Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

За која пол. партија ќе гласате на парламентарните и претседателските избори следната година?

  • СДСМ

  • ВМРО-ДПМНЕ

  • Левица

  • ДУИ

  • ДПА

  • Алијанса за Албанците

  • Алтернатива

  • БЕСА

  • Турска демократска партија

  • Друга

  • Ни една / Ќе го направам ливчето неважечко

  • Нема да излезам на гласање

  • Неодлучен / Не знам

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.602
Поени од реакции
2.230
Ovie od ambsadava veke ne se ni krijat, porano ni kazuvaa nekako vo zaviena forma, demek “vie taka odlucivte, toa bese zelba na narodot”sega dirktno nareduvaat, ni sram ni perde.
Тоа ќе го кажат откако ајваниве ќе ги изгласаат промените во уставот.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.181
Поени од реакции
3.254
имало рекорден евроскептицизам во Македонија, нешто незапамтено било тоа. После сето тоа дупење у здрав памет и уценување ЕУ сака народот да плаче по нив.

Во времето околу референдумот (2018-тата), низ медиумите се вртеше бројка од „као„ 75% поддршка од страна на населението во МК за влез на Македонија во ЕУ и ОТАН. Никој и никад не ги виде(л) тие граѓани кои ги чинат тие 75%, така да оваа нова бројка од испитаници кои чинат 25% (секој четврт...) од граѓанството е премала и неточна, односно ги има многу повеќе од 25%, но само ако анкетите се чесни, ненаместени и точно пренесени...
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.186
Поени од реакции
10.960
Во времето околу рефрендумот (2018-тата), низ медиумите се вртеше бројка од „као„ 75% поддршка од страна на населението во МК за влез на Македонија во ЕУ и ОТАН. Никој и никад не ги виде(л) тие граѓани кои ги чинат тие 75%, така да оваа нова бројка од испитаници кои чинат 25% (секој четврт...) од граѓанството е премала и неточна, односно ги има многу повеќе од 25%, но само ако анкетите се чесни, ненаместени и точно пренесени...
Што и да велат било кои минати, сегашни или идни анкети, рајата на северенфиромистан поддржува членство во ЕУ исклучиво и само за да има каде да избега.

Полноправното членство во ЕУ им ги отвора границите на државите членки на ЕУ за речиси безусловен престој и далеку полесно вработување во споредба со сегашните правила и регулативи.

А тоа што на овие простори нема да остане ништо асално - од гледна точка на човечки потенцијал се разбира, плодната почва, реките и езерата ќе си останат - не и` значи апсолутно ништо на рајата, која и сега не е заинтересирана за да го сочува тоа што го има, а не па после зачленување во ЕУ.
 
Флеш

Господин
Член од
23 март 2009
Мислења
10.459
Поени од реакции
10.767
северенфиромистан поддржува членство во ЕУ исклучиво и само за да има каде да избега.
каде да бега , пола хациенди на Халкидики, пола Бугараши имаат фирми у Благоевград .
Полноправното членство во ЕУ им ги отвора границите на државите членки на ЕУ за речиси безусловен престој и далеку полесно вработување во споредба со сегашните правила и регулативи.
Според мене Македонија изгуби здив кога се залета да влезе одма во политички сојузи .

Требаше да гледа да влеземе во економски сојузи .Ем полесно ем тежина во економски развиток ќе имавме . Полесни процедури ќе имаа Еу жителите во членка на Еу економска зона . Вака сме гола кожа .
Ако е вистина дека Пендаровски одбил членство во ЕУ економската зона е најголем пораз на Македонија од оној во 2001 година и Рамковниот договор .
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.186
Поени од реакции
10.960
каде да бега , пола хациенди на Халкидики, пола Бугараши имаат фирми у Благоевград .
Тоа веројатно го мислиш за олигарсите, политичарите, јавните личности и слични паразити, секако дека ќе си се распослаат до каде што чергите им дозволуваат.

Мојот коментар се однесуваше на рајата која само чека да може да избега.

Според мене Македонија изгуби здив кога се залета да влезе одма во политички сојузи .

Требаше да гледа да влеземе во економски сојузи .Ем полесно ем тежина во економски развиток ќе имавме . Полесни процедури ќе имаа Еу жителите во членка на Еу економска зона . Вака сме гола кожа .
Ако е вистина дека Пендаровски одбил членство во ЕУ економската зона е најголем пораз на Македонија од оној во 2001 година и Рамковниот договор .
Најголемиот пораз кој Македонија го има претрпено од почетокот на 21-от век е одбивањето на привилегирано партнерство со ЕУ, кое беше понудено во 2005 или 2006 година, но плавите жолтици кои тогаш беа на власт ја одбија понудата, велејќи дека единствена прифатлива понуда за нив е полноправно членство во ЕУ.

