Помош: Низи во Паскал?

Член од
29 октомври 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Скоро учев за еднодимензионални низи (општи низи) во Паскал по предмет програмирање, па некако ми е тешко да ги сфатам тие работи..Ако може некој некако да помогни слободно напишете?Фала однапред!:)
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Самите изрази низа од елементи, низа од броеви на што те потсетуваат?

Програмирањето вклучува манипулација и претставување на податоците во компјутерот според некакво правило.

Е сега, да претпоставиме правиш програма која треба да пресмета просечен успех на еден клас по предметот Програмирање. Како ќе ги внесиш тие податоци во паскал програмата?

Ако имаш 24 ученици во класот, 24 променливи за оцените ќе направиш? Што ако има 30 ученици?

Тука, играат улога низите, значи оцените во овој случај ќе ги ставиш во низа која ќе има 30 елементи.

Дали сега ти е поразбирливо што претставуваат низите?

Се друго после е синтакса.
 
Член од
18 јули 2017
Мислења
43
Поени од реакции
8
Низите свати ги како редица бројки(индекс), а секоја бројка(елемент) има некој податок.

Пример:
Имаме Низа која почнува од индекс број 1 и завршува до индекс број 7 и ќе ја наречеме Niza.

1 2 3 4 5 6 7

Низата "Niza" во индексот [1] да речеме има број(елемент) 3.
Низата "Niza" во индексот [2] нека го содржи бројот(елемент) 4.

1=(3) 2=(4) 3 4 5 6 7

Вака се инициализира една низа(Подоле ќе зборам само за првиот начин):
1.
Код:
VAR         Niza:ARRAY[1..7] OF integer;
или
2.
Код:
TYPE           N=ARRAY[1..7] OF integer;
VAR            Niza:N;

1.Прво даваш име, после тоа две точки, па кажуваш дека ова е низа(Array на анг.) после задаваш од кој до кој индекс почнува и завршува низата[Две точки! (..)] , и на крај од кој тип и се елементите.

Една низа несмее да има податоци од различен тип. Ако низата е char, само char и ништо поише.

Кога треба да внесеш елементи во една низа користиш FOR или REPEAT.
Пример:

Код:
FOR I:=1 TO 7 DO
Readln(Niza[I]);

Овде ќе се случат 7 повторувања, од 1 до 7, каде што I исто така е искористен како индекс во низата.На првото повтарање, ќе бидеш прашан да внесеш некој елемент во Niza чиј индекс е 1.На второто повтарање, I ќе се зголеми за 1 (Ќе стане 2) И ќе бидеш прашан да внесеш елемент во Niza чиј индекс е 2.И така натака до 7.

Во една низа несмееш да пречекореш преку максималниот индекс што си и го дадел.

Пример, за да се отпечатат елементите на низа Arg од 3иот до 6иот индекс ќе го направиме ова:

Код:
FOR I:=3 TO 6 DO
Writeln(Arg[I]);
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom