Полихроно

Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.846
Ќе си купиш интернет картичка од трафика. Ко ваучери се продаваат, ќе си земеш картичка од 10 евра и ако ти треба само за мејлови ќе ти заврши сигурно работа.
Многу поедноставно е него интернет кафе.
Мада секој кафич има wi-fi, ако седнуваат навечер на пример со децата може од таму на интернет да седи без проблем.
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Мада секој кафич има wi-fi, ако седнуваат навечер на пример со децата може од таму на интернет да седи без проблем.
И тоа е решение, малце гњавење, ама решение е.
Во секој случај испробано е ова со картичката, не ми текнува точно колкав трансфер даваа, дали 3гб дали 5 (за 10 евра), ама ќе си има сигурност со неа дека во секое време ќе може да се конектира.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Е да, колку и да кошта ваучер за интернет е сигурно поефтино него ли од тука да купувам. Роаминг интернет у т-хоум е околу 700 денари за 100 MB бе, па нормални ли се?
 
Член од
8 јули 2014
Мислења
144
Поени од реакции
93
Оди во Пефкохори. Јас сум бил таму 5-6 пати со моите како помал. Плажата е одлична (десно од пристаништето, мада и лево е океј, малце потесна само), интернет кафе имаш горе на главната улица (тоа ќе ти биде негде 5-6-7 мин од смештај зависи каде ке си сместен), и секако не е единстевно кафе. Водата е најчиста можеби од сите места на првиот крак, навечер има за шетање доста и е прилично мирно. Јас немам ниту една замерка, ако сакаш нешто подетално прашај, јас Пефкохори го знам како Карпошов мој. За децата имаш такви паркови со љуљашки ова она глупости, луна-паркови... Прошетај го све ќе најдеш. Иначе ако ви се шета надвор од Пефкохори, тоа е сместено баш меѓу Ханиоти и Полихроно, така да со кола има 5 минути оддалеченост од секое, така да навечер можете и таму. За паркинг не е проблем, се наоѓа.
Јас дури и сеа како поголем би искористил шанса да одам пак таму, ме лупа носталгија за тоа место :)
Која цена е движи смештајов и дали има забава за млади?
 

Fiend

смут џезер
Член од
29 март 2012
Мислења
947
Поени од реакции
1.074
Преубаво, мирно, нема ноќен живот, пречиста вода, плажата пред нос, полн погодок.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Јас се мислам од калитеа,полихроно,ханиоти,пефкохори, значи цела надолжна линија , каде е најбистра водата и на плажите да не се се со лежалки и да нема толку многу гужва, и да не е толку скапо, ефитно да е и одпирлика да не знае колку е студио за двајца?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Многу е убо, таму беше Ѓоковиќ на одмор.
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Еве, пишувам директно од Полихроно.... Фала богу утре си одам дома. На полошо место не сум бил на одмор. Катастрофа. Плажа тесна, полна лежалки, а за гужва да не правам муабет.... исто така место песок има камења. Водата исто, камења полно, нозе да искршиш. Народ (читај доморотци грци) по нељубезни и некултурни здравје. Исто така полно македонци и срби, ама преполно... Така да доколку се ова што пишав погоре на некој му одговара нека повели, во спротивно бегајте од тука. Барем јас никогаш повеке у живот тука нема да дојдам.
 
C

cige

Гостин
Сакам годинава да одам на јужниот дел на Касандра(Полихроно, Ханиоти, Пефкохори). Предложете некое поефтино селце за смештај, на плажа и на искачање ќе одам со кола во овие пофенси места.
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
210
Поени од реакции
146
Како се движат цените за сместување годинава за таму да се бара на лице место?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom