Помен за Тоше на плоштад Македонија - 05.10.2009

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Концертот за Тоше, сепак, на Филип Втори!

Подготовките за вториот хуманитарен концерт во спомен на Тоше Проески се во тек и иако локацијата на неговото одржување не е конечно дефинирана, Дневник неофицијално дознава дека концертот ќе се случи на 5. октомври на Градски стадион во Скопје, или по ново - во Националната арена Филип Втори. Потврда за ова се очекува на 19. август, кога премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ќе ги посетат манастирот Свети Преображение во Крушево и семејството Проески – објави Дневник во денешниот број.

Се размислува за програмата на концертот во кој ќе бидат вклучени неколку луѓе задолжени за сценариото. Годинава би сакале таа да има поинаква, уметничка, димензија и се надеваме дека ќе успееме во тоа. Не би можеле дефинитивно да потврдиме каде ќе се одржи концертот, но ќе се обидеме да ја продолжиме традицијата и местото на настанот да биде Арената Филип Втори - истакнуваат од Фондацијата Тоше Проески, носителот на проектот.

Извесен период фановите на Тоше полемизираат за местото на одржување на хуманитарниот концерт и најголем дел од нив сметаат дека поранешниот Градски стадион во Скопје е вистинското решение. Истото размислување го дели и министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска.

Сметам оти концертот треба да се одржи во арената и да се продолжи традицијата - вели таа. По иницијатива на Фондацијата пред одржувањето на концертот ќе се појави дивиди со документарниот филм Пет години Балкан, во кој ќе бидат додадени материјали што беа снимени, но не влегоа во серијата со ист наслов што се снимаше во почетокот на 2007 година. Продуцент на серијата е Аворд продукција, а за сценариото и режијата повторно е задолжен Огнен Неделковски.

Во минатата година, концертот Те сакаме сите, Тоше, кој се одржа на „Филип Втори и беше под покровителство на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, покажа дека музичката легенда и големиот амбасадор на земјава останува вечно во срцата на сите граѓани. И годинава проектот ќе го поддржи Министерството за култура.

Фондацијата Тоше Проески аплицира на конкурсот за проекти во рамките на Годишната програма за култура, а ние го поддржавме. И годинава очекуваме масовно присуство на големиот настан со што ќе докажеме дека хуманоста, чесноста и љубовта кон сите луѓе се дел од наследството што на нашата земја и го остави Тоше. Министерството за култура, со финансирањето на Спомен-домот на Тоше Проески на Гумење во Крушево, покажува дека името на нашиот ангел достојно ќе биде зачувано од забот на времето - велат од Министерството.

19ти е за 2 дена, значи се очекува да се каже се официјално, да се кажат цена на билети и се останато...
Се гледаме на градски, да направеме уште поголемо ѕвездено небо.
Се надевам дека бината ќе ја стават на исток, за да може да се исполнат двете трибини како и игралиштето... тоше почивај во мир :smir:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Се надевам дека ова е точно и дека ќе се организира уште подобар и попосетен концерт од минатиот!:srce:
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
абе доста е само да стават микрофони низ публика ако ме сфаќаш да висат одозгора, за да не се влечи звукот сепак народ е 40000+, знаеме на една утакмица како е не пак на еден концерт.... очекувам и некои странски артисти оваа година па ќе видиме
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.863
Колку пари прави некој од ова, не е хумано....лесна му земја на дечкото, ама не сите гледаат на ова како некој постхумен хепенинг со голема доза на емоции....јбг, бизнис.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Mислам дека манифестацијава треба да се направи на две години, или покасно на повеќе.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Mислам дека манифестацијава треба да се направи на две години, или покасно на повеќе.
На 4 боље, ко Олимпијада .

seto e ubavo samo mnogu narod ke place

P.S. lani na istata li data bese odrzan
Ако, ако, нека плачат . У гени им е да кукаат при прва прилика .

На истата ваљда .
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Ахх, само да се исполни градски друго не треба :smir:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.829
Не е проблем цената, би одел по секоја цена. Лани пропуштив поради други проблеми, но оваа година тешко дека ќе пропуштам. Прашање е само кој ќе настапуваат...
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Фино,фино само да се организира на ниво,да не се брукаме.
 
Член од
2 септември 2009
Мислења
21
Поени од реакции
11
Идејата е супер, ама сепак треба да се изберат соодветни луѓе кои би биле водители(не како лани). Некои кои во целост ја следеа кариерата на Тоше и кои знаат како треба да се постават на сцената.
Истото е и со изборот на пеачите. Не е секој од нашава па и од естрадата во соседството создаден да пее. Барем на вакви случувања би требало да се одберат вистинските и да се потрудат да ја научат песната која ќе ја исполнат, а не да читаат од листови, затоа што Тоше беше пејач, не имитатор.
 
Член од
3 септември 2009
Мислења
8
Поени од реакции
1
Zdravo :) Jas sum od Bugarija i sakam da znam od kaj mozam da si kupam online tickets za koncertot. Ve molamm ako doznaete nesto, pisite.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom