Помош... Ми требаат гласови :)

  • Креатор на темата Maro
  • Време на започнување
Член од
28 јануари 2007
Мислења
259
Поени од реакции
4
Модератори не ме убивајте стварно незнаев кај да ја ставам темава. :)

Пред некое време се ставив на интернационален натпревар за фотографија со 3 фотографии. Одбраа најдобри 150 и во нив имаше 2 мои. Сеа моментално се најдобрите 10 фотографии и има гласање. Мојата е на второ место, па зашто да не се обидам со мала ваша помош да победам :)

Линкот е ова http://photo.tutsplus.com/articles/news/memories-photography-competition-grand-final/

А мојата фотографија, е број 6 (бабицата).

Па ако сакате гласајте за мене, частам пиво ако победам. Инаку награда е 800 или 900$ не сум сигурен! Даваат пари во вредност на Canon 550d апаратот

ПОздрав :)
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Не е баш етички на овој начин да собираш гласови, иако верувам дека и другите го прават ова :)

Имаш еден глас од мене, затоа што навистина ми се допаѓа фотографијата и сметам дека навистина е најдобра.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Уф, дури и приказна има под неа, интересно во секој случај.
Реално го имаш мојот глас. :)
 
P

Princ

Гостин
Ти ја префрлам темата во подфорумот за Фотографија.
Инаку, прекрасна фотка (и одлично раскажена приказна) :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
гласано :salut:

а шо можеш да гласаш по неколку пати?
затоа шо наново ја отворив и пак ми даде можност ..
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
259
Поени од реакции
4
Не е баш етички на овој начин да собираш гласови, иако верувам дека и другите го прават ова :)

Имаш еден глас од мене, затоа што навистина ми се допаѓа фотографијата и сметам дека навистина е најдобра.
Јасно дека не е етички, али се напнав, пошо во полуфинале кога имаше гласање, имаше фотографии кои добиваа по 500 гласови во рок од 1-2 саати :)! Гласање со проксија и чуда. Еве чист пример е фотографијата 4 на пример... имаше миљон во полуфинале, вајда зашто гласале со прокси и такви ствари, ама сеа пуштија инфо дека ќе ги банираат сите што гласаат така, и оп фотографија број 4 има најмалку гласови :)

Инаку за етички фотографски натпревари си учествувам на изложби каде ФИАП членови ги рангираат моите фотографии. Нема ништо етички во интернет гласање. И затоа на тоа поле се борам така.

И да бидам нималку скромен, мислам дека 5,6,7 се најдобрите фотографии од сите 10. Така да сметам дека заслужувам барем 33% од победата :)!

Фала на гласот и на искрениот коментар
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
259
Поени од реакции
4
гласано :salut:

а шо можеш да гласаш по неколку пати?
затоа шо наново ја отворив и пак ми даде можност ..
Па мислам дека по IP ги гледа. Така да ако имаш АДСЛ ваљда можеш со секој дисконект и конект повторно да добиеш различна ИП и така да гласаш. Јас неам АДСЛ , неам ни динамичка ИП така да незнам. Зависи од провајдерот колку блиски ИП адреси доделува и зависи дали анкетата ги препознава тие групи на ИП адреси :)! Како и да е можеш да пробаш утре или после твоето следно конектирање на нет.

Фала :)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Па мислам дека по IP ги гледа. Така да ако имаш АДСЛ ваљда можеш со секој дисконект и конект повторно да добиеш различна ИП и така да гласаш. Јас неам АДСЛ , неам ни динамичка ИП така да незнам. Зависи од провајдерот колку блиски ИП адреси доделува и зависи дали анкетата ги препознава тие групи на ИП адреси :)! Како и да е можеш да пробаш утре или после твоето следно конектирање на нет.

Фала :)
Па гласав 3пати :)
ама да не гласам повеќе да не не ти ги бројат на крај гласовите ..
и не дисконектирав ништо .. само наново ја отворав страната ..
не сум на АДСЛ на кабелски сум ..
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.737
Иако број 7 малку повеќе ми се свиѓеше од твојата (а се гледа дека таа води неколку гласови пред тебе), сепак гласав за твојата слика. Ако ние не се поддржуваме - кој ќе не поддржи :smir:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Гласав и јас за 6-ката
Среќно друже, со тебе сме! :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Го имаш и мојот глас :)
 

k@z@n

RS power
Член од
3 март 2008
Мислења
997
Поени од реакции
53
Ете и од мене еден глас.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
259
Поени од реакции
4
Па гласав 3пати :)
ама да не гласам повеќе да не не ти ги бројат на крај гласовите ..
и не дисконектирав ништо .. само наново ја отворав страната ..
не сум на АДСЛ на кабелски сум ..

Хммм, сигурен си дека не ти се јавува ова? „Thank you, we have already counted your vote.“ над првата опција за гласање? Дека тоа дозволува да стискаш повеќе пати, ама не ги брои и ја јавува таа порака :)

--- надополнето ---

Фала ви на сите
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Да да во право си :)
одкако ќе гласам горе се појавувало не го забележав :)

уште малце прв си :)
Ајде кајгано помагај на чоекот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom