебилниот човек на светот со IQ 10 не би го убедиле дека сликава е автентична...Посебно кога сака некој да ја приложи како доказ, дека денес ја поминал унгарската граница...Ова е озбилно вреѓање на интелигенција...

12669940_998546056879266_587994757_o (1).jpg

Во кој ли професионален програм е правена само не знам...???
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
Луѓе, вчера кога го поврзав апаратот на лаптопот сакајќи да ги префрлам сликите ми ги снема буквално сите слики кои ги имав на апаратот, пишува 0 photos.
Како да ги повратам?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Луѓе, вчера кога го поврзав апаратот на лаптопот сакајќи да ги префрлам сликите ми ги снема буквално сите слики кои ги имав на апаратот, пишува 0 photos.
Како да ги повратам?
ако ти беа на картица немој да ја форматираш, немој да ја користиш и побарај низ интернет има бесплатни програми за враќање на избришани податоци (фотографии)
јас користев пред неколку години еден таков и успешно вратив не само тогаш избришабните фотки туку ми се вратија и некои фотки кои сум ги сликал многу поодамна. Е сега во момент не можам да се сетам точно како се викаше програмот али ќе вложам напор да ми текне па ќе ти пишам
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.602
Поени од реакции
11.144
ако ти беа на картица немој да ја форматираш, немој да ја користиш и побарај низ интернет има бесплатни програми за враќање на избришани податоци (фотографии)
јас користев пред неколку години еден таков и успешно вратив не само тогаш избришабните фотки туку ми се вратија и некои фотки кои сум ги сликал многу поодамна. Е сега во момент не можам да се сетам точно како се викаше програмот али ќе вложам напор да ми текне па ќе ти пишам
Слегнав една Remo Recover, ама не ми успеа.
Чудно е што пишува дека имам 18GB of 28GB free, значи 10GB има искористено, а кога го отварам фолдерот нема ништо.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Слегнав една Remo Recover, ама не ми успеа.
Чудно е што пишува дека имам 18GB of 28GB free, значи 10GB има искористено, а кога го отварам фолдерот нема ништо.
За враќање на изгубени податоци многу пати успешно имам користено „EaseUs Data Recover".

Меѓутоа штом на картичката ти пишува дека имаш податоци на неа можно е да имаш вирус на компјутерот/картичката. Во тој случај најдобро решение ти е да ја ставиш на некој Linux оперативен систем кај некој познаник.
Доколку не познаваш таков или ти се брза може да искористиш Parted Magic. Симни го од претходниот линк, направи бутабилно USB или CD ( линк за повеќе информации ) и бутирај го. Потоа отвори ја картичката во софтверов и би требало да ги имаш сите податоци. Тргни ги на друго USB или CD и направи формат на картичката.
 

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.784
Поени од реакции
6.969
Гледам дека не е толку актуелна темава, ама да се обидам. Препорачајте некој фотоапарат до околу 500 евра.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
^ за што ке го користиш, и колку сакаш длабоко да навлезеш во тој "спорт".
Зависи дали е попаметно некој prosumer/bridge или DSLR/mirrorless, оти нема поента да даваш пари за DSLR ако го користиш на Auto мод, и само .jpg вадиш
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
507
Поени од реакции
1.770
Здраво , сакам да прашам до колку е исплатливо да понудам пари за Canon 1D mark II . Станува збор за аукција,
Користен е апаратот и нема никакви проблеми .
Автоматски споено мислење:

Гледам дека не е толку актуелна темава, ама да се обидам. Препорачајте некој фотоапарат до околу 500 евра.
Јад би ти го препорачал мојот Nikon D5200 е сега објектив ти си знајш шо сакаш да сликаш јас имам за универзални работи Sigma 18-200mm и мислам дека за почеток е идеален објектив .
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Има ли некој искуство со објектив Helios 44M-4 на Никон тело? Знам дека за на инфинити (за Никон) едноставно се прави со мала модификација, со тоа што последниот елемент од објективот се извлекува према тело (со додавање на помошен елемент пр. тефлон трака, гумичка и сл. 1,5-2мм) и добивам инфинити (пали зелена диода). Главната работа ми е да не удира после во огледало (со тие +1,5-2мм према внатре)?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Друже јас имам средено Helios за инфинити ама не на таков начин со извлекување на последната леќа. Така може инфинити да добиеш ама квалитетот на целата слика опаѓа, има помала оштрина, повеќе аберација и сл. Ова е разбирливо оти кога ја извлечеш леќата уствари ја пореметуваш оптичката шема на целиот објектив.


Правиот начин е да одземеш околу пола милиметар од последната капачка на објективот( таа која лежи на телото од апаратот). Исто треба да одземеш околу пола милиметар од самиот адаптер (м42 на никон). Ова зборам ако имаш тенок адаптер од тие без леќа.

Со ова (0.5 мм + 0.5 мм = 1 мм) ја добиваш разликата од фокусното растојание меѓу М42 и Никон (45,5мм и 46,5мм)


Ја овие операции на одземање ги направив на мајстор со дребонг за евтини пари. Сликите кои ги вади објективот се одлични и не се споредуваат со сликите кои може да ги добиеш со извлекување на леќата.
 
Последно уредено:

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Јас користам Helios 44-2 на Nikon D5200 . со редуктор
Каков редуктор имаш? Работата е што не сакам плус срчи, ќе губи на квалитет. Јас последениот елемент го доближив према сензор 1,5мм и со обичен адаптер (метален прстен) добивам слика жилет. Само страв ми е да не допира на огледало, затоа две слики удрив само.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
507
Поени од реакции
1.770
Каков редуктор имаш? Работата е што не сакам плус срчи, ќе губи на квалитет. Јас последениот елемент го доближив према сензор 1,5мм и со обичен адаптер (метален прстен) добивам слика жилет. Само страв ми е да не допира на огледало, затоа две слики удрив само.
Го купив некаде 5 евра ама беше со стакло и ми се губеше квалитетот на джсликата ама имаше фокус до инфинити ама јас го скршив стаклото заради квалитетот и сега има фокус некаде до 1.5м IMG_20190527_213110.jpg
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Има некој искуство со батерии од AliExpress? Потребна ми е батерија Nikon EN-EL14
7.4V, 1030mAh, 7.7Wh
Некако и се намали капацитетот на фабричкава :), време е за нова....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom