Ako dobro razbrav,ova e rano glasanje. I vo 2012 bilo slicno so rezultatite od rano glasanje,ama kofa pocnale da glasaat licno togas demokratite imale povekje glasovi.
Да, беше исто само Обама беше појак во Невада и Охајо, тука Киллари е малку тенка. Но во Северна Каролина и Флорида води Трамп, што им пркоси на сите анкети каде овие држави беа обоени плави.[DOUBLEPOST=1477505037][/DOUBLEPOST]
Има добра причина за тоа.
Малиот Марко, како што Доналд Трамп го нарекува, е припадник на таканаречената Банда на осуммина - осуммина пратеници на американскиот Сенат од редовите на Републиканската Партија, чии што гласови беа одлучувачки за изгласување на посебни овластувања на Барак Хусеин Обама за да може по забрзана постапка да се изгласа договорот за Транс-Пацифичко Партнерство - ТПП, нешто што за среќа не им успеа според планираното.
Паралелно со ова, малиот Марко се залага за амнестирање на нелегалните имигранти во САД, а Трамп го фати за тестисите со ова и со Бандата на осуммина.
Без разлика дали Трамп ќе победи или не на редовните претседателски избори кои треба да се одржат на 8 ноември 2016, поборниците за вистината и правдата најверојатно доживотно ќе му останат благодарни на Трамп затоа што јавно го разголи малиот Марко, а Викиликс допрва ќе има што да објавува за Републиканците, без разлика дали Трамп ќе победи на 8 ноември 2016 или не.
Малиот Рубио испадна поголем од своето его и застана зад Трамп, за разлика од многу други лажни републиканци кои пропагираат за Киллари. Треба да се удри една чистка на таквите идеолози затоа што истата приказна се повторува веќе избори наназад, патем дури и Реган ги нарекува “лажни републиканци“, човекот кој денес е нешто свето за таа политичка партија поради реформите, па и во однос на политичката мапа каде што неколку стандардни држави на демократите ги направил апсолутно републикански. Реформите мораат да започнат во таа партија или нема да има претседател во нивните редови, како ни тоа дека некогаш повторно ќе имаат мнозинство во конгресот. Хаос владее во таа партија или сојуз на идеологии.
ТПП или златниот стандард на Киллари се покажа лошо за САД. Мора да има подобрување во сферата на паричните фордови кои се излеваат од државата и се упатени кон центарот на седиштата на американски компании во другите држави. Треба да постои, мора да постои даночна регулатира за да нема постојано одливање на капитални компании од Америка. Кина неправендо е шутната од овој договор, според мене иако нуди евтина работна сила за американските стандарди.
[DOUBLEPOST=1477506002][/DOUBLEPOST]
Не ја пратам темата и незнам дали некој ја постира веста дека на Асанж му го чкрапнаја интернетот се до кајот на изборите во САД( на метрополис сабајле слушнав ), па ме интерериса овие што свршуваат на Хилари Клинтон сметаат дека тоа е во ред и дека нема ништо недемократски во тоа иако доаѓа од земја на која демократијата и е главна извозна гранка? Уште повеќе што во викиликс најчесто ја бербатат токму Клинтон. Сега ако некој смета дека на амбасадата на Еквадор така од нигде никаде им текна да му го скратат интернет пристапот баш до крајот на изборите за претседател во САД и дека тоа нема никаква врска со ништо тогаш ок.
Кери, државната секретарка игра голема улога во ова. Оној истиот што Путин го направи мајмун пред неговите министри и пред очите на јавноста. Општа патетика е кутриот.
Тој извршил притисок, некој тврдат дека имал средба (директна, интернет или телефонска) со Еквадорскиот амбасадор, за по објавувањето на приватните коресподенции на демократите, да му биде пресечен интернетот на Асанж. Но како што гледаме, сеуште нови информации излегуваат на интернет т.е. на Викиликс. Викиликс се докажа дека е далеку појака организација од целиот американски систем, кој никако не може да дојде до програмата на Викилинс и да го затвори овој сајд.
Кој и да стои позади Викиликс, докажува моќ која не е дофатлива за американскиот систем и во тревога ја пушта црвената сирена за безбедноста на сите доверливи информации, па и за самата безбедност на таа земја. И тука мораат да превземат нешто, а не да го лажат народот дека ИСИС не може да допре до тлото на Америка!