Патем картелите на границата со САД се константно во војна помеѓу себе и неретко и огромни картели со милијарди долари профит одеднаш знаат да се распаднат и територијата да им ја превземат други, нормално со реки крв во процесот. Тоа е проблемот за ДУИ.
А тоа колку Америка се бори вистински со картелите и нарко трговијата е дискутабилно. Посебно за држава за која има документација дека има шверцано дрога на воени авиони за финансирање на тајни операции, матни зделки а до негде и како социјална политика.
Токму така, прашање е колку се бори. А зошто е тоа така, заради корупција. Од време на време ќе дојде некој попут Реган што ќе објави војна на картелите во Колумбија во која ќе го убијат Ескобар, за да него за брзо време го наследи друг картел. Но генерално тешки пари се даваат на корумпирани политичари во САД. На крајот на краиштата, дрогата се шитка у САД и ја дилаат државјани на САД. Чим успеваат да ги корумпираат нивните политичари, мислиш дека е проблем со нашите. И генерално проблемот го прави кокаинот, не хероинот. И за една власт, хероинот е добредојден, додека за кокаинот е подруга приказната.
Мексико е огромна држава со над 200 милиони жители. Колку што има жители најмалата територија што држи еден картел во Мексико, 1/5 од нив има Албанци во Албанија, Косово и Македонија заедно. Лесно за контролирање, без многу простор за конфорнатација и народ лесен за манипулација. Второ, главната стока е Хероин, нешто за што западните влади немаат проблем да го замижат, па дури и да го охрабрат.
да нема забуна, ние сме мексико у случајот.