Еееееее...е ми, наспроти сето ова кое го пишуваш, а на кое треба да мисли и да делува секој поединец кој има грам патриотизам во себе, ја имаме реалната состојба во која „севернава„ вукојебина е УВОЗНО ЗАВИСНА речиси за сите можни производи......тоа ЕУ ќе се распадне, ние зинавме да влеземе, за тие пусти ЕУ фондови, затоа што челнициве не ги бива, не им се работа, сакаат пари седејќи со рацете во џеп,
....еееееее златна земја имаме, златно поднебие, па удри вложи во домашно производство, разви аграрот кочи увоз на тоа што ние си го имаме, рестартирај фабрики, врати експерти и занаетчии, направи план што кадри фалат и создади работна сила професионална од образовни институции стриктно наменски.
....еееее која вода и зеленило, планини и езера имаме, удри инфраструктура патишта до сите краишта, врати го селанецот дома, врати го селскиот туризам, искористи природни богаства изгради етно села, организирај здравство кои кадри треба и на кои локации, отвори насекаде амбуланти таму нека почне медицинскиот кадар со приправнички стаж,
...така се гради држава, иако мала има природни богатства, природни ресурси, сонце и умерено поднебие... ама со мајмуни на власт држава и општество не се прави, ни требало ЕУ, а гаќите не знаат да ги облечат, не сме можеле сами, ЕУ ќе не дотепа!
Држава градат државници, не опиноци и потрчковци, кои со отворени усти чекаат да им се каже што треба да кажат...еееее...
Од друга страна пак, Македонија речиси и да нема некое битно природно богатство, чија експлоатација би придонела за повисок животен стандард, освен какво-такво земјоделско земјиште, од кое би можеле да бидеме независни барен за прехрана...еееее...ама и храна увезуваме....
И после, Вучиќ бил диктатор! А бе ај...