Полициска контрола без контрола

Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
707
Хелсиншкиот комитет смета дека законските измени се противуставни и ги повредуваат човековите права и слободи. Директорот за јавна безбедност сега има дискреционо право да издава наредби за засилено и прикриено набљудување. Колку, каде и како ќе следи полициското око не се објаснува, па затоа се доведува во прашање приватноста и угледот на граѓаните - забележува Хелсиншки.
Полицијата ќе смее да упадне во нечиј дом без судски налог, ако постои претпоставка дека внатре се одвива кривично дело. Уште кога измените беа на комисиска расправа професорите се посомневаа од можна злоупотреба на зголемените полициски овластувања.

Министерката Јанкуловска уверува дека во законот за полиција се било прецизирано - полициските овластувања и нивниот начин на употреба и условите во кои ќе се применуваат.

Со законот се овозможува, предупредуваат експертите, злоупотреба на личните податоци затоа што полицијата пет години во архива ќе ги чува извештаите за лесен сообраќаен прекршок.
Човековите права ги загрозуваат и некои одредби од Законот за следење на комуникации, како можноста предлог за следење да даде и полицаец. Наместо 30 дена, сега полицијата ќе смее да следи комункации 4 месеци.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=58279

Aj Cestito ....ne sum go razgledal celiot zakon ama i od ova mi se gadi

"
Полицијата ќе смее да упадне во нечиј дом без судски налог, ако постои претпоставка дека внатре се одвива кривично дело. "

"Човековите права ги загрозуваат и некои одредби од Законот за следење на комуникации, како можноста предлог за следење да даде и полицаец. Наместо 30 дена, сега полицијата ќе смее да следи комункации 4 месеци. "
:cenzura:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Не смеам да напишам што мислам за ова, се плашам дека ќе ми влета брколинда, можеби го окарактеризирала мислењето како криминално дело.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Сега имаат прилика да се изживуваат врз кого сакаат и да ја користат службената положба за пресметки од секаков вид (лични, политички...) И до сега беа "многу овластени" , а после ова има да бидат богови...Значи ти упаѓа дома полиција, ти прави претрес, ти нанесуваат психички трауми, те малтретираат, а се без судски налог...Па тоа има да бидат спектакли невидени...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
Стварно мислите дека некој туку така ќе ви улета кај вас у куќа/стан? Ова е првично направено за навреме да се спречат терористички акции, нелегални трговии со дрога/оружје, проституција...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Да било овозможено прислушкување, можеби навреме ќе се откриело што се спрема на Смилковско езеро...

Или сакате дома некој да ви влезе, да ве врзе за стол, да ве малтретира... ама полицијата да не влезе внатре, оти не смее без судски налог?

Ај малку размислете. Малку. Камо среќа ова навистина да функционира како што треба.
 
D

D_NazGUL

Гостин
По дома ќе улетуваат? Кој? Хм, боље да се спремат контра мерки.
Од утре праам увоз на тазе турети (од Кина нормално)


Од денес и официјално примам нарачки!
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Да било овозможено прислушкување, можеби навреме ќе се откриело што се спрема на Смилковско езеро...
Приведените за Смилковци биле следени и снимани:
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BD33C643428223469001D052874B3C2F

Или сакате дома некој да ви влезе, да ве врзе за стол, да ве малтретира... ама полицијата да не влезе внатре, оти не смее без судски налог?
Или да ти влезат цајканите дома, да те врзат за стол, да те малтретираат, само затоа што локалниот џандар се сомнева дека правиш криминал по дома.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Стварно мислите дека некој туку така ќе ви улета кај вас у куќа/стан? Ова е првично направено за навреме да се спречат терористички акции, нелегални трговии со дрога/оружје, проституција...

baaaaaa,baaaaa,baaaa

И Евреите си седеле по дома и си бркале работа,и многу народ во СССР си седел дома и си бркал работа.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Најискерно, што си направил ти па да имаат причина да ти идат дома?
Па тоа е проблемот, они не ни мораат да имаат причина, туку само сомневање да ми влетаат дома.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Добро, као мислите дека изглеа тоа? Се возат пандури у марица низ Ѓорче, гледаат куќа и си викаат ај ќе напуштиме и должност и све и ќе влеземе у куќава за да ги троламе луѓето што живеат унатре пошто неаме попаметна работа. Дај немојте со овие Орвелови сценарија.
Се надевам само дека законов ги фаќа шпониве. Или смееш само ако си 25% сигурен дека ги сумњаш да им влезеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom