Помош: Конвертирање на Video во .GIF

Член од
6 ноември 2008
Мислења
1.115
Поени од реакции
1.369
Здраво на сите,

Имам проблем, не можам да најдам асален конвертор од видео во гиф.

Проблемот е што видеото е 37 секунди и не можам да го направам со 25 фрејма во секунда.

Ве молам за некој асален конвертор или програма. Овие сите на веб што ги најдов или имаат временско ограничување или не може 25 фрејма да го направам гифот.

Фала многу (y)(y)(y)
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
instagiffer ми има доста работа завршено, можеш да ја пробаш.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Колку време планираш да ти трае гифот?
Знаеш дека 37 секунди видео, е, онака, премногу за гиф?
Гифови од 100-ина фрејма (што е еднакво на ~4 секунди(или ~8 секунди ако го бришеш секој втор фрејм)) знае да фаќа околу 4 мега, што е некоја крајна граница за гиф.
Со Фотошоп ги праам јас гифовите.
Порано ги правев со Ulead Gif Animator.
Двете немаат ограничувања.
Кажи кое е видеото и кој дел точно сакаш, ќе ти напраам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom