Цела Европа ќе биде пред крајно сериозен демографски предизвик, во следните децении.
Проблемот нема да биде во односите со Русија, Турција, САД или Кина, туку како ќе ја менаџираат миграцијата од Африка, која во 2050 ќе има повеќе од 2 милијарди население, кое живее на се помало и помало обработливо земјиште. Како за пример, Египет кој треба да важи за една од најстабилните земји на тој континент, е со години на раб на макроекономски колапс, што останува за другите тогаш.
Има огромни цивилизациски разлики помеѓу државите кои имаат потреба од население и државите кои имаат вишок население подготвено да мигрира. Разлики како никогаш во историјата.
Ако Вишеградската група сака да ја штити Европа од миграција, треба да инвестираат во морнарица за Медитеранот, со протести и пароли ништо не постигнуваат.