Низите свати ги како редица бројки(индекс), а секоја бројка(елемент) има некој податок.
Пример:
Имаме Низа која почнува од индекс број 1 и завршува до индекс број 7 и ќе ја наречеме Niza.
1 2 3 4 5 6 7
Низата "Niza" во индексот [1] да речеме има број(елемент) 3.
Низата "Niza" во индексот [2] нека го содржи бројот(елемент) 4.
1=(3) 2=(4) 3 4 5 6 7
Вака се инициализира една низа(Подоле ќе зборам само за првиот начин):
1.
Код:
VAR Niza:ARRAY[1..7] OF integer;
или
2.
Код:
TYPE N=ARRAY[1..7] OF integer;
VAR Niza:N;
1.Прво даваш име, после тоа две точки, па кажуваш дека ова е низа(Array на анг.) после задаваш од кој до кој индекс почнува и завршува низата
[Две точки! (..)] , и на крај од кој тип и се елементите.
Една низа несмее да има податоци од различен тип. Ако низата е char, само char и ништо поише.
Кога треба да внесеш елементи во една низа користиш FOR или REPEAT.
Пример:
Код:
FOR I:=1 TO 7 DO
Readln(Niza[I]);
Овде ќе се случат 7 повторувања, од 1 до 7, каде што I исто така е искористен како индекс во низата.На првото повтарање, ќе бидеш прашан да внесеш некој елемент во Niza чиј индекс е 1.На второто повтарање, I ќе се зголеми за 1 (Ќе стане 2) И ќе бидеш прашан да внесеш елемент во Niza чиј индекс е 2.И така натака до 7.
Во една низа несмееш да пречекореш преку максималниот индекс што си и го дадел.
Пример, за да се отпечатат елементите на низа Arg од 3иот до 6иот индекс ќе го направиме ова:
Код:
FOR I:=3 TO 6 DO
Writeln(Arg[I]);