Е па привилегираното партнерство подразбираше трговски односи кристално исти какви што имаат Швајцарија и Норвешка со ЕУ, вклучувајќи и безвизен режим и олеснувачки услови за вработување на нивните државјани во државите членки на ЕУ, но не подразбираше и пари од фондовите на ЕУ, а тие се клучниот плен за политичарите, бидејќи ако рајата се нафати да бега во странство благодарејќи на привилегираното партнерство, тогаш политичарите нема да имаат од каде да крадат.

Фондовите на ЕУ треба да надоместат за иселувањето на рајата, но ако Македонија нема пристап до тие фондови бидејќи не е полноправна членка на ЕУ, туку само привилегиран партнер, тогаш привилегираното партнерство е непрофитабилно за политичарите, и се разбира неприфатливо.
 
Последно уредено:
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.602
Поени од реакции
2.230
Во моментов западот се соочува голем недостаток на кадар што сосем е небитно од каде доаѓаш, битно е да сакаш да работиш.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
724
Поени од реакции
1.007
Најголемиот пораз кој Македонија го има претрпено од почетокот на 21-от век е одбивањето на привилегирано партнерство со ЕУ, кое беше понудено во 2005 или 2006 година, но плавите жолтици кои тогаш беа на власт ја одбија понудата, велејќи дека единствена прифатлива понуда за нив е полноправно членство во ЕУ.

Е па привилегираното партнерство подразбираше трговски односи кристално исти какви што имаат Швајцарија и Норвешка со ЕУ, вклучувајќи и безвизен режим и олеснувачки услови за вработување на нивните државјани во државите членки на ЕУ, но не подразбираше и пари од фондовите на ЕУ, а тие се клучниот плен за политичарите, бидејќи ако рајата се нафати да бега во странство благодарејќи на привилегираното партнерство, тогаш политичарите нема да имаат од каде да крадат.
Веруваш дека таква понуда била реалност на маса, а не "имате можност" "прилика која не се пропушта" и слично?
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.602
Поени од реакции
2.230
Веруваш дека таква понуда била реалност на маса, а не "имате можност" "прилика која не се пропушта" и слично?
Приказната за привилегирано членство е празен муабет пуштен од некој партиски штаб.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.186
Поени од реакции
10.960
Во моментов западот се соочува голем недостаток на кадар што сосем е небитно од каде доаѓаш, битно е да сакаш да работиш.
Тоа е сега, да, но пред речиси 20 години кога беше понудата за привилегирано партнерство со ЕУ беше поинаква приказна, тогаш малку повеќе внимаваа при изборот на странски работници.

Веруваш дека таква понуда била реалност на маса, а не "имате можност" "прилика која не се пропушта" и слично?
Приказната за привилегирано членство е празен муабет пуштен од некој партиски штаб.
Тоа беше после 2004 година кога САД ја признаа Македонија под уставното име со цел да придонесат за неуспешен исход на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа кој се одржа во ноември 2004.

Бидејќи старата омраза на гејците кон името Република Македонија повторно се истакна после 4 ноември 2004 - признавањето од страна на САД беше во четврток, а референдумот се одржа во недела, 7 ноември 2004 - брисељаците го понудија привилегираното партнерство како компромисно решение, од една страна Македонија не би била полноправна членка на ЕУ и не би имала пристап до фондовите на ЕУ, а од друга страна Македонците би имале безвизен режим и делумно членство во Европската Економска Област какво што имаат Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Тоа никогаш официјално не беше понудено на хартија, но беше отворено и јавно дискутирано, при што плавите жолтици експресно го отфрлија како неприфатлива опција.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.181
Поени од реакции
3.254
Што и да велат било кои минати, сегашни или идни анкети, рајата на северенфиромистан поддржува членство во ЕУ исклучиво и само за да има каде да избега.
Се согласувам до одредена мерка, но на оние кои сакаат да се отселат од МК, не им е потребен влез на МК во ЕУ, оти тоа (отселување) веќе го чинат, во реално време, со погубни цифри за отселени Македонци, но и дел од другото граѓанство во МК.

Се‘ уште верувам дека дел од Македонците по род сакаат да останат во Македонија и токму тие го чинат оној процент од инаетџии, на кои не им треба ниту ЕУ ниту ОТАН...
 
Член од
12 ноември 2008
Мислења
1.602
Поени од реакции
2.230
Тоа е сега, да, но пред речиси 20 години кога беше понудата за привилегирано партнерство со ЕУ беше поинаква приказна, тогаш малку повеќе внимаваа при изборот на странски работници.

Тоа беше после 2004 година кога САД ја признаа Македонија под уставното име со цел да придонесат за неуспешен исход на референдумот за задржување на старата територијална организација на локалната самоуправа кој се одржа во ноември 2004.

Бидејќи старата омраза на гејците кон името Република Македонија повторно се истакна после 4 ноември 2004 - признавањето од страна на САД беше во четврток, а референдумот се одржа во недела, 7 ноември 2004 - брисељаците го понудија привилегираното партнерство како компромисно решение, од една страна Македонија не би била полноправна членка на ЕУ и не би имала пристап до фондовите на ЕУ, а од друга страна Македонците би имале безвизен режим и делумно членство во Европската Економска Област какво што имаат Норвешка, Исланд и Лихтенштајн.

Тоа никогаш официјално не беше понудено на хартија, но беше отворено и јавно дискутирано, при што плавите жолтици експресно го отфрлија како неприфатлива опција.
Штом не било официјално понудено пак било измислен муабет од некој штаб. Најверојатно од ДПНЕ во овој случај.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.186
Поени од реакции
10.960
Се согласувам до одредена мерка, но на оние кои сакаат да се отселат од МК, не им е потребен влез на МК во ЕУ, оти тоа (отселување) веќе го чинат, во реално време, со погубни цифри за отселени Македонци, но и дел од другото граѓанство во МК.

Се‘ уште верувам дека дел од Македонците по род сакаат да останат во Македонија и токму тие го чинат оној процент од инаетџии, на кои не им треба ниту ЕУ ниту ОТАН...
Во право си, но за жал добар дел од рајата нема вистински професионални вештини од некоја барана професија во државите членки на ЕУ.

Тие кои јас лично ги познавам, а кои извадија татарски пасоши, слободно можам да потврдам дека до последен се полуписмени - да не речам неписмени, а пред да фатат џаде со татарските пасоши немаа никакви професионални вештини од некоја барана професија во државите членки на ЕУ.

Од друга страна, тие кои ги познавам, а кои се писмени луѓе со професионални вештини за професии кои се барани во државите членки на ЕУ, се изнашетаа низ Европа со македонски пасоши и се вратија во Македонија бидејќи никогаш не ни планираа да се селат во странство, туку само да прошетаат и да заработат некој денар повеќе.

Штом не било официјално понудено пак било измислен муабет од некој штаб. Најверојатно од ДПНЕ во овој случај.
Во ред, ако мора да ти се нацрта, повели.

Да ти посочам дека иако линкот е од Вечер, сепак изворот на веста е МИА, државна информативна агенција, а статијата е од март 2006 додека плавите жолтици сеуште беа на власт.

Токму во овој период Французите и Холанѓаните го отфрлија Европскиот Устав на референдуми, поради што се појави скептицизам за било какво понатамошно проширување на ЕУ, и токму од тука се појави идејата за привилегирано партнерство со ЕУ наместо полноправно члеснтво.

https://vecer.mk/uncategorized/за-македонија-нема-место-во-еу/

За Македонија нема место во ЕУ?

14.03.2006

Во Холандија и Франција расте отпорот кон натамошно ширење на ЕУ, така што партиите на власт во тие земји отворено се против “балканизација” на Европа, пишува вчера виенскиот весник “Пресе”. “ЕУ може да има најмногу 27 земји-членки, па со тоа, по Романија и Бугарија мора да се стопира понатамошното проширување”, се наведува во соопштението на холандските демохристијани, што го пренесува весникот, и се додава дека за земјите како Хрватска, Турција или Македонија нема место во ЕУ, а за Србија и Босна воопшто и не треба да се разговара. Во соопштението се посочува дека на тие земји може да им се даде статус на привилегирано партнерство со ЕУ. Холандските демохристијани сметаат дека на балканските земји треба да им се одземе статусот-кандидат за ЕУ, додека земјите како Белорусија и Украина треба да се окарактеризираат само како “добри соседи”. Со таквите популистички настапи холандските демохристијани се надеваат дека ќе освојат голем број гласови на следните избори во 2007 година, наведува “Пресе”. Според весникот, и Франција е резервирана кон натамошното проширување на ЕУ, а фаворитот на наредните претседателски избори, десничарот Никола Саркози, не крие дека балканските земји би ги оставил уште долго пред вратите на обединета Европа. Шефот на француската дипломатија Филип Дуст-Блази користи подипломатски речник кога се работи за проширувањето на ЕУ, но во суштина се согласува со Саркози дека балканските земји не се добредојдени, оценува виенскиот весник.

(МИА)
 
1.Ако се прочита цел текст се гледа дека во текстот се цитира друг весник а не некој официјален претставник на ЕУ.
2. Се наведува соопштение на неименувани холандски демохристијани кои си прават предизборен бајрам со умот дека требало на наведените земји да им се даде статус на привилегирано партнерство со ЕУ.
Да резимираме од оваа вест никаде не може да се заклучи дека таков статус некога и бил понуден на Македонија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom