После тоа имаш три сценарија:
- Првото сценарио со апсолутно најголема веројатност е дека нема да се смени ама апсолутно ништо. Грците ќе ја затворат границата на некој 3-6 месеци за товарни возила, и една година за патници и после тоа прашањето ќе им служи само за внатрешна употреба, "Кој е предавникот, кој е патриотот" многу слично како кај нас. Државата ќе си се вика Република Македонија освен за Грција и уште едно 20-25 држави и тоа е тоа. Ќе си имаме некој преоден период од неколку години каде што или ќе се средиме, или кога ќе се стабилизира/дестабилизира светската ситуација има да ни се одмаздат за сите пари.
Партиските црви од СДС и ДПНЕ, странските господари има да ги линчуваат што дозволиле ситуацијата да биде доведена до таа состојба.
- Второ сценарио со далеку помала веројатност е дека ќе бидеме првата НАТО членка која се распаднала под притисок на внатрешна политичка нестабилност и надворешен притисок. А секако при проаѓањето можеме да започнеме и еден куп глупости и сериозен процес на дестабилзиација и главоболки за сите.
- Трето сценарио кое е на раб на научна фантастија е да станеме прва НАТО членка со Вагнер и Хезболах база на својата територија и да бидеме една огромна главоболка за сите.
Ама ова важи за апсолутно какви било значајни промени во Македонија. Затоа треба да се знае дека може да си или за Македонија или за ЕУ. Не може да си и за Македонија и за ЕУ.
- Ако пробаш да се пресметаш со политичиот криминал, Америка и ЕУ секако нема да гледаат само додека им ги чистиш структурите.
- Ако пробаш да се пресметаш со НВО, Америка и ЕУ секако нема да гледаат само додека им ги чистиш структурите.
- Ако пробаш да се пресметаш со олигарсите, Америка и ЕУ секако нема да гледаат само додека им ги чистиш структурите.
- Ако пробаш да се пресметаш со странски структури ( УЧК), Америка и ЕУ секако нема да гледаат само додека им ги чистиш структурите.
- Ако пробаш да се пресметаш со странските пијавици ( ЕВН, Коцкарници, Телеком, А1, Банки, Осигурителни компании), Америка и ЕУ секако нема да гледаат додека им бркнуваш во џеп.
Они веќе се толку навикнати ние да клекнеме пред секое прашање, што ти да пробаш и најмала позитивна промена да направиш они максимално ќе реагираат зошто не се навикнати некој да им каже не по кое било прашање. Иди затвори ја Цементара дека го труе цело Скопје ти гарантирам дека границата ќе биде затворена. Иди затвори ги коцкарниците, од Австрија имаш вето за во ЕУ.
Или Македонија или ЕУ, Европска Македонија е невозможност. Ама не може вечно да се живее во страв од тоа што можеби ќе се случи, некогаш едноставно е потребно да земеш параглајдер и да ја поминеш границата па после да размислуваш што ќе се случи потоа.