Според пресметките на германските власти во крематориум 1, 340 трупови можеле да се спалат за 24 часа во 3 печки. Откако биле завршени (ваљда на ова мислиш реновирање, затоа што јас такво нешто друго не сретнав) четири други крематориуми со гасни комори, првиот крематориум престанал да работи и генерално се користел за складирање. По војната истиот бил делумно реконструиран.
Во крематориум 2, на секои 24 часа можело да се палат 1.440 трупови. Гасната комора и крематориумот 2 функционирале од март 1943 година до ноември 1944 година.
Во крематориум 3, на секои 24 часа можело да се палат 1.440 трупови. Гасната комора и крематориумот 3 функционирале од јуни 1943 година до ноември 1944 година.
Во крематориум 4, на секои 24 часа во овој крематориум можеле да се палат 768 трупови. Овој крематориум функционирал, со прекини, од март 1943 година до 7 октомври 1944 година.
Во крематориумм 5, на секои 24 часа во овој крематориум можеле да се палат 768 трупови. Понекогаш, телата на луѓето кои биле убиени, исто така, биле запалени на клади во јами лоцирани во близина на крематориум 5 и т.н. бункери. Овој крематориум функционирал со прекини, од април 1943 година до јануари 1945 година.
Значи откако завршило создавањето на новите крематориуми, првиот престанал да работи. Никаде нема податок дека имало прекини во палењето тела или дека навечер не работеле крематориумите. Прекини имало само во 4 и 5 крематориум.