Полн фрижидер и полн џеб

Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.532
Поени од реакции
21.409
Живееме во доба каде купувањето и приготвување храна знае да биде главниот проблем во денот. Честопати стојам како здрвен во маркет, и немам појма што сакам да јадам, а гладен сум, ми се плаче. :)
Секако, би рекле нарачај си, најдобро ќе поминеш.
И така е,ама храната која ја купуваме од Фаст Фуд продавниците знае да биде х4 од тоа што реално би чинела, а и после одредено време здосадува.

Добро, темава не е за секого, ама би сакал да чујам највеќе од тие кои живеат сами и купувањето и готвење на храна им е главниот начин на заштедување финансии.

Што готвите кога сакате да се најадете добро а да не потрошите огромни финансии кои се слични на јадење во ресторан.
Која храна би ја препорачале да е ефтина а и вкусна?
Со однос на тоа што повеќето немаме доволно време за готвење, убаво би било да споделите некоја храна што е брза за приготвување.
Дали замрзнувате одредени оброци за потоа лесно приготвување?

Убаво би било да споделите и рецепт доколку знаете, само тоа да не биде паста од проста причина што паста ми е како кафе за добро утро. :)
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.240
Поени од реакции
22.438
Шумеча најконкретно ќе ти одговореше со слики и рецепти ...
Еве некои од специјалитетите во кајгана готвач
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.926
рекле нарачај си, најдобро ќе поминеш.
Убаво ти рекле
би сакал да чујам највеќе од тие кои живеат сами и купувањето и готвење на храна им е главниот начин на заштедување финансии.
Живеење сам и готвење храна не одат заедно. Си утнал темата.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.926
Па многу јасно ќе ми готват уште како. Пример еве овие ми готват
https://reptilmarketi.mk/кујна-2/
Немам време да си ебавам сојките од ко ќе се вратам од работа после 17h да варам грав и да направам едно тенџере кое ќе го јадам три дена по ред...
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Живееме во доба каде купувањето и приготвување храна знае да биде главниот проблем во денот. Честопати стојам како здрвен во маркет, и немам појма што сакам да јадам, а гладен сум, ми се плаче. :)
Секако, би рекле нарачај си, најдобро ќе поминеш.
И така е,ама храната која ја купуваме од Фаст Фуд продавниците знае да биде х4 од тоа што реално би чинела, а и после одредено време здосадува.

Добро, темава не е за секого, ама би сакал да чујам највеќе од тие кои живеат сами и купувањето и готвење на храна им е главниот начин на заштедување финансии.

Што готвите кога сакате да се најадете добро а да не потрошите огромни финансии кои се слични на јадење во ресторан.
Која храна би ја препорачале да е ефтина а и вкусна?
Со однос на тоа што повеќето немаме доволно време за готвење, убаво би било да споделите некоја храна што е брза за приготвување.
Дали замрзнувате одредени оброци за потоа лесно приготвување?

Убаво би било да споделите и рецепт доколку знаете, само тоа да не биде паста од проста причина што паста ми е како кафе за добро утро. :)
Пастата е брза,ама не е добро често да се јаде.
Кам и Стокомак се маркети со пониски цени на производи,а сепак квалитетни.
Од Стокомак само јајца не би препорачала.
Ориз со батаци е убаво јадење,може да се направи за помалку од саат време.Исто и за макарони или шпагети со мелено месо.
Полуготова храна е опција за некој кој нема многу време за готвење(на пр.полуготови крокети риба).Или нешто скроз готово,како грав или гулаш во конзерва што само треба да се стопли.Во Кам има вкусни кроасани со сирење,пица вкус,вишна...Евтини се од 14 до 20 и некој денар.Солидни се за брз појадок.
За ручек исто може некоја салата со стек(марула со ротквица,кромид,лук и лимон или Руска).
Та,може и само некоја салата со домати,маслинки,сирење...
Има купишта предлози на Интернет,ќе добиеш идеи.
 
Не живеам во Македонија.
Таму има доста повеќе избор отколку во странство.

Јас еве три години 80 проценти од јадењето ми е приготвено, ама дојде период каде мора да се штеди и ете, мислам на рецепти.
Плус, ако ми верувате ми фали некоја манџојна.
Некоја компир манџа, леќа, боранија итн. (грав отпишете го, нема каде да се купи :) )

Поентата не ми беше каде можат да се најдат...скоро секаде има ефтини и скапи работи.
Сакам да чујам некое ваше омилено брзо и ефтино јадење.
Како што споменав погоре, не живеам во Македонија и тука има огромна разлика во некои продукти за разлика од Македонија.
Еве на пример марула е 90 денари.
Така да тоа никако нема да биде под категорија ефтини јадења. :D
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.256
Поени од реакции
1.966
Не живеам во Македонија.
Таму има доста повеќе избор отколку во странство.

Јас еве три години 80 проценти од јадењето ми е приготвено, ама дојде период каде мора да се штеди и ете, мислам на рецепти.
Плус, ако ми верувате ми фали некоја манџојна.
Некоја компир манџа, леќа, боранија итн. (грав отпишете го, нема каде да се купи :) )
Што ако си во странство,ќе најдеш соодветни производи... ;)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Живееме во доба каде купувањето и приготвување храна знае да биде главниот проблем во денот. Честопати стојам како здрвен во маркет, и немам појма што сакам да јадам, а гладен сум, ми се плаче. :)
Секако, би рекле нарачај си, најдобро ќе поминеш.
И така е,ама храната која ја купуваме од Фаст Фуд продавниците знае да биде х4 од тоа што реално би чинела, а и после одредено време здосадува.

Добро, темава не е за секого, ама би сакал да чујам највеќе од тие кои живеат сами и купувањето и готвење на храна им е главниот начин на заштедување финансии.

Што готвите кога сакате да се најадете добро а да не потрошите огромни финансии кои се слични на јадење во ресторан.
Која храна би ја препорачале да е ефтина а и вкусна?
Со однос на тоа што повеќето немаме доволно време за готвење, убаво би било да споделите некоја храна што е брза за приготвување.
Дали замрзнувате одредени оброци за потоа лесно приготвување?

Убаво би било да споделите и рецепт доколку знаете, само тоа да не биде паста од проста причина што паста ми е како кафе за добро утро. :)
Печен ориз микс со златна мешавина и печурки, се прави за неполн саат, ако сакаш да ти биде повкусно ќе си го направиш со копани, свинско или стекче, јас го ставам во фрижидер, правам за 3-4 оброци и тоа ми е 1 оброк во денот, го притоплувам 2 минути во микробранова пред да го јадам, исто и ориз со спанаќ имаш еден куп рецепти по интернет за пролетно јадење, со кисело млеко или јогурт е топ.
Печени компири и моркови (ги правиш со слична дебелина и едните и другите за да се испечат побрзо), исто во комбо со месо, само прво го печеш месото. Не ги чувај многу компирите, штетни се да се јадат долго време подготвени.
Грав барај готов во конзерва, ваљда се наоѓа низ маркетите, тука имаш посен, со сланина и шницла, го ставаш во микробранова или во тенџере/рерна, пишува точно минути за подготовка и имаш грав, исто имаш и гулаш и ѓувеч.
Јајца варени, омлет или на око, екстра брзо за подготовка, може да си го комбинираш со печурки, сланина, колбаси, се на се 10 минути за подготовка, или јајца и урда топ за навечер.
Салати во комбо со печено/варено месо, риба, туна, готови супи.
Еве ти идеи од мене, за мене функционираат супер во последниве 9 години, плус се прилагодливи за вежбање :)
 
Член од
5 март 2011
Мислења
841
Поени од реакции
824
Имаш една опција емисија мислам на сител тв каде што за одредена сума на пари ( некои си 500-600 ден) за 20 мин готвење ке те инф некој од членовите што е по запознаен може ја има и на инт ..... Јас една случајно гледав на гости бев се натпреваруваа снаа и свекрава од куманово не ме фати око емисијата...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Живеење сам и готвење храна не одат заедно. Си утнал темата.
Јас живеам сама и си готвам, не гледам каде е проблемот? Се враќам некогаш и покасно од 17 часот, не може да немаш време секој ден, ќе си направиш нешто од вечерта и после само ќе си згрееш. Еј тешко да не е од вечерта да си истребиш ориз и да бутнеш батаци?

Морков, зелка, марула, цвекло си дробам во изобилие во голем сад и секој ден само си турам и полевам со масло, оцет и сол.

Шпагети сите знаат како се прават.

За компир варен истото, не знам што е тешко и долготрајно?

Сварен зеленчук исто така.

Спанаќот само знае да е малку подосаден во чистење, во припремање не и го оставам за викенди.

Манџи, такви работи не ни јадам поради проблеми со желудникот па не знам баш да кажам.

@SK-92 убаво ти кажаа, заследи ја Шумеча на Инстаграм или лајкни и ја страната на ФБ, девојчето ептен го бива и прави и повеќе од солидни јадења од буквално остатоци од фрижидерот.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.336
Поени од реакции
4.926
Не живеам во Македонија.
Таму има доста повеќе избор отколку во странство.
Па така де искажи се не ја врти темава одоколу чоек да не може крај да и фати. :)
Требаше да ја именуваш темава за исхрана надвор од Македонија
Во која држава/град си? Каква е ситуацијата со готвена храна?
Тоа малкуто што сум го прошетал секаде по големите ланци на маркети имало дневно припремена готова храна, почнувајќи од салати па до главни јадења.
Да не зборам за оние Ready to Cook паковања кој треба само да ги фрлиш во микробранова. Ги гледам од Carnex и Neoplanta почнале да пакуваат
http://www.neoplanta.rs/products/details/4/Gotova-jela
https://carnex.rs/products/gotova-jela
Сега колку е здраво и колку ќе поживееш ако со години се храниш на ваков начин незнам :) али некогаш е нужно зло.

Јас живеам сама и си готвам, не гледам каде е проблемот? .
Пази јас не реков да се иде по ресторани за јајце на око да се јаде. Фала богу дека е ќефлиски да си седнеш да си направиш кајгана, да здробиш салата, да свариш макарони за 15мин, проблемот е во 365дена од годината треба да планираш што за денес/утре и од тие едно 100тина дена сакал нејќел мора да се ослониш на таа готова храна. Е сега за да не јадеш конзерва и fast food, фала богу некој измислил тоа кујните кај што ти црпат со лажица и ти ставаат во едно пластично склопче. Ако ништо друго знаеш дека тоа е со рок од 24 часа. а не манџа со година дена рок на траење.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
абе чип ен хелти. само ако сам си одгледаш. ќе дојде ден пак сите на село ќе се вратиме, крави, кокошки ќе завртиме и бавчи ќе садиме.
во супермаркетите одамна ѓубре се продава, сега и на пазарите почна. на ништо не личе храната денес.
ќе дојде ден пак сите сами храна да си произведуваме. ако сакаме здраво да се храниме.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Има еден куп јадења со пилешко, мелено месо, сланина, кашкавал, печурки, ориз, спанаќ, туна, компир, грашок, карфиол, брокула кои можат да се направат за кратко време, а и за сам не треба голема количина ни време.

Ако е некое јадење во кое прво треба да се запржи кромид, месо, морков, ориз, печурки се тоа се прави уште од вечерта и утредента се продлжува со варење или печење. :D
Ние така правиме за многу јадења иако сме 4ца, по што не јадам ладно, суво, а ни пак сакам да е конзерва или некое готово од маркет и затоа некогаш пола е спремно од вечерта. Кога купуваме месо пред да го замрзнеме секогаш го сечкаме и после ни е готово. Зеленчукот се чисти и тоа е и кога треба да се прави јадење се е спремно. :D
Последен пат купив пилешки прсти, моите дома направени за 15 минути се поубави и повкусни, а тие готовите ги платив 3 пати поскапо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom