Полихроно

Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Бил некој во Полихроно? Па ако бил да каже како е?
 
Keljav

baram zena - test kujna
Член од
8 март 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
310
Местото е топ за пензионери
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Е тоа ме радува. Тоа и сакам, пензионерско каде што нема ништо од галама и сл. да си станам сабајле да си појадам да одам на плажа на ручек да си дојдам дома да дремнам, па после пак на плажа, па вечер пак дома на спиење, малку да шетнам некаде колку 1 час....

Само ме интересира интернет кафиња дали има? Пошто со работава моја ке ми треба интернет па да не им плакам роаминг на т-хоум.

А тоа плажи море и сл. како е? Добро е за мали деца? Не е многу длабоко на почетok и сл.?
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Ханиоти тие многу многу подобро.Има се шо бараш од ова,а е многу поживо
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Абе не сакам по живо, сакам да истерам максимално пензионерски одмор. Само со работава ми треба интернет барем за пола час дневно да одговорам на некој е-маил-ови и толку. Јеби га, моја е фирмата, да не беше моја и за тоа ич немаше да ме боли.
 
Член од
14 декември 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
10.994
Човекот бара место што не е многу живо ти му даваш предлог место што е поживо...

Ова е исто како да прашал "Здраво дечки нов сум во фудбалов сакам да навивам за некоја екипа што освојува многу титули", и ти да му кажеш "Еве пробај за Арсенал да навиваш у 8 години го тепаа Хал на продужетци за ФА куп" :icon_mrgr:
Добро може лошо се изразив.И тука може пенизонерски ако сака,ми беше зборот за навечер дека има поголема раздвиженост,оти во Полихроно навечер ептен е пусто затоа
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Абе луѓе, не прашам јас за препорака, секако ке одам таму. Прашам само како е, дали е како што ми опишаа, мирно и досадно. И дали има интернет клубови. И дали плажите се убави со плитко море за мали деца?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ај бе пишувајте тоа што ви бара човекот
 
Have an ice day

Get Free
Член од
26 јануари 2014
Мислења
544
Поени од реакции
1.021
Е тоа ме радува. Тоа и сакам, пензионерско каде што нема ништо од галама и сл. да си станам сабајле да си појадам да одам на плажа на ручек да си дојдам дома да дремнам, па после пак на плажа, па вечер пак дома на спиење, малку да шетнам некаде колку 1 час....

Само ме интересира интернет кафиња дали има? Пошто со работава моја ке ми треба интернет па да не им плакам роаминг на т-хоум.

А тоа плажи море и сл. како е? Добро е за мали деца? Не е многу длабоко на почетok и сл.?
Јас имам 2 пати одено Полихроно на вториот крак беше ако не се лажам, местото ти е малце удолно :D така испечено наокулу. топ за уживање водата па и плажата ако беше мала мислам дека е совршена и без бранови водата, плажата е ептен блиску на 1 мин. пат од било каде, нема лежалки со плаќање поставено највише шо мразам , без проблем плитка и чиста и без бранови е водата баш за деца, а за шетање чим си со мали деца топ ќе ви биде , доволно е да свртите приквечер некој круг, имаше и интернет кафе некаде во внатрешноста на градчето беше, не си згрешил што си го одбрал во секој случај, јас да имам можност повторно би одел таму :D
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Е те така те, фала на одговорот. :)

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Местото е Ок, има добри плажи......., но мене ако ме прашуваш, подобро оди во Пефкохори...... бар мене поубаво ми беше:)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
Бил некој во Полихроно? Па ако бил да каже како е?
Оди во Пефкохори. Јас сум бил таму 5-6 пати со моите како помал. Плажата е одлична (десно од пристаништето, мада и лево е океј, малце потесна само), интернет кафе имаш горе на главната улица (тоа ќе ти биде негде 5-6-7 мин од смештај зависи каде ке си сместен), и секако не е единстевно кафе. Водата е најчиста можеби од сите места на првиот крак, навечер има за шетање доста и е прилично мирно. Јас немам ниту една замерка, ако сакаш нешто подетално прашај, јас Пефкохори го знам како Карпошов мој. За децата имаш такви паркови со љуљашки ова она глупости, луна-паркови... Прошетај го све ќе најдеш. Иначе ако ви се шета надвор од Пефкохори, тоа е сместено баш меѓу Ханиоти и Полихроно, така да со кола има 5 минути оддалеченост од секое, така да навечер можете и таму. За паркинг не е проблем, се наоѓа.
Јас дури и сеа како поголем би искористил шанса да одам пак таму, ме лупа носталгија за тоа место :)
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2010
Мислења
919
Поени од реакции
907
Абе не сакам по живо, сакам да истерам максимално пензионерски одмор. Само со работава ми треба интернет барем за пола час дневно да одговорам на некој е-маил-ови и толку. Јеби га, моја е фирмата, да не беше моја и за тоа ич немаше да ме боли.
Ќе си купиш интернет картичка од трафика. Ко ваучери се продаваат, ќе си земеш картичка од 10 евра и ако ти треба само за мејлови ќе ти заврши сигурно работа.
Многу поедноставно е него интернет кафе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom