Помош: Општи прашања, совети, трикови..

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
16.941
Дали академиите за програмирање (9 месеци, 12 месеци) се наменети (само) за лица кои имаат некакви претходни познавања од областа, или може и лице без никакви предзнаења да се запише и да стекне доволно знаење да може да работи во таа професија?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.913
Поени од реакции
19.741

Само за лица што имаат да платат.

Нема да стекнеш доволно знаење за да работиш во таа професија, особено не со оваа конкуренција во моментов. Пазарот за почетниците е прилично брутален и ќе станува уште полошо, излегуваат стотици со факултетска диплома и уште толку со диплома од академија.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.189
Поени од реакции
1.754

Различно од академија до академија, досега не сум сретнал некоја што прима "табула раса" лица. Пожелно е да дивкаш нешто од нешто.
Автоматски споено мислење:

Само за лица што имаат да платат.

Нема да стекнеш доволно знаење за да работиш во таа професија, особено не со оваа конкуренција во моментов. Пазарот за почетниците е прилично брутален и ќе станува уште полошо, излегуваат стотици со факултетска диплома и уште толку со диплома од академија.
не го плаши чоекот...
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2020
Мислења
218
Поени од реакции
232
Здраво, за човек што за прв пат се среќава во ова поле, а го интересира повеќе, дали може да дадете некој совет плус и кои насоки да се земат.

Исто во поглед на курсеви или евентуални туторијали на јутуб итн? Повеќето ќе речете џабе е курсеви/академии, но што понатаму, кога ќе ги помините тие туторијали на јутуб, нели е добро/потребно да имате и некако документ дека имате завршено негде?
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
632
Поени од реакции
2.439
...на 49 почнувам прешколување за програмер со времетраење од 2 години.На почеток сум,но имам впечаток дека за стекнување на вештините ќе ми е потребен макс. дополнителен инпут.
Би сакал да знам од оние со искуство кој пристап е подобар:
- да се фокусирам на книгите?(ако имате препораки за добри книги слободно пишувајте)
...или да го користам слободното време за вежби со програмирање?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.913
Поени од реакции
19.741
...на 49 почнувам прешколување за програмер со времетраење од 2 години.На почеток сум,но имам впечаток дека за стекнување на вештините ќе ми е потребен макс. дополнителен инпут.
Би сакал да знам од оние со искуство кој пристап е подобар:
- да се фокусирам на книгите?(ако имате препораки за добри книги слободно пишувајте)
...или да го користам слободното време за вежби со програмирање?
Што планираш да работиш и кои програмски јазици ги учиш?
Генерално се сведува на многу вежбање, решавање на задачи, правење на проекти дома (на интернет имаш еден куп готови примери).
Книга/видео/курс ти се само да ти ги дадат основите, не влегувај во лупот на туторијалите, откако ќе ги научиш основите преминувај на практични примери.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
632
Поени од реакции
2.439
Што планираш да работиш и кои програмски јазици ги учиш?
Генерално се сведува на многу вежбање, решавање на задачи, правење на проекти дома (на интернет имаш еден куп готови примери).
Книга/видео/курс ти се само да ти ги дадат основите, не влегувај во лупот на туторијалите, откако ќе ги научиш основите преминувај на практични примери.
... прешколувањето го правам во Германија.Тоа што ме натера вака да размислувам е фактот што ги учиме највеќе основите на програмирањето(процедурално и објекториентирано).По завршувањето на школото ќе бидам ИТ Совтверски програмер.
Германците имаат сосема поинаков систем на образование,но и многу поголеми шанси за вработување.Индивидуално почнав да го "разгледувам" С++,а веќе неколку месеци читам литература и вежбам во Java...за тоа што планирам да работам уште не сум размислувал сериозно.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.913
Поени од реакции
19.741
... прешколувањето го правам во Германија.Тоа што ме натера вака да размислувам е фактот што ги учиме највеќе основите на програмирањето(процедурално и објекториентирано).По завршувањето на школото ќе бидам ИТ Совтверски програмер.
Германците имаат сосема поинаков систем на образование,но и многу поголеми шанси за вработување.Индивидуално почнав да го "разгледувам" С++,а веќе неколку месеци читам литература и вежбам во Java...за тоа што планирам да работам уште не сум размислувал сериозно.
Ова е нешто како убрзана академија, или класичен факултет?
Од книги симни ги: Clean Code и Clean Architecture од Robert C. Martin
Ако се држиш до java, почни да разгледуваше Spring framework и Angular + ако работиш бекенд ќе ти треба знаење од бази.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
632
Поени од реакции
2.439
Ова е нешто како убрзана академија, или класичен факултет?
Од книги симни ги: Clean Code и Clean Architecture од Robert C. Martin
Ако се држиш до java, почни да разгледуваше Spring framework и Angular + ако работиш бекенд ќе ти треба знаење од бази.
...убрзана академија.Во Германија неможиш да работиш како програмер во фирма без дилома :)
...ти благодарам на одговорот и советот(веќе ги симнав двете книги)
 
Член од
4 февруари 2021
Мислења
12
Поени од реакции
18
Дали имал некој(знае некој што имал) искуство на интервју за позиција "Language Owner", стигнав до фаза на техничко и HR интервју но незнам како да се подготвам за истото. Пред интерјву ме прашаа дали имам познавања од Web Api. Би ми било драго ако има некој да сподели :) :) :)
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
1.310
Поени од реакции
4.746
Сакам да купам одредени книги од Martin Fowler, Uncle Bob и некој книги за микросервиси. Има шанси некаде во Македонија да ги најдам или не ми бегаат овие сајтовите за онлајн купување(амазон, ибеј)?
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
222
Поени од реакции
97
Здраво дечки.
Пред некој ден решавав една задача од лаб. вежби за факс по еден предмет за алгоритми. Вака задачата е прелесна, но затоа што сум нов со Јава синтаксата ми е сеуште слаба страна :( . Моментално не ми е битна самата задача него сакам да знам зошто секој пат кога го компајлирам кодот упорно ми ја фрла истата грешка.
Exception in thread "main" java.lang.Error: Unresolved compilation problem:

at Array.main(BufferedReader.java:18)
Јасно ми е дека се работи за класата BufferReader и попрво би ја користел Scanner, но тој дел од кодот не смеам да го менувам. Пробав од главната класа да го тргна public и ставив и throws IOException.
Стварно не знам што би можело да биде, ако некој поискусен со Јава знае нека помага. ?
Java:
import java.io.BufferedReader;
import java.io.IOException;
import java.io.InputStreamReader;
import java.util.Arrays;
import java.util.Scanner;

public class Array<E> {
    
    public static void main(String[] args) throws IOException {
        BufferedReader stdin = new BufferedReader( new InputStreamReader(System.in));
        String s = stdin.readLine();
        int N = Integer.parseInt(s);
        
        //Vashiot kod tuka...
        Scanner SysBr = new Scanner(System.in);     // objekt so koj kje se vnesuvaat br.
        int[] niza = new int[N];                    // niza na broevi
        for(int i=0; i<N; i++) {
            int br = SysBr.nextInt();               // sekoj pat se vnesuva broj vo konzola
            niza[i] = br;                           // i istiot se vnesuva vo soodveten ele. vo nizata
        }
        
    }
    
    // Uporno frla error: Exception in thread "main" java.lang.Error: Unresolved comp. problem: ar Array.main(BufferReader.java:18)

Не ми делува дека треба да ти фрла компајлерот грешки. Што IDE користиш ?

сега го пробав, се компајлира кодот и можеш да внесуваш броеви во низата.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
222
Поени од реакции
97
Здраво дечки.
Во план имаме со тимов да направиме еден мини статичен веб сајт на кој се прикажува високо квалитетна мапа(.svg, .png...) од Скопје и нејзините ЈСП рути, станици итн. Истата да биде почитлива, поквалитетна и појасна верзија од официјалната .jpg ЈСП мапа.
Пробав разни сајтови како OpenStreetMap, studio.mapbox.com, Google Maps и др. за симнување на детални мапи од Скопје, но ниедна не даде добар резултат. Или дава празни мапи или .jpg мапи со никакви детали и квалитет. Потребни ни се барем да се прикажуваат до негде рутите и станиците, па потоа малце би го едитирале за да се софпадне со нашата идеа(ептен ако мораме би едитирале празна мапа или уште помоло од скреч).
Даденава мапа е супер почеток, но сајтов не ни дава да симнеме транспортна мапа, а со screen shot од далеку се губат деталите.
1638537116041.png

Исто така и оваа мапа во мое мислење е одличен пример за транзитна мапа(тука).
Ако може да ме посочите на некој начин да најдам/симнам некоја ваква слична мапа?
Исто така пошо сајтот нема да е хостиран на некој сервер со најјаки ресурси ме интересира ваше мислење во кој формат би било најдобро да се прикаше мапата на сајтот за најбрзо да се лоуда, да не кочи али сепак да го задрши својот квалитет? (дали .png, .svg...)
 
Пробај да ги симнеш векторите за transportation, и после тоа да ги читаш од GeoJSON како статички file-ovi (ќе треба рачно да ги ажурираш во иднина). За кочењето ќе треба да си играш со zoom visibility, може да се оптимизира да не кочи. Ако не ти дава да симнеш вектори од тука, види на geofabrik.de
Мапите немаш потреба да ги хостираш никаде, може да ги повикаш сите до една, веќе се хостирани и ги ги нуди како WFS, WFS-T, leafletjs ти е lightweigh за ова, a ако не те мрзи да избилдаш мени за layers ќе може да ги поставиш и од гугл, па да си менува кој сака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom