Полициска контрола без контрола

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Факт е инспекторите и арамиите делат.

Се случува ситуација на луѓе што живеат во Швајцарија им ја ограбуваат куќата, и на увидот е дојден инспектор кој што прв пат влегува во куќата и на свекорот односно таткото кој што ја пријавил кражбата го нуди со виски кое што е скриено во регалот. И овај го избркал кога сватил дека тој што го прави увидот тој ги пратил да ги ограбат.
И што порака се добива со тоа?
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Јас апсолутно не преферирам некој да ме контролира на ваков начин. Ич не ми е по ќеиф.
Само имам голем прашалник, што ако јас и ти планираме убиство, бидеме прислушкувани, не фатат на време, се спаси човекот кој сакаме да го убиеме?
Ако мериме што е поважно, тоа е човековиот живот.
Или, поминуваат џандари кај мене пред куќа, слушаат трескање, кршење, и не влагаат затоа што немаат налог.
Мојот живот е поважен од мојата приватност.
Што ќе ми е приватност ако немам живот?

Зборувам дека се прашувам, дали воопшто сме безбедни? Убиството за кое зборувам е на 3км воздушно од мојава куќа. Дома во сред бел ден ми имаат провалено. И замисли, џандариве се сомневаат дека се случува нешто нелегално кај мене дома, ама не реагираат, зошто немаат налог, па не влагаат да го спречат пљачкањето?

Ако постои друга опција, радо би. Не ме вознемирува ни ова нешто посебно, но едноставно не гледам подобро решение моментално.
И пак ќе речам, ако навистина ова вродува со плод, ако навистина ја подобри безбедноста.
Едно е прислушкување друго е влагање дома.Ако не се лажам полицаец со оправдан сомнеж еве како на пример што велиш трескање, крешење смее да влезе дома кај тебе или кај мене и да провери, но прислушкувањето е сосем трета работа и всушност поради тоа е дебатата.
Кажав веќе ова е закон за политичка чистка,притисок врз медиуми и бизниси или поединци кои нема да им одговараат на оние кои се на власт.
Зошто не би добила полицијата налог за прислушкување ако има оправдан сомнеж.
Без судство можеме во камено време да се вратиме одма.
Низ темава десет пати повторив ама еве ќе напишам уште еднаш.
Моќта корумпира, апсолутната моќ корумпира апсолутно тоа е факт.ТОЧКА
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Кажи ми бе зашо ја од иљада тресења од алфи никад не сум изел ќутек? Чек, ти шо сакаш бе? Коа ќе ти се стаи алфашот да ти рече "Извинете, ќе ве молам идентификација." Од некој што работи на улица и секој ден може да го јаде курот додека се бавта со говнари шо дилаат хорс у чаирчанка?

Те тресат затоа што не си наркоман, тоа алфата кога ќе види хероински наркоман бега понастрана, затоа што овај е жив мртовец ако го треси него можи на алфата да му истресат некој куршум.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Нормално е државата да се грижи за безбедноста на своите граѓани, како и да се бори против криминалот ........... НО ..........
Дали навистина мислите дека ваквиот закон навистина ќе даде резултати, дали мислите дека безбедноста на граѓаните навистина ќе се подобри т.е. повеќе нема да има тепање на деца(и по некој старец) по улици, автобуски, автобуси, паркови, училишта... мислите дека со овој закон во иднина веќе нема да се случуваат убиства, силувања, кражби, провали, киднапирања, рекет... и дали мислите дека со овој закон навистина ќе се намали криминалот т.е. реално ќе се удри по дилањето на дроги, по шверцот...
Јас сум скептик дека овој закон ќе даде некои поголеми резултати(во подобрувањето на безбедноста на граѓаните, како и во борбата против криминалот), како и многу други закони така и овој нов полициски закон мислам дека е само ветер и магла и бркање на муви ............ мислите дека овој закон ќе важи за сите подеднакво, не верувам !
Б.Т.В. За жал и полицијата не е семоќна т.е. полицијата има способност да следи, надгледува, шпионира, прислушкува, претресува, снима... но за жал полицијата нема телепатски способности и неможе да ги чита мислите на луѓето во нивните глави ................. т.е. ако некој/некои сака/сакаат на некого да му наштети/наштетат постојат милион начини за тоа, било да го удрат по живот, по здравје, по семејството, по парите/имотот... полицијата едноставно е моќна, но не е семоќна, не постои направа која има можност да ги чита мислите на луѓето во нивните глави !
И немојте да си играте бајрам со умот дека овој закон ќе важи за сите МК-граѓани подеднакво и дека ќе важи на целата територија од државава ............. однапред знам дека овој закон ќе важи претежно за Македонците, мислите дека овој закон ќе важи за Слупчане, Ваксинце, Арачиново, Кондово, Шипковица, Речица... и мислите дека овој закон ќе важи за некој Албанец, Бошњак, Турчин, Торбеш, Ром... тикви дека ќе важи ........... а и криминалот во една држава се знае од каде треба да почне да се чисти(од врвот политичко-олигархиски), не за џабе се рекло рибата се чисти од главата, а не од опашката...
и за крај од постов ......... живела олигархија ........ (n)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Те тресат затоа што не си наркоман, тоа алфата кога ќе види хероински наркоман бега понастрана, затоа што овај е жив мртовец ако го треси него можи на алфата да му истресат некој куршум.
Хаха, не се лажи :)
Можеме да кењаме за алфите до задутре, со некои постапки си го заслужиле тоа, ама верувам дека и ти знаеш отприлика кој се занимава со дилање кај тебе во населба, така што, во одредени ситуации, сум била сигурна дека имаат ,,права личност,, закачено :) А со таквите суштества (не можам човек да наречам дилер) јас и погруба би била.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
http://www.24sata.hr/crna-kronika-news/ubojstvo-u-osijeku-zasto-je-policija-cekala-a-nije-provalila-288938

eve pak slučaj kade policijata čekala nekoj od komšiite da podnese prijava ... tie zatvarale prozori dodeka poranešniot maž ja kolel ženata
Абе нека продаваат вакви приказни на некој друг.Не би ми било чудно цела градинка да остават да запали некој само за да после секое дете да мора да е следено со ГПС.

Слушале некој колат внатре али не провалувале зошто ниеден од комшиите не сакал да излезе на прозор и да пријави.АБЕ АЈДЕ мижи да ти баам е работава.

Да не ни почнувам како во 99/100 случаеви ова ќе испадне ништо или ти ќе испаднеш крив.Еднаш се имаше случено во моја зграда викнавме сите комшии на спрат на едниот комшија пријатели ( значи не ни полиција ) дека жена му окото и беше цело модро а овој беше пијаница,знаеш после кој циркуси ги правеше жена му и тоа со месеци.

Замислете за секоја фамилија што се караат дома или дента имаат по див секс да упаднува полиција внатре.Па ќе биде хаос.

Ако си 100% сигурен како полицаец дека нешто внатре се дешава,упадни бе ако си во право нема судија што ќе те казни а и нема началник што ќе те отпушти.Ако си згрешил пак нема најверојатно да ти се деси али ај ќе се лажеме дека ќе те казнат.Али ако ти можеш кај сакаш да си упаѓаш без никаква одговорност тоа е веќе полициска држава.

.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Абе нека продаваат вакви приказни на некој друг.Не би ми било чудно цела градинка да остават да запали некој само за да после секое дете да мора да е следено со ГПС.

Слушале некој колат внатре али не провалувале зошто ниеден од комшиите не сакал да излезе на прозор и да пријави.АБЕ АЈДЕ мижи да ти баам е работава.



.
Еј арно што ти текна тоа со ГПС-от ти е многу паметна идеја, не само секое дете, туку секој жив човек доживотно да мора да носи вграден ГПС во некој дел од телото(по-длабоко во телото) за да се знае/лоцира каде е тој човек во секое време, каде и кога бил/престојувал... а откако човекот ќе почине тогаш од централата да му се исклучи комплетно ГПС-от или пак да му се извади/отстрани од телото ..................... :ROFLMAO::ROFLMAO:
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Еј арно што ти текна тоа со ГПС-от ти е многу паметна идеја, не само секое дете, туку секој жив човек доживотно да мора да носи вграден ГПС во некој дел од телото(по-длабоко во телото) за да се знае/лоцира каде е тој човек во секое време, каде и кога бил/престојувал... а откако човекот ќе почине тогаш од централата да му се исклучи комплетно ГПС-от или пак да му се извади/отстрани од телото ..................... :ROFLMAO::ROFLMAO:
pa i ne e nisto novo vo pola svet vo licnite karti imaat veke cipovi..
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Реално ова нас (нормалните) не не засега никако. Едино лошо е вака за демократија и то. Тие што се закачнале со власта нека му ја мислат. :) (Нормално дека и за анти-криминал ќе се користи ова, но сепак јасна е намерата)
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Доколку се употребува овој закон за реално искоренување на криминалот, како и за зголемување на безбедноста на граѓаните... ОК
Но зашто сите/повеќето сме скептици за овој закон и скоро секој однапред знае дека овој закон нема да важи за секого, нема да важи на целата територија од државата и однапред знаеме дека властите(и сегашни и сите идни) овој закон ќе го употребуваат пред се за заплашување на политичките ривали, неистомислениците и поедини бизнисмени ............ т.е. за борба против сите оние кои се наоѓаат на ’’црната листа’’ на државата/власта ......... омразените и непожелните !
:confused:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Доколку ваквиот нов закон се употреби за сузбивање на реални криминални дела пеки ................... на пр. кај лица со дебели досиеа, кај лица за кои постојат цврсти сомневања дека се занимаваат со некаков тип на криминал ...........
Само треба една мала промена, прислушкување исклучиво на политичарите, бидејќи реално гледано кога има некој голем криминал на телевизија, ретко се случува на МВР да и се испушти и да каже, дека за тоа и тоа дело има вмешано високи функционери односно политичари од некоја партија.
--- надополнето: 16 ноември 2012 во 22:25 ---
Не сакам да зборувам во каков момент полицијата, поточно алфите ми се имаат најдено. А не знаеа ни која сум. Јас немам лошо искуство со полицијата, лично.

Која СЛОБОДА?
Јас НЕМАМ слобода. Јас не се движам слободно. Може да ме силува и убие КОЈ САКА во ова мочано Скопје. Во Гази Баба до пред 2-3 години цутеше проституцијата и дилањето. А живеам на 50 метри од шумата. Си видел ти воорушен шалбанец некогаш, онака како мирно си се шетка и разгледува? Епа јас сум видела... откако почна нели, полицијата да ми ја загрозува слободата и приватноста на движење (доста често бев легитимирана), проституција повеќе нема (одамна не сум видела комбе со девојки тука), а за дилањето лично сум видела што прават.
И ако треба да бирам, дали криминалци да ми ја одзимаат слободата или полицијата, ја преферирам полицијата.
Камо ни едните ни другите да не беа.
Проблемот не е во полицијата, проблемот е во политичарите, ако полицијата супер си ја врши работата, само политичарите го менуваат курсот, па затоа се јавуваат проблеми.
Замисли сега, наместо ти политичарите бидат експлузивно прислушкувани и тоа сите од премиерот до советникот во некоја општина, што мислиш за таква опција, ќе ја дозволат???
А реално гледано, во политика луѓе влегуваат за да се обогатат и да изиграваат шерифи, па преку него да оди ова или она, со ретки исклучоци.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.342
Дали некој мисли дека дражните органи и до сега не ги следеле криминалците или прислушкувале криминални/терористички банди? Ма, немојте...колку акции се направиле во последните години и колку уште ги има во фиоките. Проблемот е што сега ова директно има големи последици за населението. Како ќе им текне на некому ќе си прислушкуваат и ќе си влагаат кај луѓето. Влагајнето на полицијата во домовите без судски налог дефинитивно е премногу, премногу опасно. Со тоа судовите губат контрола над полицијата. Полициска држава е реална опасност, опасноста на злоупотреба голема. Не ми се веруват после 20 години независност во многу сфери како се движиме кон социализам 2.0.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom