Превземено од фејсбук страната на Ленка :
Кралицата на Британија, Елизабета Втора е мртва! Угнетените народи ширум светот ќе ја запомнат по тоа што бесрамно паразитски луксузно живееше од богатството што нејзиното семејство го грабаше како профит од робството, ширење на колонијализмот и богатење на грбот на „нејзините поданици“ низ империјата како и даноците на работниците од Обединетото Кралство.
Историјата ни укажува дека животот на Кралицата Елизабета не е ништо друго освен негативен импакт врз човековата раса. Да се потсетиме, токму Елизабета претседаваше со бруталниот британски империјализам и ги водеше активните напори кралството да ги задржи своите колонијални територии. Нејзиното семејство е поврзано со минато на расизам, наци-фашизам и педофилија.
Кралицата Елизабета воопшто не соодејствува со ликот прикажан во филмовите, не е кралица од дизни тип како што граѓанството ја замислува, таа не заслужува постхумана почит. Умре само еден симбол на паразитизмот, олицетворение на злосторствата на колонијализмот и грабежот на работниците за сметка на раскошот на монархијата. Дури и накитот на нејзината круна биле украдени од Африка и Индија?!
Британската монархија претставува наследство на империјализам, колонијализам, ропство, расизам, геноцид и експлоатација ширум светот - со смртта на монарх светот не губи ништо.
Македонскиот народ не само што не треба да жали за смртта на британската кралица, туку треба и да ја осуди секоја акција превземена во вид на упатено сочувство во негово име - Македонскиот народ никогаш нема да заборави а ниту да прости за напалм бомбите, кои британското воено воздухопловство, во поддршка на грчките монархофашисти, во текот на граѓанската војна во Грција, ги истури врз цели села и населби на Македонци, што ги натера Егејците да ги напуштат своите вековни огништа.
Долу монархизмот - смрт на фашизмот слобода на народот!