Помогнете ми да си одберам "струка"

Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Не се слагам. Џабе тебе ако те влече економија, да завршиш Економски и после да работиш во бутик 10 години. Боље студирај нешто со кое имаш шанси за подобра работа, па макар и наместо 4 години, студирај го 6.

Сите да го работаа тоа што го сакаа, 90% од луѓево ќе беа глумци и пејачи. Јас дете мало немам сретнато што ми рекло дека кога ќе порасне сака да биде доктор или менаџер или сервисер.

Сега нормално дека исклучок за ова се докторите/забарите, сепак не можеш да работиш нешто ако ти се гади од истото. Ама не мора да си заљубен во тоа што го работиш. Кога ќе видиш плата на 1ви, ќе видиш како ќе ја засакаш професијата.
Немој да мешаш економски со веб дизајнирање. пошто со веб дизајнирањето можеш да работиш и како фрилансер на интернет ама не и со економски факултет. За веб дизајнирање треба страст, креативност и голема инспирација, исто и да земеме тоа дека секој неможе да научи Photoshop, HTML, CSS, Javascript, Sql. Да не зборам па за Php, Ruby(on Rails) ако веќе сака тоа што го изработи и да го кодира.

Програмирањето е посебна професија и тоа се работе од забава(зависи како го сваќаш ова)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
(n) Dislike
Така ако гледаш со жанси за подобра работа ништо не правиш. Еве треба да бидам астронаут (нели оти се платени да речеме) ама не ми оде, тоа ти е само :tapp:. Ако работиш нешто што не го сакаш цело време ќе бидеш изнервиран, цело време нешто ќе ти прече и сл. Инаку што дека плата на 1ви ти даваат кога правиш нешто што несакаш !?
Браво ! Секоја чест за одговорот, патем во животот најбитно е да го работиш тоа што го сакаш и да го работиш со мерак а не да викаш ајјјј кој ќе иде утре на работа......:D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Добро вреди да се фрла пари за курсеви во Seavus? Перална за пари станаа.

Web and Cloud Computing Engineer - 2450 ЕУР
Mobile Applications Development and Design Engineer - 2450 ЕУР
Графички дизајн - 2250 ЕУР
Веб Дизајн - 2250 ЕУР
3D моделирање, анимација и постпродукција - 2450 ЕУР

Да фрлиш 2500 евра за да научиш еден дел од информатиката. o_O

А веб дизајнери ги има многу. Сега секој студент од информатика и компјутерски и веб дизајн го знае ова. Мислите дека не е голема конкуренцијата? :)
Што се однесува за курсот за веб дизајнер многу им се по 20 часа за теорија на бои, типографија и ликовни елементи и принципи, 40 часа за HTML и CSS. А имаат само 30 часа за PHP и MySQL. o_O

Ако јас сакам да земам сертификат за Microsoft visual studio 2010 и да научам C# и Microsoft Windows server 2010 ќе ме фати 16.000 евра. (n)

МS Pover Point 2010 - 21 час = 67 евра
Аdobe Flash - 147 eвра
Малку нека си ги преиспитаат цените не е ова колеџ во Лондон. ;)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Се слагам на се, цените им се доста скапи. Имаат некои попусти ако уплатиш порано, али ситгаат до 10% максимум. Не знам зашто е толку скапо, али дел од цената се испитите кои ги плаќаш за тие наводни меѓународно познати сертификати..
 
Тоа е само цена за часовите, а испитот и користењето на компјутер се плаќаат доплнително. Они ќе ја зголемат цената и ќе дадат попуст од 10% ако треба и до 50%.
Јас додека студирав сертификати за макрософт полагаа скоро сите студенти. За нас имаше голем попуст и еден час беше 200 ден и испитот околи 200 евра.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
(n) Dislike
Така ако гледаш со жанси за подобра работа ништо не правиш. Еве треба да бидам астронаут (нели оти се платени да речеме) ама не ми оде, тоа ти е само :tapp:. Ако работиш нешто што не го сакаш цело време ќе бидеш изнервиран, цело време нешто ќе ти прече и сл. Инаку што дека плата на 1ви ти даваат кога правиш нешто што несакаш !?
Јао оф топик сум, ќе ме бришат ваљда.
Реков значи дека има исклучоци од типот на хирург/пилот (ваљда не може да биде пилот некој кој се плаши од висина) итн.
Ама дали ќе биде економски, правен, филолошки, нема тука љубов. Ќе повторам, тука не спаѓаат професиите од кои ќе ти се гади како на пример хирург за очи, и за кои не може секој (спортист).

Немој да мешаш економски со веб дизајнирање. пошто со веб дизајнирањето можеш да работиш и како фрилансер на интернет ама не и со економски факултет.
Да, знам, затоа и реков горе дека сум оф топик, моето мислење немаше врска со дизајнирање конкретно.
Браво ! Секоја чест за одговорот, патем во животот најбитно е да го работиш тоа што го сакаш и да го работиш со мерак а не да викаш ајјјј кој ќе иде утре на работа......:D
Ама добро никој не рече да не можеш да ја поднесеш работата.
Знаеш мене еден многу поискусен колега како ми има речено кога бев на пракса: "Утре децата нема да те прашаат дали уживаш на работа, туку ќе ти речат "Дај пари"".
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Јао оф топик сум, ќе ме бришат ваљда.

Ама добро никој не рече да не можеш да ја поднесеш работата.
Знаеш мене еден многу поискусен колега како ми има речено кога бев на пракса: "Утре децата нема да те прашаат дали уживаш на работа, туку ќе ти речат "Дај пари"".

Се сложувам ама збориме што е подобро, многу е битно каква ти е работата зашто таа влијае и на приватниот живот а не е се во парите.
Битно ти е да уживаш во животот а не да трпиш(се мачиш).
На крај краева сите знаеме што е подобро Мерцедес или фичо !? Знам дека и за ова ќе се најде некој и ќе ме убедува дека фичото е поекономично...
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Добро вреди да се фрла пари за курсеви во Seavus? Перална за пари станаа.

Web and Cloud Computing Engineer - 2450 ЕУР
Mobile Applications Development and Design Engineer - 2450 ЕУР
Графички дизајн - 2250 ЕУР
Веб Дизајн - 2250 ЕУР
3D моделирање, анимација и постпродукција - 2450 ЕУР

Да фрлиш 2500 евра за да научиш еден дел од информатиката. o_O

А веб дизајнери ги има многу. Сега секој студент од информатика и компјутерски и веб дизајн го знае ова. Мислите дека не е голема конкуренцијата? :)
Што се однесува за курсот за веб дизајнер многу им се по 20 часа за теорија на бои, типографија и ликовни елементи и принципи, 40 часа за HTML и CSS. А имаат само 30 часа за PHP и MySQL. o_O

Ако јас сакам да земам сертификат за Microsoft visual studio 2010 и да научам C# и Microsoft Windows server 2010 ќе ме фати 16.000 евра. (n)

МS Pover Point 2010 - 21 час = 67 евра
Аdobe Flash - 147 eвра
Малку нека си ги преиспитаат цените не е ова колеџ во Лондон. ;)
Нe вреди!
 
bogev4eboy

Хејтер
Член од
6 март 2011
Мислења
382
Поени од реакции
180

Само учење дома (или евентуално ако има повеќе кеш да иде на некој поевтин курс пример Семос php и mySQL), дообјаснување на некои работи со искусен програмер и работа на реални проекти, инаку only wasting time. :)
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
инаку only wasting time. :)
Не зборете се и сешто, секој сертификат што го имаш ги ги зголемува шансите за пристојно вработување.
Плус сите го заборавате социјалниот елемент, а тоа се луѓето што ќе ги запознаете при предавањата утре можат да ви помогнат при вработувањето, да ви кажат што се бара на неко специфично интервју, па некои и дури да се тие што ќе го прават интервјуто (пример некои од предавачите). Ова е свет во кој е побитно кого знаеш а не што знаеш.

Е сега, ако сака да изработува фриленсинг логоа за 5 долари ко Индијците тогаш ова набројаново и не му треба. Нека се изјасни која му е определбата.
 
Тоа е работата друже. Не смееш да се основаш и надеваш дека ке живееш од фриленс. Тоа треба да биде како втора опција или секако дополнителни пари освен платата, бидејќи шансите да преживееш од фриленс се доста мали (но постојат. Јас имам познаник што преживува од фриленс).
Сега работата беше, со која струка од наведените, полесно се доаѓа до работа ТУКА, кај нас. Сфатив дека тоа е веб дизајнер, но некој спомна дека ги имало премногу, а можам да замислам за наредните години. А дека можеш во секоја втора фирма да работиш веб дизајнер, можеш (ако познаваш прави луѓе).
Е сега, уште потешка ситуација со мене е дека мене ми е поинтересно да го учам ова 3D-во и постподукција (Маya/3DS Max, Nuke, After Effects) но како што кажа некој горе со ова само монтажер во ТВ можеш. Јас не познавам други фирми освен ФХ3Х што им треба ваков кадар, и многу ми е криво.
А инаку, ако се снајдеш со фриленс, оваа струка е дефинитивно поисплатлива.
 
Прво не го прочитав цел пост оти ми делуваше дека не се разбираме.
Второ, не зборувам за сертификати, зборувам за цена. Цените што се нудат се повеќе од скапи. Незнам како ти делува тебе муабетов, но дали ти би дал ли 2500е за еден сертификат (нормално за знаење да претпоставиме дека ќе имаш ама за вработување никој не ти гарантира) ?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Тоа е работата друже. Не смееш да се основаш и надеваш дека ке живееш од фриленс. Тоа треба да биде како втора опција или секако дополнителни пари освен платата, бидејќи шансите да преживееш од фриленс се доста мали (но постојат. Јас имам познаник што преживува од фриленс).
Сега работата беше, со која струка од наведените, полесно се доаѓа до работа ТУКА, кај нас. Сфатив дека тоа е веб дизајнер, но некој спомна дека ги имало премногу, а можам да замислам за наредните години. А дека можеш во секоја втора фирма да работиш веб дизајнер, можеш (ако познаваш прави луѓе).
Е сега, уште потешка ситуација со мене е дека мене ми е поинтересно да го учам ова 3D-во и постподукција (Маya/3DS Max, Nuke, After Effects) но како што кажа некој горе со ова само монтажер во ТВ можеш. Јас не познавам други фирми освен ФХ3Х што им треба ваков кадар, и многу ми е криво.
А инаку, ако се снајдеш со фриленс, оваа струка е дефинитивно поисплатлива.
И едната и другата се креативни професии. Ако не си барем малку креативен, ќе имаш тешкотии во работата. Ама тоа ти најдобро си го знаеш.
Нормално дека веб дизајнери има повеќе од 3д аниматори, затоа што и побарувачката за истите е поголема. Но што и да си, ако си добар во струката, имаш големи шанси за напредување, како овде така и во странство. Поголемиот дел од „дизајнерите“ знаат само темплејти да менуваат и модули да инсталираат и нешто основно од програмирање. Дизајнер за мене е оној кој ќе го направи темплејтот, не оној кој ќе го инсталира.
Знај дека софтверите се учат низ работа и по потреба. Програмите се само алатот за работа. Основата е во познавањето на суштината на работата. Тоа е она што формалното образование (би требало да) го обезбедува. Да те научи да одговараш на прашањата што и зошто, а не како. Како е за алатот. Да појаснам, ако ја знаеш основата, значи хармонија на бои, типографија, графика, правци во дизајнот низ историјата итн. многу ќе ти е полесно да го осмислиш дизајнот (што каде и колку, и зошто тоа таму), а потоа со програмите лесно ќе го направиш тоа, дури и да ги учиш или усовршуваш низ работата (како). А ако ја немаш основата, колку сакаш владеј го софтверот добро и со недели можеш да работиш и пак да не го направиш тоа што се бара од тебе. Еве еден пример, ако треба да најдеш соодветни бои, со бирање и споредување, интуитивно можеби и ќе ги одбереш вистинските, но тоа ќе ти одземе половина час. Ако ја знаеш хармонијата на боите истото ќе го направиш за половина минута.
А тоа се основните работи што еден дизајнер треба да ги познава (веб или графички или каков и да е, дизајнер е дизајнер) Php, asp, javascript и останати јазици се работа на програмери не на дизајнери. Се фатив за дизајнот, ама истото важи и за 3д анимацијата и сите останати професии каде има (креативен) производствен процес.

А знаењето на илустратор/маја те прави дизајнер/аниматор исто колку то познавањето на ворд те прави писател.
 
Ajjjj бла бла бла ...направи дека за да стане човек дизајнер треба да му се поклопат еден куп работи......треба тежок талент, ксмет, положба на месечината, хороскоп, експерт да е !?
Не зезај треба упорност и да се сака тоа што се работи а за бои, линии, перцепција тоа само со време си доаѓа. Сите имаме различна перцепција за одредени работи, некој сака заоблени работи некој коцкасти...и др.
Прашање : Дали доколку побараат банер за некоја страна мислиш дека ти ако си дизајнер секогаш ќе ја направиш подобра од некој со 30 часа на илустратор ??? И кој банер всушност повеќе ќе се допадне на општите корисници ???
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Имам 3 сертификати (значи 7500 евра) и морам да признаам дека никогаш никој не ме прашал дали имам некој сертификат. Да, луѓе коментирале дааа имаш, но тек откако по други основи сум почнал да соработувам со нив. Чисто поради тоа што ги имаш ќе дојдеш до повеќе работа се сомневам. Пак е побитно знаењето отколку хартијата која секој може да ја добие. Патем 3-те сертификати се добиени по цена од максимум 100 евра (само за полагањето нормално).
Генерално со 1 сертификат си ништо, за било која технологија ќе ти требаат најмалку 3-4. Што значи зборуваме за оозбилна сума од некои 10.000 евра. Лично повеќе би ги вложил во себе така што би се затворил 2-3 години од околината и од нив би обезбдил основен надомест за преживување. Првата година би се сокршил од учење. Втората би започнал свој проект преку кој би го продолжил учењето. Претата би го заокружил проектот и би се обидел да го продадам на пазар ... па ако пукне нека пукне.
Во спротивно, ако не развиеш нешто свое, ќе потрошиш 10К на 4 ливчиња, знаењето ќе ти биде генерално испод-просечно, а нема да имаш ништо свое. Повторно ќе работиш за некој за 300-400 евра плата, и тоа ако ја има редовно :)

Накратко и да спомнам дека на нашиот пазар работев долго, но после толку многу години се префрлив на фриленс. Неможе да се живее од фриленс? Ух, може, и тоа како. Ако кај нас гледате како на полесен пазар за добивање работа, тогаш истата гарант ја бркате со врски, не со квалитет. Ако барате работа со квалитет тогаш сигурно ќе ја добиете полесно надвор, ќе бидете исплатени редовно и без поговор, а секако сами ќе си го организирате времето независно од тоа дали на директорот му дала швалерката, дали он и дал кола па нема да ви даде плата и сл.
Не зборувајте глупости за фриленсингот затоа што оние компании во кои во МК барате работа и сонувате да работите истата ја добиваат на тој начин а вие само црнчите за нив. 3 години, наместо да киснете по училници и да бркате ливчиња вложете ги во бркање работа на фриленс сајтови, тие контакти се многу појаки ... гарант некому ќе му фатите око и ќе ве пробие нагоре додека да трепнете.

Сето ова напишано е по претпоставка дека ИМАТЕ КВАЛИТЕТ. Во спротивно ништо не важи, ниту пак е битно (освен можеби фамилијарни врски, модри коленици и испукани усни).

Едит: Секој кој мисли дека неможе да се живее од фриленс, а поседува квалитет нека ме контактира да му дадам работа во било кое време. Упорно барам но неможам да најдам помошници за разни проекти - дали тоа значи дека фриленсот е тапа или нашиот толку преценет квалитет?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom