Политички и историски документарци

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Вака, пред некое време отворив тема за филмови со политичка содржина, но воедно истите се играни филмови и иако можеби во некои од нив има некоја true story позадина, сепак се плод на сценарио и голем дел фантазија.

Знам дека во општата тема за документарци често може да се наиде на предлог за некој документарец, но сметам дека треба да има и посебна тема каде ќе можат да се даваат предлози и да се дискутира за изгледаните документарци со политичка содржина, кои даваат преглед на светската политика (или одредена државна политика).

Читав пред некој ден баш на тематика политички документарци и налетав на:
Овој документарец е 5тиот документарец со најголема заработувачка на сите времиња и заработува 6.2 милиони долари само за првите три дена од кога е пуштен.
Јас додуша се уште го немам гледано, но знам дека предизвика полно дебати и поделени мислења.

Мајкл Мур може да се каже дека ја држи најголемата популарност во однос на политички документарци, највеќе со:
кој воедно е и документарец со најголема заработувачка на сите времиња (120 милиони долари)
и
за кој има добиено и Оскар.

Овие ги споменав чисто како за вовед, да не биде празен воведот, се надевам ќе допринесете за темава и ќе предлагате добри документарци по однос на оваа тематика.

Сакате ли политички документарци? Кои ги имате гледано и кои би ги препорачале, а кои воопшто не ви се допаднале?

И најбитното прашање - колку мислите дека политичките документарци ја прикажуваат вистинската политичка ситуација? Дали се објективни и од нив може да се дознае, или како што би рекле циниците тие се само приказ само на едната страна и дека вистината не може да се дознае преку документарец?

Колку се веродостојни политичките документарци исто е прашање кое би било интересно да се продискутира.

Исто тука би влегле и одредени историски документарци, кои сепак зборуваат за политички одлуки и политички ситуации и околности.
Многу често историските документарци се преклопуваат и влагаат како политички документарци, затоа најдобро би било темава да биде и за едните и за другите.
 
Член од
9 мај 2011
Мислења
278
Поени од реакции
65
Ова е добар документарец да видите како живеат во Сауди Арабија и нивните закони.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.081
Мене најголем впечаток ми има оставено The Death of Yugoslavia. Прв пат пуштен во етер во 1995та, содржи интервјуа од Милошевиќ, Туџман, Стамболиќ, Топурковски и други значајни "актери" од тоа време. Содржи 6 дела: Enter Nationalism, The road to war, Wars of independence, The gates of hell, A safe area и Pax Americana. Ги има на јутјуб ќе закачам еден дел па кој сака може да ги најде таму. Мислам дека имам пишувано во друга тема за документарецов не ми текнува :)

Исто го имам гледано и Sicko и Capitalism, a love story од Michael Moore како и оние Крејзи што ги наведе. Други не ми текнуваат моментално.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Оу да!
Death of Yugoslavia е многу интересен и го препорачувам топло.
Сега, не е совршен, има работи кои не се напоменуваат, но во секој случај одличен документарец.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Еве ова вреди да се погледне,ама кој да го најде и да го пушти.
Телевизиска емисија емитувана на 22 април 1991 година.
-автор новинар Мишо Китановски
тема: Две умирања, четири судбини и едно девојче.
или „ кој и зошто ги уби Стојанчо и Босилка“ (поточно се работи за неразјаснета до крај егзекуција на Ферџо и Захарица во 1943 год.-борци во НОБ,од Крушево,а кој потоа оставаат едно мало болно новороденче,а тоа се случило на денот на формирањето на батаљонот „Мирче Ацев“ на Караорман-Славеј планина.)
---------------
За овој случај (и за други слични)напишав-отворив тема ,Едзекуциите на борци во НОБ но не ми ја прима,или пак ми ја бришат не се сака да ве информирам,ќе пробам вечер пак)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom